15.8 C
Скопје
22/09/2023 07:36
МАКТЕЛ

   

    

Стојковски : Долгот кон приватните превозници е наследен, треба да се подмири. ЈСП има нафта ,жалам што некој портали шпекулираа

    

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека долгот кон приватните превозници го наследил кога стапил на функцијата пред шест месеци. Смета дека треба да се подмири, но најпрво да се утврди колкав е реалниот долг откако ќе заврши увидот направен од Финансиската полиција и Управата за јавни приходи.Со моето стапување на функцијата пред шест месеци во ЈСП, имаше долг кон приватните превозници. Во моето тековно работење, сите доспеани фактури што ни беа доставени од приватните превозници, се редовни исплаќани. Се работи за заостанат долг, којшто ние сакавме тековно пополека да го затвориме. Последната уплата е на 8 ноември. Последниот период направивме анализа, што мислам дека е обврска на секој директор кога ќе дојде да направи комплетна функционална и финансиска анализа на работењето на едно претпријатие. Дојдовме до сознанија дека последните пет години приватните превозници не уплаќале, односно не задолжувале никакви карти, а тоа е нивна обврска којашто е договорена односно јасен е член 5 од договорот меѓу ЈСП и приватните превозници, посочува Стојковски.

   

Во интервјуто што подолу е објавено во целост, Стојковски открива и зошто е раскинат договорот со „Макеспрес”. Ги отфрла како шпекулации информациите дека нема нафта за автобусите на ЈСП и тврди дека нема да има зголемување на цената на билетот без оглед на случувањата на глобално ниво со цената на нафтата. Категорично тврдам дека во ЈСП нема недостиг на нафта. Жал ми е што во последниов период има такви шпекулации и невистини по одредени портали и медиуми. Никогаш нема да биде ставено во опасност функционирањето на ЈСП  и опслужувањето на граѓаните во Град Скопје. Би сакал да напоменам дека без оглед на случувањата на глобално ниво со покачување на цената на нафтата, ЈСП не планира да направи корекции, односно покачување на цената на билетот, нагласува Стојковски.Тврди дека автобусите на ЈСП се технички исправни и најавува нови вработувања за возачи поради одлив на кадар по основ на пензионирање.Ветува и дека Скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз. Вели дека работите се ставени во мирување поради актуелната економска и енергетска криза, но дека се прават подготовки за да се реализира ветеното пред граѓаните на главниот град.Интервјуто го пренесуваме во целост:

 

ЈСП и Град Скопје тврдат дека нема долг кон приватните превозници. Од друга страна приватните превозници велат дека немаат средства, ниту можат да работат. Кога била последната исплата на ЈСП и за кој временски период? Со моето стапување на функцијата пред шест месеци во ЈСП, имаше долг кон приватните превозници. Во моето тековно работење, сите доспеани фактури што ни беа доставени од приватните превозници, се редовни исплаќани. Се работи за заостанат долг, којшто ние сакавме тековно пополека да го затвориме. Последната уплата е на 8 ноември. Последниот период направивме анализа, што мислам дека е обврска на секој директор кога ќе дојде да направи комплетна функционална и финансиска анализа на работењето на едно претпријатие. Дојдовме до сознанија дека последните пет години приватните превозници не уплаќале, односно не задолжувале никакви карти, а тоа е нивна обврска којашто е договорена односно јасен е член 5 од договорот меѓу ЈСП и приватните превозници. Искрено жалам зашто тие не постапувале последните години по тој член, што јасно го доведува во прашање финансиското работење на ЈСП и нашите обврски кон нивното исплаќање. За таа цел, побаравме помош од Финансиската полиција и од Управата за јавни приходи, за да можат комплетно да направат анализа на Договорот со којшто сме договорени ЈСП и приватните превозници.

   

     

За долгот кој велите дека е наследен, во кој период е направен?Тоа е тековен долг, нема направено анализа од кога е наследен, сигурно се наталожувал. Со моето доаѓање, долгот којшто го наследив можам да се пофалам дека не е зголемен, во исти рамки е. Притоа морам да напоменам дека без оглед на оваа финансиска тешка состојба, нивните фактури коишто доаѓаа последните шест месеци се со зголемена вредност, бидејќи начинот на пресметка на еден километар зависи од трошоците на нафта. Мора да забележам дека врз одлуката од линиски превоз од Град Скопје се дава ексклузивитет на работењето на приватните превозници.Дали имате информација колкава е сумата на долгот, тие тврдат дека е 90 милиони денари? Истата сума е, 90 милиони денари, како дојдов од прв ден на мојата функција до денес и одговорно тврдам дека последната исплата е направена на 8 ноември. Во тој момент ја добивме и комплетната листа каде што секој треба да си ги почитува своите права и обврски. Нашата обврска дека тоа ќе биде платено, го ветуваме, но сакаме прво да ги видиме нивните обврски коишто требало да ги спроведат, а не ги направиле последните пет години.

