31.8 C
Скопје
13/06/2024 21:30
МАКТЕЛ

  

     

 

СТОРИЈА НА СДК: ИЗМАМА ВО КИЧЕВО – СЕ БОДАТ СО ВИЛУШКА ЗАРАДИ ОТШТЕТА КАКО КАСНАТИ ОД КУЧЕ, ОПШТИНА КИЧЕВО ГОДИШНО ИСПЛАЌА 115.000 ЕВРА ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ, НО НЕМА ПРИЈАВЕНО ЗЛОУПОТРЕБИ

      

Веруваме на болницата, полицијата и она што го гледаме на слика и сето тоа го потврдува ветеринарен лекар, велат од општинската комисија за обесштетување за каснување од улично куче. (Фото: СДК.МК)
Кичево е рекордер според бројот на регистрирани напади од улични кучиња, според статистиката на СВР Охрид. Само во 2022 имало 258 пријави од нападнати граѓани. Исто толку имало и лани, а за само три месеци од годинава напад од куче пријавиле 64 лица. Се претпоставува дека бројот на нападнати граѓани од кучиња-скитници во Кичево е поголем, оти дел од граѓаните од разни причини не ги пријавиле нападите. Годишно, Општината исплаќа и до 7 милиони денари (околу 115.000 евра) за обесштетување на луѓето што биле каснати од кучињата скитници.

   

Граѓаните кои со медицинска белешка го потврдиле нападот од бездомно куче имаат можност да добијат обесштетување во висина од 25.000 до 40.000 денари, во зависност од видот на каснувањето, бројот на каснувањата, степенот на страв и големината на последиците, како и возраста на повредениот, односно дали се работи за дете до 18 години, возрасно лице или лице над 65 години. За утврдување и определување на висината и исплата на надоместокот на штета надлежна е Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета формирана од градоначалникот.

 

Се посомневавме на два-три случаи, но при проверка на целокупната документација ветеринарниот лекар констатира дека раните наликуваат на угриз од куче, велат од општинската комисија за обесштетување. (Фото: СДК.МК)
Но, има и случаи кога граѓаните во обид да дојдат до средства пријавуваат лажни напади. Се повредуваат со вилушки и други предмети, правејќи рани по телото кои наликуваат на угриз од куче, потврдуваат медицински лица од Итната медицинска служба кои сакаат да останат анонимни.

   

     

„Имаме советници кои се медицински лекари и разговаравме на оваа тема, дали некој може сам да се повреди и да каже дека е каснат од куче. Лекарите велат дека мора да веруваат и да го истретираат човекот кој вели дека е каснат од куче и да му издадат медицинска белешка. Доколку претпостават дека не е каснат и не му ги дадат потребните лекарства, што ако е навистина каснат? Кога ќе дојде кај нас ветеринарниот лекар кој е член на комисијата, на сликата гледа рана, а таму каде што се констатира дека е рана и ги има сите потребни документи, ние го исплаќаме, оти и полицијата и болницата потврдуваат дека тоа се случило. Ние и да го одбиеме, а имало такви случаи, истиот тој продолжува и на суд ќе го добие случајот оти ги има претходно сите документи со кои потврдува дека е каснат“, кажува Емилија Петкоска од Секторот за животна средина во Општина Кичево.

Од полицијата во Кичево велат дека досега не е добиена пријава од правно или физичко лице, за лажна пријава за напад од куче скитник.
„Се посомневавме на два-три случаи, но при проверка на целокупната документација ветеринарниот лекар констатира дека раните наликуваат на угриз од куче. Искрено, има шпекулации дека тоа се случува, но ние работиме со докази, документи и медицински и од полиција, ветеринарниот лекар дава потврда дека лицето е каснато од куче и тука нема место за сомнеж. Веруваме на болницата, полицијата и она што го гледаме на слика и сето тоа го потврдува ветеринарен лекар“, вели член на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Општина Кичево.

