10.8 C
Скопје
03/12/2024 16:35
МАКТЕЛ

 

Судот не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи

     

Почитувани, Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија  и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната

 

согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.

  

Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија е спротивен на Уставот.  Имено се ценеше членот 3 кој гласи:„Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година“ 

Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од  овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година.Следствено на ова доколку граѓаните не побарале и не ги замениле патните исправи со нови,  нивните патни исправи со старото име на државата (Република Македонија) на 12.02.2024 престанаа да важат.

Меѓутоа граѓаните имаат  законско право да побараат и да добијат нови патни исправи и по овој датум. Судот оцени дека членот 3 со кој се наметнува обврската за промена на патните исправи со ново име на државата(Република Северна Македонија) не е во спротивност со Уставот.

Впрочем, оваа одредба е во согласност со членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII  до XXXVI во кој е предвидено дека постоечките официјални документи и материјалите на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од 5 години од неговото влегување во сила.

Членот 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија каде е предвидено дека одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од влегување во сила на овој Закон. Во членот 6 од истиот Закон стои дека Уставниот закон за спроведување на Амандманите  на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани  а тоа е 12.02.2019 година.

Ценејќи ги сите наведени околности и факти, Судот утврди дека се неосновани наводите во иницијативата дека овој член е неуставен, бидејќи со носењето на овој Закон всушност се врши усогласување со Амандманот XXXIII од Уставот од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија”, со патни исправи со новото уставно име на државата. 

Ова е предвидено со цел да се запази рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно 5 години откако уставните промени стапиле во сила.  Дополнително, Амандманите на Уставот претставуваат имплементација на ратификуван меѓународен договор (во конкретниот случај т.н. Преспански договор)  кој е составен дел од внатрешниот поредок и согласно со членот 118 од Уставот  не може да се менува со закон. 

Имајќи предвид дека Конечната спогодба (т.н.Преспанскиот договор)  влегува во сила на 12 февруари 2019 година и дека Амандманите XXXIII до XXXVI и Уставниот закон за спроведување на овие амандмани влегуваат, исто така, на ден 12 февруари 2019 година, произлегува дека рокот од 5 години за усогласување на документите и материјалите истекува на 12 февруари 2024 година. Токму овој рок е наведен и во членот 3 кој е оспорен во иницијативата.  

Кога станува збор за начинот на кој е спроведена замената на старите со нови патни исправи, Уставниот суд нема надлежност да одлучува. Временскиот период во кој граѓаните можеле да ги заменат своите постојни патни исправи за да имаат валидни исправи е  периодот од 01 јули 2021 година кога е издадена првата патна исправа со новото име на државата до 12 февруари 2024 година, што значи дека граѓаните имале две години и седум месеци за менување на своите патни исправи. 

Уставниот суд не може да цени дали граѓаните биле доволно информирани и во какви услови се одвивал тој процес на барање за нови патни исправи. Исто така прашањето за датумот на постојните патни исправи и евентуално поместување и одредување на нов датум не е во надлежност на Судот. 

Согласно правната анализа и фактите кои се изнесени во рамки на водењето на постапката, произлегува дека Собранието постапило согласно уставните овластувања, Уставниот закон и преземената меѓународна обврска.  Во однос на ограничувањето на слободата на движењето, Судот цени дека барањето за поседување на патни исправи за патување не значи и ограничување на слободата на движењето.

Доколку на некој граѓанин му било оневозможено поради немање на валидна патна исправа да ја напушти земјата или да го оствари своето право на работа во странство по 12.02.2024 година, за ова има можност да води постапка пред редовните судови, бидејќи таква постапка не е во надлежност на  Уставниот суд. 

Со оспорениот член 3, исто така, Судот цени дека не се доведуваат во нееднаква положба граѓаните на нашата држава, за сите граѓани постои иста обврска патните исправи да се променат до одреден датум согласно со Меѓународниот договор ратификуван од Собранието и имплементиран во Уставот со Амандманите XXXIII до XXXVI. 

За наводите од иницијативата за постапување спротивно на член 11 став 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд оцени дека во практичната примена на оспорениот член 3 постоеле потешкотии за дел од граѓаните како што се гужви, чекање редови, неповолни временски прилики итн,  тоа се околности и состојби кои се јавиле поради несоодветна имплементација која била отежната и со Ковид кризата и поради фактот што несоодветно е искористен рокот од две години и седум месеци за замена на патните исправи.

