„Не е доцна, но секако доцнењето имаше реални последици. Веќе со месеци, Украинците се оневозможени да дејствуваат“, рече тој за МСНБЦ.
Столтенберг се пожали дека Русија има многу повеќе муниција, додека Украинците биле принудени рационално да ја користат својата. Тој додаде дека на украинската армија и е се потешко да соборува ракети и беспилотни летала бидејќи и недостига муниција за системи за противвоздушна одбрана.Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои нацрт-закон за воена помош за Украина во вредност од 61 милијарда долари. Предлог-законот сега оди на гласање во Сенатот, а доколку биде усвоен, претседателот Џозеф Бајден ќе го потпише и ќе стане закон.