БЕСПЛАТНИ РАНЧИЊА И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА ДЕЧИЊА ОД ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА.
Продолжува нашата грижа за ранливите категории на граѓани.
Заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и ректорот на универзитетот Скопје Аце Миленковски доделивме бесплатни ранчиња и училишен прибор на дечиња од згрижувачки семејства кои посетуваат основно образование.
Општина Гази Баба континуирано ја дава својата поддршка и помош на згрижувачките семејства.
Наше е задоволството како општина што на нашата територија функционира Центарот за поддршка на згрижувачки семејства кој е во рамките на СОС Детското село во Ченто.
Мојата порака до сите оние кои сакаат да станат згрижувачи, но и оние кои се веќе згрижувачи е дека секогаш можете да сметате на поддршката од општина Гази Баба.
Им благодарам на заменик министерот Велковски и ректорот Миленковски за покажаната хуманост и општествена одговорност.