ИСТИ АДВОКАТИ И ЛЕКАРИ ПО ПЕТ ПАТИ НА ДЕН ИЗДАВААТ ДОКУМЕНТИ ЗА КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ, РЕЧЕ ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА БОЈКОСКИ
ПОСТОЈАНО ЕДНИ ИСТИ ЛУЃЕ МИСТЕРИОЗНО ПРИЈАВУВААТ КАСНУВАЊА ОД КУЧЕ ВО ВЕЛЕС, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ СОМНЕВА ВО ОРГАНИЗИРАНА ШЕМА ЗА ДОБИВАЊЕ ОТШТЕТА
Бројката на улични кучиња во Кичево е алармантна. Комуналната редарска служба изброи 500 кучиња на територијата на Општината. Проблемот со кучињата скитници во Кичево се провлекува со години.
Граѓаните стравуваат за нивната безбедност оти бројот на кучиња по улиците постојано расте. Велат дека кучињата често се агресивни, најчесто во утринските и вечерните часови.

„Овој проблем е наше секојдневие. Не можеш слободно да се движиш по улици. На работа ме носи сопругот или доколку тој не може викам такси. Никој не реагира, не презема ништо за да се реши ова. Цели глутници се по улиците, ни ти да поминеш ни дете да пуштиш само. Постојано има нови кучиња“, вели повозрасна жена која живее на периферијата на градот.
Општина Кичево за третман на улични кучина од буџетот издвоила 1,2 милиони денари (околу 20.000 евра). Според планот и програмата за решавање на проблемот со зголеменото присуство на бездомните животни, односно за контрола на нивниот број, се врши нивна масовна стерилизација, вакцинација и повторно враќање на територијата од која се заловени.

„Комуналната редарска служба ќе продолжи да врши контрола на терен за спроведување на обврските на граѓаните согласно Одлуката за комунален ред“, велат од Општината.
Комуналната редарска служба изброи 500 кучиња на територијата на Општината. (Фото: СДК.МК)
Петкоска вели дека избраната ветеринарна клиника од минатата година досега третирала околу 300 кучиња кои со маркица се вратени на местото од каде се заловени, но проблем е што бројката на бездомни кучиња постојано расте.

„Ние како Општина се имаме обратено до полицијата оти доаѓаат странки кои пријавуваат дека виделе возила од кои се истовараат кучиња, но досега никој нема донесено фотографија или снимка со што можам да потврдам дека тоа навистина е така. Но состојбата што ја гледаме е навистина апсолутно дека се случува тоа. Кучињата во одредени населби каде се движиме се диви одреден период, значи се адаптираат на одредена ситуација односно се донесени од некое друго место. Значи постојано работиме, а бројката постојано расте. На одредени места каде има неколку третирани кучиња после неколку денови се забележуваат нови без ушна маркица. Не се тоа млади кучиња туку се големи и возрасни, а полицијата до сега нема забележано дека некој врши такво дејствие“, вели Петкоска.

Според неа, единствено решение за проблемот со кучињата скитници во Кичево е изградба на стационар. Одделението за урбанизам веќе изготвило проект, а сега се бара локација, но проблем прават граѓаните оти никој не сака тој да се гради во нивна близина.„Исто како и со депонијата, така и со изградбата на стационар гледаат дека ќе им преставува проблем доколку е во нивна близина. Мислат дека кучињата ќе ги вознемируваат, но тоа не е така. Изградбата на стационар е со одредени стандарди и граѓаните ќе бидат безбедни“, додава Петкоска.
С. ВРЕНЦОВСКА, SDK.MK

    

Најново

(ВИДЕО) БИЗНИСМЕНОТ БЕХАР БАЈРАМИ ОД ФОРИНО, ГОСТИВАР, СЕ ЖАЛИ ДЕКА РЕКЕТАРИ ВЧЕРА МУ ЈА ЗАПАЛИЛЕ ШТАЛАТА, ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ СО МЕСЕЦИ БИЛ МАЛТРЕТИРАН ОД ЛОКАЛНИ БАНДИ КОИ СЕ ЗАШТИТЕНИ ОД СИСТЕМОТ

Sase Ivanovski

Јаневска: Неопходни се реформи во образованието во кои ќе бидат вклучени сите и владата, МОН, родителите, наставниците

Sase Ivanovski

Русија објави снимка од нуклеарни вежби:„Вака ќе изгледа“

Sase Ivanovski

КОСТОВСКИ: Мојата лична надеж за подобро утре е во вербата дека токму владата предводена од господинот Христијан Мицковски ќе отпочне силна борба против организираниот криминал и корупција

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ДРЕКСЛЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСКИ ВО СВЕТОТ, ТОМ БРЕЈДИ: Кога моите другари спиеја на плажа, јас станував во 6 сабајле и на 40 степена трчав во полна опрема со часови

Sase Ivanovski

Пораката на Бајден и Макрон до новата власт на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

