Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивно интервју за американски „Политико“ истакна дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО.Тој е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев, бидејќи победата на Путин во Украина, исто така, би била катастрофа за Украинците.
Американските медиуми, повикувајќи с ена неименувани извори, пренесуваат дека Пентагон планира да и испрати во Украина нов пакет оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари.Вашингтон од почетокот на војната со Русија, на 24 февруари годинава, во Украина испорача оружје и друга опрема во вредност од речиси 18 милијарди долари.