9.8 C
Скопје
10/02/2025 13:30
МАКТЕЛ

СУБВЕНЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ КОИ ЌЕ ПОСЕТУВААТ ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на горенаведените субвенции.
Оттука, секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, заедно со неговите родители, минимум 3 години до денот на поднесување на барањето. Притоа, според принципот „прв дојден – прв услужен“ ќе се субвенционираат млади лица кои се родени во 2007 година, односно кои во 2025 година ќе наполнат 18 години. Согласно утврдените правила, висината на субвенции е определена според следниве критериуми:
 Двајца родители со вкупен приход до 80.000,00 денари, добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
 Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари, добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
 Двајца родители со вкупен приход од 100.001 до 120.000 денари, добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
 Двајца родители со вкупен приход од над 120.001 денари, добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
Локалната самоуправа напоменува дека во предвид ќе се земат само оние лица кои уплатиле за посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиена Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општина Карпош бр.11-140/8, произлезен од Јавен повик со Одлука бр.11-140/6 од 24.01.2025 година. Уплатата треба да биде според минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.
Во претходниот Јавен повик беа избрани следниве авто школи:
 Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје
 Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје – АМСМ
 Друштво за туризам, транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје
 Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје
 Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје
Во овој случај, ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик.
Приложувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази од кои во првата, странките ќе треба да достават Барање за издавање Потврда за исполнување на критериуми, (кое се подигнува во архива на ул. Радика бр.9 барака 2 или на веб страната на општината – по електронски пат), заедно со Изјава за согласност за обработка на лични податоци. Покрај оваа документација, заинтересираните ќе треба да достават и копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање, како и копија од лична карта на двајцата родители, како доказ дека тие живеат минимум 3 години во општина Карпош.
Во втората фаза од процесот на доставување на потребната документација, потенцијалните корисници на субвенции ќе треба да достават Барање за субвенционирање за поврат на одреден износ на уплатени средства од вкупниот износ за обука за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериумите). Исто така, во втората фаза ќе треба да се достават следниве документи:
 Потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
Карпош,
 Оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и практична обука во автошколата,
 Потврда за остварени приходи добиена од работодавачот за последните три месеци. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето од двајцата родители
 За невработени лица – Потврда од Агенција за вработување дека родителот е евидентиран како лице кое бара работа – активен барател на работа или листа од ПИОМ дека родителот е невработено лице. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето за исполнување на критериуми и
 Копија од трансакциска сметка.
Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош (ул. Радика бр.9, барака 2). По поднесувањето на документите, подносителите ќе бидат известени во писмена форма. Општината ги информира граѓаните дека Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а правото на субвенција е еднократно. За сите дополнителни информации, лицата можат да се обратат во Секторот за развој, на контакт телефоните кај овластените лица:
Никола Димовски 076/299-175 и Драгана Божиновска 070/410-627.

Најново

(Фото) СДСМ: ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши иладници евра за лајкови, 60.000 евра потрошил само тој досега

Sase Ivanovski

Гаши: Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово

Sase Ivanovski

Методистите се протестанти кои не пијат не се коцкаат и помагаат на сиромаштите, први ги прифатиле црниците по укинување на посочението робови

Sase Ivanovski

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО: ТРИЧЛЕНО ИЛИ ЧЕТИРИЧЛЕНО? ЗАКЛУЧЕТЕ САМИ!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека елитата на СДС се богатеше, над пола милион граѓани донесоа на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден

Sase Ivanovski

Битиќи за ‘Рацин’: Ако власта го спроведе Законот за нефер трговски практики, цените ќе се намалат за 30%

Sase Ivanovski

Само 4 килограми ураниум се потребни за напојување на нуклеарни подморници 30 години без полнење гориво. Реакторите што се користат се базираат на високо збогатен ураниум (HEU), кој содржи 90% или повеќе ураниум-235

Sase Ivanovski

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Крешник Бектеши: ВЛАДАТА ПОДДРЖУВА БОЈКОТ – ДАЛИ ТОА Е ПОГРЕШЕН ПОТЕГ?

Sase Ivanovski

Дронот Nuuva V300, нов револуционерен начин за транспорт на добра.

Sase Ivanovski

ЗОВИЌ МОСТ – СИМБОЛ НА МАРИОВО

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори

Sase Ivanovski

Голема полициска акција во Чашка !

Sase Ivanovski

Песков за разговорот на Трамп и Путин:„Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам“

Sase Ivanovski

Вучиќ ги повика Србите во Косово и Метохија да излезат и да гласаат за Српската листа

Sase Ivanovski

Парламентарни избори во Косово, српската заедница се обидува да се врати во институциите

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на дрога во Скопје: купувал хероин и марихуана, ги препакувал и ги продавал

Sase Ivanovski

Нивото на заштита на Вучиќ подигнато на највисоко можно ниво по вчерашниот инцидент

Sase Ivanovski

Трамп: Зборував со Путин, тој сака луѓето да престанат да умираат

Sase Ivanovski

Гулабоски: Манастирот Трескавец не доби водовод поради голема кражба

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот

Sase Ivanovski

Протести во Англија: „Не“ за кинеската мега-амбасада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно

Sase Ivanovski

Саркози планира да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права

Sase Ivanovski

Ако помине интерпелацијата, доблесно е членовите на Судскиот совет да се повлечат, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Адвокатот го брани клиентот, никако делото

Sase Ivanovski

Вооружен маж се забарикадирал во работилница во Грција и се заканува со граната, претходно убил две лица

Sase Ivanovski

Бриселски „Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Sase Ivanovski

Почнува судењето против Фадил Зејнелов кој ја уби 29-годишната штипјанка Емилија Пешева

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Sase Ivanovski

Си Џинпинг ја прифати поканата на Русија да присуствува на комеморацијата за Денот на победата

Sase Ivanovski

Зеленски ја потврди новата украинска офанзива во руската област Курск

Sase Ivanovski

Клековски: Рекорден буџет за подобро јавно здравство

Sase Ivanovski

Не се Алпите, нашата прекрасна Шап Планина е!

