По повод 5ти септември, Меѓународниот ден на донаторството, заедно со Министерот Златко Перински го посетивме СОС Детското село.
На средбата министерот Перински се информираше за функционирањето на СОС Детското село и изрази подготвеност да биде силен поддржувач на организацијата во следниот период.
Од СОС Детското село на средбата посочија дека општина Гази Баба е пример како една локална самоуправа може да делува во зајакнување и унапредување на капацитетите и делувањето на организацијата.
Ме радува иницијативата и заложбата на министерот Перински да помогне да се обезбеди континуитет и одржливост во обезбедувањето на социјалните услуги на локално ниво. Познавајќи го и лично, верувам дека зборовите ќе ги преточи во дела.
Јас пред се како човек, а потоа и како градоначалник и во иднина ќе давам силна поддршка на активностите и проектите кои ги реализира СОС Детското село со цел исполнување на нивното мото дека „Ниедно дете не треба да расте само“.