Освен тоа, за какви други злоупотреби од приватните превозници станува збор?  Финансиската импликација којашто ја има последниве пет години се појавува кај двата превозника. Можам да го издвојам „Макекспрес” за неисполнување на нивните обврски со квалитет на испорачана услуга. Прекинот на раскинување на тој договор настана бидејќи на неколкупати им беше укажувано дека доколку не го подобрат квалитетот, односно со одлука на Град Скопје, паднат под 80 проценти реализација, нивниот договор ќе биде раскинат. На неколкупати, преговарања и предупредувања, кај нив се појавуваше константно, дури и намалување на квалитетот на испорачаната услуга.За каков квалитет станува збор? Дали е престрога мерката за укинување на договорот? Како би го коментирале ова? Приватните превозници прво склучуваат договорот со Град Скопје, а потоа ние склучуваме договор одвоен со превозниците. Град Скопје го дефинира квалитетот на услугата, а ние ги дефинираме начинот на наплата и начинот на функционирање на тарифниот модел, GPS-от, валидациите, тоа е во домен на ЈСП Скопје. Се работи за сосема два различни договори. Град Скопје го раскинал договорот поради неисполнување на квалитетот односно обврските којшто приватниот превозник треба да ги понуди.

Неофицијално се дознава дека околу 120 автобуси се повлечени од сообраќај поради техничка неисправност. Колку автобуси на ЈСП се неисправни и дали воопшто има неисправни автобуси? Одговорно тврдам дека автобусите во ЈСП Скопје се технички исправни. Ако се појават некои непредвидени ситуации односно дефект на возило во сообраќајот, за него веднаш имаме соодветна замена и за истото возило има соодветно техничко одржување односно поправка.Во однос на лиценците, како функционира тој дел во ЈСП? Лиценците ги издава Одделението за сообраќај во Град Скопје. За автобусите на ЈСП се добиени соодветни лиценци со одлука на линиски превоз од Град Скопје. Сите лиценци, сите дозволи за движење се наоѓаат во возилата.

Тврдите дека сите автобуси ја имаат добиено таа лиценца? Да, ја имааат добиено таа лиценца.Неколку десетина возачи заминуваат во пензија наредните месеци. Се уште не е распишан конкурс за нови вработувања. Што прави ЈСП на овој план?  Во моментов ЈСП располага со 656 возачи. Со моето доаѓање објавивме конкурс односно примивме 50 нови возачи. За наредната година се планира бројката да биде пак 50 возачи. Така што во моментов ЈСП одговорно тврдам дека има доволен број возачи кои ги опслужуваат линиите.Едно прашање околу апликацијата „ЈСП во движење”. Често се случува, времето кое се појавува како време за пристигнување на автобусите да не се поклопува со реалното време. Што се случува со апликацијата? Имаме воведено нова апликација „Мобилна скопска”, понудени се подобри услови, подобри квалитети, збогатена апликација. Апликацијата „ЈСП во движење” беше со графички приказ, а во новата апликација е прикажано времето на доаѓање, следењето, односно со GPS за колку време ќе пристигне на соодветната станица, следејќи ги метежот, проблемите коишто го има автобусот во движење за да стигне до одреденото место. Значи, на секоја минута се ажурира времето додека автобусот стигне до автобуската станица.

Многу граѓани се жалат дека последниве недели автобусите не се придружуваат до возниот ред. Доцнат или воопшто ги нема на линијата во утврденото време. Што е проблемот? ЈСП во моментов вози по комбиниран делничен ред. Значи шпицевите се покриени според стариот возен ред, односно делничниот. Правиме снимање, ажурирање на комплетниот сообраќаен систем, со цел да воведеме нов возен ред. Во моментов се прави валидирање на граѓаните во автобусот. Затоа апелирам, луѓето кои користат бесплатни билети да се валидираат во системот за да можеме да ја добиеме  фактичката состојба во кое време и на кое место да го зголемиме сообраќајот, а на кое место можеме тоа да го намалиме.Дали има забелешки на односот на контролорите во автобусите на ЈСП? Дали тие мора да се придржуваат до некој правилник или упатства?  Во ЈСП Скопје се вработени приближно стотина контроли на линиска контрола кои прават проверка на валидирање, односно дали граѓаните коишто го користат јавниот превоз поседуваат соодветен билет. Јасно е дека ЈСП како организација има воведено протоколи, прописи и процедури како треба да се однесуваат вработените. И во секој момент доколку има забелешка од некој патник за непримерно однесување на линискиот контролор, може да достави барање, односно известување или изјава во Јавното сообраќајно претпријатие, а потоа внатрешната контрола ќе ги преземе соодветните постапки за тоа дали лицето постапувало или не постапувало по обвинувањата што ги имаме од граѓаните.