СРЕДБА АФРИМ ГАШИ – ВЈОСА ОСМАНИ САДРИУ ВО СОБРАНИЕТО НА РСМ

Sase Ivanovski

Милошоски, Бендевска и Митрески – потпретседатели на Собранието

Sase Ivanovski

Слободен печат: Мицкоски не сака да стане премиер на Задушница, изборот на новата влада следниот викенд

Sase Ivanovski

Тетовец уплатил 1.350 евра за да купи багер, ама го измамиле

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Марко Маковец, заменик директорот во Европската служба за надворешни работи

Sase Ivanovski

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА ГИ ИСКАРА БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, ДОДЕКА ДО НЕА СЕДЕШЕ ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Ветото е спротивно не само на логиката на Европската Унија, туку и на просперитетот на целиот регион. Наместо меѓусебно да се блокираме, ние треба да се однесуваме скандинавски, да соработуваме и да се поддржуваме едни со други

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Типографот Ласко Џуровски креираше дигитален фонт за глаголицата со која се ширела словенската писменост. Глаголица Нова отсега е достапна за секојдневна употреба

Sase Ivanovski

Најмоќните земји во светот постигнаа договор: На Украина ќе ѝ дадат заем од 50 милијарди долари

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: На регионот не му е потребна гола ЕУ-реторика, туку доследна ЕУ-логика, да не се блокираме, туку да соработуваме и поддржуваме

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу

Sase Ivanovski

ЈАНКО БАЧЕВ: Од учеството на тридневната научна конференција во Србија со изложување на трудот насловен како “Меѓународниот кривичен систем на казнување преку призмата на Нирнбершкиот, Токискиот и Хашкиот трибунал за поранешна Југославија

Sase Ivanovski

ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Маж шетал гол по улица и со секира кршел автомобили – во неговата куќа е пронајдено мртво тело на жена

Sase Ivanovski

На факултетот на Рамиз Мерко ќе се образуваат само сестри – не доктори

Sase Ivanovski

Маринакис: Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога не го почитува ерга омнес името

Sase Ivanovski

Курти: Жртвата вредеше, денес Косово е поразвиено од кога било досега

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА РАМИЗ МЕРКО: Бог нека ни е на помош!

Sase Ivanovski

ФОКУС: ДЕЛОВНИОТ ПАРТНЕР НА ТАТКОТО НА АРСОВСКА ГРАДИ БАЛКАНСКА БИЗНИС ИМПЕРИЈА

Sase Ivanovski

Орбан: Срамна е одлуката на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија со 200 милиони евра за нејзината миграциска политика

Sase Ivanovski

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил

Sase Ivanovski

МИ СЕ ГАДИ ОД ЦРНАТА ПРОПАГАНДА ПРОТИВ СИЉАНОВСКА

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ ЗА РАМИЗ МЕРКО: Следната реформа во здравството… Немој да се разболиш!

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РСМ АФРИМ ГАШИ СО АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАЈРАМ БЕГАЈ

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со министерот за надворешни работи на Република Србија, Марко Ѓуриќ

Sase Ivanovski

Средба Џафери-Бегај: Северна Македонија и Албанија се повеќе од само соседски земји

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈА Е НАЈПОВТОРУВАНАТА РЕЧЕНИЦА ВО БИБЛИЈАТА? ДУРИ 365 ПАТИ СЕ ПОВТОРУВА!

Sase Ivanovski

Грчкиот новинар и аналитичар, Сидерис: Прекршувањето на Договорот од Преспа ќе создаде проблеми за европскиот пат на Северна Македонија наместо тензија меѓу Атина и Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бостон направи уште еден чекор кон НБА титулата, „Селтикси“ водат 2:0 против Далас

Sase Ivanovski

Запалена куќата на вујкото осомничен за убиството на 11-годишното девојче во Грција

Sase Ivanovski

ПОЛСКА ВОВЕДУВА БАФЕР ЗОНА НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА, ВО ДЛАБОЧИНА ОД 1 КИЛОМЕТАР НЕ СМЕЕ ДА ИМА НИКОЈ, ОСВЕН ГРАНИЧАРИ И ПОЛИЦИЈА

Sase Ivanovski

ОПАСЕН РАЗДОР СЕ СПРЕМА ВО СДСМ, ЌЕ ГЛЕДАМЕ ЛИ КОМУЊАРСКА ПАНОРАМА?

