Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со Владо Ѓердовски и Кире Бабаноски од Канцеларијата во Скопје на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), како субјект со кој законодавниот дом има стратешко партнерство за проекти за развивање парламентарен и независен надзор и за реформа на безбедносно- разузнавачкиот сектор.
На средбата се разговараше за досега презементите проекти и за степенот за нивна реализација, со акцент на континуираното зајакнување на независноста на Собранието и на неговата надзорна улога во безбедносно-разузнавачката сфера. Соговорниците споделија задоволство за привршувањето на проектот „заштитена соба“, која се очекува наскоро да биде пуштена во употреба, по заокружување на преостанатите процедури за технички прием и акредитација кои се во тек.
Исто така, беше посочена потребата од конституирање на Советот за граѓански надзор, со цел остварување ефективен парламентарен и граѓански надзор врз безбедносно -разузнавачкиот сектор. Беше истакната дека во изминатите години е засилена финансиската и кадровската независност на Собранието, со посочување дека тој процес треба да продолжи и во наредниот период и во другите сфери од функционирањето на законодавната власт.
Четврток, 18 јули 2024