Во повеќето автобуси не можат да се купат билети. Дали планирате да направите нешто околу ова прашање? Во автобусите на ЈСП може да се купи еднодневен билет. Исто така, ЈСП располага со над 20 билетари распределени низ целото градско подрачје. Граѓаните можат да купат билет и во малопродажните центри. Оваа мрежа секојдневно се проширува и во моментов се околу стотина малопродажни места каде што граѓаните можат да си го остварат правото на дополнување или купување на билет. Во моментов, ЈСП не располага со билетот за една употреба. Во последниве три месеци имавме обиди односно објавување тендер за нивна набавка, но цената која што ни беше понудена беше нерентабилна.Дали скопјани ќе добијат бесплатен градски превоз?  Да, скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз. Ние изминатиот период почнавме со фазни продготовки, односно сакавме бесплатниот јавен превоз да го воведуваме во фази, но поради економската криза којашто во моментов се случува на светско и на глобално ниво, тоа го оставивме во мирување, но тоа не значи дека не ги правиме подготовките за да се реализира ветеното.Имаше информации дека дел од автобусите не се пуштени во сообраќај поради тоа што нема нафта. Ваш коментар? Категорично тврдам дека во ЈСП нема недостиг на нафта. Жал ми е што во последниов период има такви шпекулации и невистини по одредени портали и медиуми. Никогаш нема да биде ставено во опасност функционирањето на ЈСП  и опслужувањето на граѓаните во Град Скопје. Би сакал да напоменам дека без оглед на случувањата на глобално ниво со покачување на цената на нафтата, ЈСП не планира да направи корекции, односно покачување на цената на билетот.

    

Најново

За да го блокира погледот на брат си кон морето, ја изградил најтенката зграда на светот

Sase Ivanovski

ВАШИНГТОН ЌЕ ГО ДОЧЕКА ЗЕЛЕНСКИ СО 24 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОМОШ? Конгресот ќе одлучува откако ќе го чуе неговиот говор

Sase Ivanovski

СЕ ВРАТИ КОРОНАТА СО ПОИНАКВА КЛИНИЧКА СЛИКА Заборавете на старите симптоми, сега преовладуваат нови

Sase Ivanovski

ЗАЈКОВА: Денеска, остварив средба со делегација од Комисијата за европски прашања на данскиот парламент во македонскиот парламент

Sase Ivanovski

Со проектот „Енергетски ефикасен регион“, општината Радовиш ќе обезбеди заштеди во потрошувачката на електрична енергија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕЛИТА: БИВШИОТ СОПРУГ МЕ ИЗНЕВЕРУВАШЕ, ЕДНАШ ГО ФАТИВ НА ДЕЛО И ГО НАТЕПАВ И НЕГО И НЕГОВАТА ЉУБОВНИЦА!

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ БИ БИЛ НАЈСРЕЌЕН АКО МЕ УДРИ ТРАМВАЈ ВО БУДИМПЕШТА Груевски бара видео врска да се обрати на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АНАЛИТИЧАР: Tрупите на Зеленски, со мала или без воздушна моќ и недостиг на артилериска муниција, би можеле да претрпат огромни загуби и да добијат малку

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студиска програма за СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ на АУЕ – ФОН! Со над 200 дипломци, специјалисти и магистри со 100% национална и интернационална кариера!

Sase Ivanovski

Бела куќа: САД засега нема да и испорачаат ракети со долг домет ATACMS на Украина со кои може да се гаѓа Москва

Sase Ivanovski

Во Бугарија протест против НАТО, се бара смена на владата

Sase Ivanovski

„КОЈ Е СЕГА НЕОНАЦИСТ?“ Средбата на Зеленски со рабините ги разбуди искрите на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Просечната нето-плата во јули се искачила на 36.286 денари

Sase Ivanovski

Ердоган со критика за Западот: Русија не може да се игнорира во договорот за жито!