Sase Ivanovski

Работна група на Министерството за правда ги детектирала слабостите на актуелниот Закон за јавното обвинителство

Sase Ivanovski

Универзитетот на Мерко ќе образува лекари.Министерот кој му е сопартиец, му дал лиценца за медицински факултет

Sase Ivanovski

МАПАС: Членовите со бенефициран стаж до 17 септември да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд

Sase Ivanovski

Средба Османи- Пападопуло Почитувањето на Преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за европската интеграција на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Левица: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис интересите

Sase Ivanovski

Лефков: Преспанскиот договор се однесува на институциите, ги поттикнувам граѓаните да го користат името Македонија

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Денис Беќировиќ, претседавач на Претседателството на БиХ

Sase Ivanovski

Османи: Проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент

Sase Ivanovski

Деспотовски: Функционерите ќе бидат одговорни на луѓето, не на централата во Скопје – воведуваме директен избор

Sase Ivanovski

И покрај топлотниот бран, нема законска можност школската година да заврши порано

Sase Ivanovski

МОН: со поддршка од ЕУ изработивме нов електронски дневник, по тестирањето ќе започне неговата официјална примена

Sase Ivanovski

Герасимовски: Детските реквизитите кои беа искршени од вандали се реконструирани или заменети со нови

Sase Ivanovski

Петровска ја почна камапањата за лидер на СДСМ, го презентира „Манифестот за Социјалдемократија“

Sase Ivanovski

ЛДП: Мерката на Мицкоски за реорганизација на здравството и намалување на бројот на пратеници е уште една од нашите „позајмени” програмски определби

Sase Ivanovski

Миша Поповиќ: Управните и Надзорните одбори досега беа места каде што се „ухлебуваа“ партиски кадри

Sase Ivanovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Скопје, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ

Sase Ivanovski

Почна Министерскиот состанок на ПСЈИЕ Османи: “Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет”

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПОВОЗРАСНА СКОПЈАНКА – жената е хоспитализирана во Еразмо

Sase Ivanovski

Филипче: Секретар за односи со општинските организации – ново тело за подобра внатрепартиска комуникација

Sase Ivanovski

Дерала: Се надевам дека националистичката хистерија нема да продолжи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНКА ИЗБЕГА ОД РУСКА ОКУПАЦИЈА ПРЕКУ УНИШТЕН МОСТ СО ТОА ШТО ГО ПОКАЖА ПАСОШОТ НА ДРОН НА УКРАИНСКАТА АРМИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ НАРКО БОС ИМА МНОГУ ЛОШ ДЕН ДЕНЕСКА: ПОЛИЦИЈАТА ВО ЕЛ САЛВАДОР ЗАПАЛИ 3 ТОНА КОКАИН ВРЕДЕН 70 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

МИТАНОВСКИ: СДСМ Е ВО КОМА, ЗАТОА МУ ТРЕБА ЛЕКАР?!

Sase Ivanovski

ЦУК: Мечка убила и изела овци во гостиварско Равен

Sase Ivanovski

Јанкулоска: Заев треба да размисли да ми се извини, Груевски си замина како што се оди на одмор

Sase Ivanovski

Новата влада во Северна Македонија да ги почитува меѓународните обврски, велат САД и Франција

Sase Ivanovski

ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА Д-Р АЛЕКСАНДАР СИНГЕР ВО МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ

Sase Ivanovski

Невремето предизвика хаос во Србија

Sase Ivanovski

Курти: Ја цениме улогата и поддршката на НАТО за Косово

Sase Ivanovski

Кристијано Роналдо e најдобриот стрелец во историјата на ЕП

Sase Ivanovski

(Видео) Британскиот политичар и водител Најџел Фараж го гаѓаа со камења и влажен цемент

Sase Ivanovski

Од каде што доаѓам срамота е да ти лепат рацете…

Sase Ivanovski

Каков е квалитет на водата во Охридското Езеро?

Sase Ivanovski

Блинкен се сретна со Нетанјаху

Sase Ivanovski

Тензии на границата меѓу двете Кореи: испукани серија истрели

Sase Ivanovski

Се урна руски воен авион, загина целиот екипаж

Sase Ivanovski

ЦУК: Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие

Sase Ivanovski

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час

Sase Ivanovski

Поскапеa лебот на кришки, переците и кифлите

Sase Ivanovski

Руските сили зазедоа две села во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski
Вчитувам....