Стрип центарот на Македонија од Велес го завршува имплементирањето на циклус од пет изложби, како дел од грантот „Сè што кажуваме е да и дадеме шанса на инклузијата“. Овој грант е дел од вториот повик отворен за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Завршната изложба се организираше денеска во просториите на Европската куќа во Скопје.
На изложбите ќе се изложат најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема. На конкурсот учествувале 263 млади автори и цртачи од различни етнички и географски средини. Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествувале на неколкудневна стрип работилница во село Нежилово, велешко каде што ги усовршиле и доработиле своите стрип дела.