Sase Ivanovski

Француската полиција уапси француска новинарка поради нејзината приказна од 2021 година во која се тврди дека Египет користел француско разузнавање за цел и убивање цивили

Sase Ivanovski

СДСМ: Го штитиме стандардот, поевтини над 500 прехранбени производи

Sase Ivanovski

СЕГА МИ Е ЈАСНО Е ДЕКА ВОДАТ ОДНАПРЕД ПОДГОТВЕНА КАМПАЊА ПРОТИВ МЕНЕ Груевски за последните изјави на Мицкоски

Sase Ivanovski

БОЛНИЦАТА ВО КУМАНОВО ИМА НОВА ДИРЕКТОРКА Биљана Ивановска ветува квалитетна здравствена грижа за пациентите

Sase Ivanovski

Груевски: Ако вечерва на седница на ЦК зборувате за мене, дозволете ми да се вклучам на видео врска

Sase Ivanovski

Србија ќе бара свикување седница на СБ на ОН поради ситуацијата на Косово

Sase Ivanovski

СОПРУГАТА НА ЃОКОВИЌ ВЕЧЕРВА Е ВО СКОПЈЕ Во Сити Мол ја промовира „Фондацијата Новак”

Sase Ivanovski

СИТЕ ШТО ИЗВРШИЈА АГРЕСИЈА ВРЗ СРБИЈА ЗБОРУВААТ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА УКРАИНА Вучиќ вели дека секое насилство е исто

Sase Ivanovski

По Скопје, и официјална Софија го протера рускиот свештеник Васијан

Sase Ivanovski

Германија не ја поддржува иницијативата на Зеленски за одземање на правото на вето на Русија во Советот за безбедност на ОН

Sase Ivanovski

Стефковски: Давам целосна и безрезервна поддршка на претседателот Мицкоски се до конечната победа на парламентарни избори

Sase Ivanovski

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била пообединета како денес

Sase Ivanovski

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ е евроатлантско ориентирана, но тоа не значи дека не треба да се заштитат националните интереси

Sase Ivanovski

Аналитичарот Арсовски: На долг рок ќе има борба за превласт во ВМРО-ДПМНЕ!

Sase Ivanovski

Стојаноска до Каевски: СДС е единствена партија, која што наместо на избори, премиер избрала во штаб, на партиски состанок

Sase Ivanovski

Гир со сериозни критики: Промените во Кривичниот законик можат да доведат до зголемување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Десет милиони евра поддршка од ЕУ за Македонија за владеење на правото

Sase Ivanovski

RISE повик за апликации: поддршка за младите и социјалното претприемништво

Sase Ivanovski

Во Дојран министерот Бочварски и директорот Закоњшек ја промовираа „Европска недела на мобилност“

Sase Ivanovski

Милошоски: Во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена, а законот за амнестија ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи

Sase Ivanovski

Русија: Ги евакуиравме Ерменците од Нагорно-Карабах

Sase Ivanovski

60 санкционирани возачи на територијата на СВР Битола

Sase Ivanovski

Саудиска Арабија: Ако Иран набави нуклеарно оружје, мораме и ние

Sase Ivanovski

Приведен 18-годишник од Скопје кој прегази малолетничка со украдено возило па избега, осомничен е за повеќе кривични дела

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на средба со Џасвиндер Каира управен директор во групацијата „Блекстоун”

Sase Ivanovski

Американските затвореници ослободени од Иран слетаа во САД по договорот за размена

Sase Ivanovski

КРЕМЉ И КИЕВ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ВО АФРИКА Новиот „Пригожин“ е назначен, а Украинците стојат зад напад во Судан?

Sase Ivanovski

Стефковски: Ниту една закана нема да ме заплаши, јас компромис со закон нема да правам

Sase Ivanovski

Ковачевски – Олчак: Филип Морис ги зголемува инвестициите во Тутунски комбинат Прилеп, пласман на македонското производство во странство

Sase Ivanovski

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, продолжуваме обединето и кохезивно!

Sase Ivanovski

Каевски: За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИРМАТА НА ЗЕТОТ ЗА ЌЕРКА НА АЛИ АХМЕТИ СВРТЕЛА 12 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВАТА ГОДИНА ОТКАКО БИЛА ФОРМИРАНА

Sase Ivanovski

Хил за апсењето Срби во Косово: Ќе оставам на другите да заклучат зошто баш сега

Sase Ivanovski

ЦУК: Изгаснати 18 пожари на отворено

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДВЕТЕ ДИВОГРАДБИ НА ПЛАСТИЧАРСКА НАМЕСТО ДА БИДАТ СРУШЕНИ, СЕ ПРИКЛУЧИЈА НА СТРУЈА?!

