Да се биде чувар на традициите, фолклорот и обичаите повеќе од седум децении претставува света мисија и значајна обврска.Како во однос на минатото, така и кон идните генерации.
Покрај предизвиците низ годините, останале доследни на културните вредности, на силната промоција на македонската култура и држава воопшто, која е изградена на темелите на храброста и пожртвуваноста на борците во народно-ослободителната борба.
Уверена сум дека актуелната кампања „Биди кул, стани играорец“ ќе поттикне интерес кај младите луѓе за фолклорот, за негување, но и за збогатување на репертоарот на друштвото.
Министерството за култура ги препознава квалитетите на ентузијастите од Друштвото „Браќа Гиноски“ и ги вреднува преку својата Годишна програма.