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

Sase Ivanovski

Откријте го Јанче во Македонија

Sase Ivanovski

К О Н К У Р С за запишување на кандидати на Педагошко-психолошка и методска подготовка на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Sase Ivanovski

Ново објавена снимка Ова е Марс! 140 милиони милји подалеку

Sase Ivanovski

Израелската армија ја проширува операцијата на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Интервју со Роберт Вељановски, директор на Драмски театар: Заврши времето кога театрите беа повластениот медиум

Sase Ivanovski

Легендарниот Ромарио во врска со 38 години помлада девојка

Sase Ivanovski

„Да не беше војната, Југославија ќе го освоеше Светското првенство“

Sase Ivanovski

Тажна вест: Почина ирски боксер кој минатата недела се бореше за титула

Sase Ivanovski

УЕФА размислува да воведе уште една голема промена во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Многу квалитетни фалсификувани левови и евра откриени во Бугарија

Sase Ivanovski

17 умствени трикови за решавање на животни ситуации и проблеми

Sase Ivanovski

Остров во Панама е прва жртва на глобалното затоплување

Sase Ivanovski

Кралот Чарлс обожава мартини

Sase Ivanovski

Македонската ракија во Австралија

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК ЌЕ ОТКРИЕ ЗЛОУПОТРЕБИ НА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ПЕНТАГОН Трамп најави ригорозни проверки во многу институции на САД

Sase Ivanovski

ХЕЛИКОПТЕР СЕ УРНА ВО ГЕРМАНИЈА Загинаа двајцата пилоти, не се знае причината за несреќата

Sase Ivanovski

ДОНЧИЌ ИСФРЛЕН ОД ДАЛАС ПОРАДИ КОЦКАЊЕ И КАЗИНА? Дали транферот на Словенецот во Лејкерс нема врска со тежината и другите шпекулации?

Sase Ivanovski

ЈОКИЌ И ДОНЧИЌ СЕ ПРЕДЕБЕЛИ ЗА НБА Научниците утврдиле дека се „класични татковци“, па поради тоа доминираат на терените

Sase Ivanovski

Од 9 јануари 2012 една улица во Прага го носи името „Македонска“

Sase Ivanovski

Претрес во велешко, пронајдено оружје и муниција, приведени две лица

Sase Ivanovski

Гопеш, прекрасно планинско село на надморска височина од 1.140 метри, се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола

Sase Ivanovski

Во центарот на Скопје почна да се гради најголемата џамија на Балканот

Sase Ivanovski

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Даниела Колева: Нашата борба е борба за секоја жена

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Фросина Кулакова и жртвите на пешачки премини и судските лавиринти

Sase Ivanovski

Сијарто: И Уангарија го преиспитува своето учество во Meѓународниот кривичен суд

Sase Ivanovski

Казни од 9000 евра за три струмички компании за загадување на животната средина

Sase Ivanovski

Орбан со остри критики кон ЕУ: Бриселските бирократи ја уништија Европа

Sase Ivanovski

Зошто да се почне баш од Васо: Затоа што ете, до тука било!

Sase Ivanovski

Тошковски: Потребни се сериозни системски реформи за да обезбедиме брза, ефикасна и координирана реакција во секоја кризна ситуација

Sase Ivanovski

„РАСИЗМОТ И ОМРАЗАТА НЕ СЕ АЛТЕРНАТИВА“ Повеќе од 200.000 луѓе на улиците во Минхен, против екстремната десница

Sase Ivanovski

Драма во авион: патник извадил пиштол и среде лет се заканувал дека ќе ги убие сите

Sase Ivanovski

(Видео) Повеќе од 30 луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико

Sase Ivanovski

Британскиот министер за здравство разрешен поради непримерни коментари на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста

Sase Ivanovski

Адвокатурата, родителите, јавноста, нападите, вистината и правдата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени стотина луѓе

Sase Ivanovski

Ахмети вели во Косово треба да победат опозициските сили!

Sase Ivanovski

Во Албанија е откриено најголемото подземно термално езеро во светот

Sase Ivanovski

Николоски: Ќе се гради и патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга

Sase Ivanovski

Вучиќ со коментар за инцидентот со автомобилот во кој се возеше

Sase Ivanovski

На Табановце уапсен Германец, кој се обидел во државата да внесе дрога, солзавци, ножеви…

Sase Ivanovski

Скопјанец, сред ноќ, грабнал познаник за долг од 20.000 денари

Sase Ivanovski

Запленети над 2.400 фалсификувани текстилни производи и обувки во Куманово

Sase Ivanovski

Муцунски: Чест и задоволство да го следам првиот натпревар од сезоната на ФК Престон Лајонс

Sase Ivanovski

Први редовни парламентарни избори од независноста на Косово

Sase Ivanovski
Вчитувам....