Sase Ivanovski

Османи: Воената агресија на Русија влијае на севкупната функционалност на ОБСЕ

Sase Ivanovski

Груевски: Марјан Ѓорчев еднаш не ми се јави да ме праша како сум, a Милошоски пред секој нов лидер на партија го напаѓа претходниот

Sase Ivanovski

Петре Шилегов: Ја нема таа политичка цена која СДСМ може да ја прифати за Груевски да биде наш коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Шилегов: Жал ми е што не можам да најдам добри зборови за актуелнава градска администрација

Sase Ivanovski

ОЈО бара притвор за скопјанец кој со украдено возило прегазил пешак и избегал

Sase Ivanovski

Османи: Обезбедување практична помош за Украина се додека е потребна

Sase Ivanovski

Студентите да ги подигнат наменските картички за субвенциониран оброк, повика Шаќири

Sase Ivanovski

РУСКИ ДРОН УНИШТИ ТЕЛЕВИЗИСКО ВОЗИЛО ВО ЗАПАРОЖЈЕ Новинарите биле дојдени од Шведска и снимале прилог за украинската контраофанзива

Sase Ivanovski

Жестоки протести во Ереван, демонстрантите го обвинуваат премиерот за договорот со Азербејџан во Нагорно-Карабах

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција го поддржува Азербејџан во неговите чекори „да го зачува територијалниот интегритет“

Sase Ivanovski

НОВИ ОБВИНУВАЊА ПРОТИВ РАСЕЛ БРЕНД Демнел манекенка по улици, сакал секс со неа

Sase Ivanovski

Дарманен: Франција нема да прифаќа мигранти од италијанскиот остров Лампедуза

Sase Ivanovski

Едногодишно момче починало во градинка во Њујорк: под душекот на кој спиело била пронајдена опасна дрога

Sase Ivanovski

ЕУ денес предлага да се укине ветото во проширувањето

Sase Ivanovski

БОРБИТЕ СТИВНАА Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах

Sase Ivanovski

МРТОВ ЛИ Е, СЕ ЛЕЧИ ИЛИ САМО СЕ ШЕТА? Гласините за здравјето на Кадиров се сѐ погласни

Sase Ivanovski

Кривична против прилепчанец, измамил жена од Скопје за 23.000 евра

Sase Ivanovski

АКО МИСЛИТЕ ДЕКА ИМА РАСКОЛ, АЈДЕ НА ИЗБОРИ Мицкоски тврди дека во ВМРО-ДПМНЕ постои кохезија како никогаш досега

Sase Ivanovski

Собранието изгласа: ќе се формира анкетна комисија за случајот на Онкологија

Sase Ivanovski

И ХРВАТСКА НЕМА ДА КУПУВА УКРАИНСКО ЖИТО „Тоа е за нашите земјоделци да немаат проблем“

Sase Ivanovski

Двајца кинези се степале во Скопје

Sase Ivanovski

Некој сакал да го удри градоначалникот на Гази Баба со автомобил напаѓачот е приведен

Sase Ivanovski

Маричиќ на средба со Ескобар: САД дејствуваат за напредок на регионот на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Илјадници грчки државни службеници штрајкуваат поради измените на законот за работни односи

Sase Ivanovski

ЈА ПРИЗНАЛ ВИНАТА И ДОБИ 2 ГОДИНИ ЗАТВОР ЕДЕН ОД 14-ТЕ ВЕЛЕШАНИ ОБВИНЕТИ ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА 15-ГОДИШНО ДЕТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ГРУЕВСКИ: АКО ОДРАБОТИШ ЗА СДСМ, НЕМА ДА МОЖЕШ НА УЛИЦА ДА ИЗЛЕЗЕШ?!?!

Sase Ivanovski

Украина одбива оружје од Германија – 10 „Леопард“ тенкови не добија дозвола

Sase Ivanovski

Млада лавица оставена покрај пат во Србија, лавовите во Македонија две години не можат да се најдат!

Sase Ivanovski

Јавните претпријатија со потпис се обврзаа дека ќе се борат против корупцијата

Sase Ivanovski

Дури 90 отсто од куќните помошнички во Германија работат на црно

Sase Ivanovski

Јотова: Историјата ни е заедничка – таа може единствено да обединува, а не да разделува

Sase Ivanovski
Вчитувам....