📎Со истражувањето, во кое беа вклучени 1176 студенти се нотира потребата и важноста од мапирање на предизвиците со кои се соочуваат студентите, а кои се поврзани и произлегуваат од самата природа и карактерот на студентскиот стандард во државата, како и да се документираат перцепцијата, искуствата и ставовите на студентите;
🏢Главен предмет на истражувањето беше студентскиот стандард односно условите за домување и прехрана во и надвор од студентските домови, соодносот помеѓу трошоците на студирањето и студентскиот живот и приходите на студентите, односот на Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт кон студентите и нивното задоволство од мерките за унапредување на студентскиот стандард, како и анализа на правната и политичката рамка за студентскиот стандард;
📌По презентирање на резулататите од истражувањето, денеска се одржа и трибина на тема „Студентскиот стандард во Република Северна Македонија“, на која учествуваa раководителот на секторот за високо образование при Министерството за образование и наука, г-дин Ахмет Ќазими, директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Наумче Мојсоски, директорот на Државните студентски домови, г-дин Виктор Велевски, како и претставници на невладини студентски организации;
👥Учесниците на дебатата беа согласни дека оценката од 4.5 е навистина мала и дека треба да се работи на подобрување на студентскиот стандард, при што се потенцираше и важноста за зголемување на буџетот од државата за студентите, средства кои ќе се насочат за реновирање на студентските домови и во насока на обезбедување на квалитетни услови за престој и живеење во државните студентски домови низ целата држава;
🔑На крајот од трибината, а како препорака од истражувањето се заклучи дека треба да се посвети поголемо внимание на прашањата поврзани со студентскиот стандард, да се има поголем слух за студенските потреби преку потранспарантен однос на институциите компетентни за креирање на политики, како и поголема и поактивна соработка на МОН, АМС, универзитетите и факултетите со студентите и студентските тела.
➡️ Повеќе информации и целосното истражување може да се најдат на следниот линк https://bit.ly/3RucmkO