Судот цени дека  ваквите околности и непријатни состојби за граѓаните, можат да бидат предмет на други облици на заштита и одговорност пред други надлежни органи, но не и пред Уставниот суд. 

Во делот на иницијативата со кој се бара преиспитување на оспорените одредби како спротивни на членот 7 од Декларацијата за човекови права, Повелбата на ООН, членот 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи, Уставниот суд ја отфрла иницијативата бидејќи нема надлежност да оценува меѓусебна согласност на закон со закон или пак на закон со меѓународен акт. 

Судијата-известител на овој предмет при своето излагање на денешната седница напомена дека рефератот за предметот од советникот го добил на 11.04.2024 година, период во кој се прибирани мислењата од Собранието и МВР и е направена анализата, а го предал предметот како завршен на 27.05.2024. Следниот ден на 28.05.2024 година е одржана последната седница од мандатот на тогашната претседателка Добрила Кацарска, чијшто дневен ред е веќе закажан една недела претходно.

Следните денови почна постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. По започнувањето на мандатот на претседателот д-р Дарко Костадиновски, динамиката на подготовка на дневните редови за седниците е утврдена согласно бројот на предмети кои се доставуваат тековно или веќе биле доставени, по чијшто редослед е утврдена и денешната седница. 

 

Најново

ВО СРБИЈА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО Вучиќ ја спореди Шарената револуција со настаните во Грузија

Sase Ivanovski

УЧЕНИК ОД ТЕТОВО ПАДНАЛ НА УЧИЛИШТЕ Со тешки повреди е однесен во болница

Sase Ivanovski

ЗАКОРУЖИ СМЕТКА И ДОНИРАЈ ЗА ДЕТСКО СЕЛО Традиционална донаторска акција во „Веро“

Sase Ivanovski

ЗАГЛАВЕНИ СЕМЕЈСТВА, БРЕМЕНА ЖЕНА И ЛИЦА СО ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ Драматични спасувачки акции поради снегот

Sase Ivanovski

ВАЖНО Е КОЈ СТОИ ЗАД НАПАДОТ НА ИБАР-ЛЕПЕНЕЦ, А НЕ КОЈ Е СТОРИТЕЛОТ Вучиќ негира дека Србија е поврзана со експлозијата во каналот

Sase Ivanovski

ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО Израел изврши серија смртоносни напади врз Либан

Sase Ivanovski

Најмладиот хулиган: 6-годишно дете доби забрана за влез на стадион во Франција

Sase Ivanovski

Семејна винарија Стојков: Вино произведено од сертифицирано органско грозје трета година НАПРАВИТЕ РАЗЛИКА

Sase Ivanovski

Хрватскиот парламент ќе расправа за доверба на премиерот Пленковиќ

Sase Ivanovski

100 години со „Волшебната планина“ од Томас Ман

Sase Ivanovski

Белградскиот градоначалник се повлекува: Доста е!

Sase Ivanovski

РИЗАОВ: Повторно заробена држава

Sase Ivanovski

Противпожарната служба на Грција примила речиси 4.000 повици за помош поради невремето „Бора“

Sase Ivanovski

САД испраќаат 725 милиони долари воена помош за Украина

Sase Ivanovski

Протестен марш во Скопје поради загадениот воздух

Sase Ivanovski

Муцунски пред европратениците: Една партија не може да прифати дека е во опозиција

Sase Ivanovski

Ова се 10-те најбогати луѓе во светот: Бил Гејтс испадна од листата

Sase Ivanovski

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности

Sase Ivanovski

Елтон Џон го загубил видот – без помош не може да оди на проби и да настапува

Sase Ivanovski

(Германски медиуми) Експлозија на Косово: „Подготовка на теренот“

Sase Ivanovski

Од полноќ промена на цената на горивата – ова се новите цени

Sase Ivanovski

Просветна инспекција влегува на Универзитетот за туризам за да го провери студентското досие на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Неполни две години по ампутацијата на двете нозе, Златко Ѓоргиев успешно го заврши маратонот во Базел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС

Sase Ivanovski

Лефков: Нема причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ ги произведуваат, ако мислат дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лажат

Sase Ivanovski

Филипче за Меѓународниот Ден на лица со попреченост: Темелна вредност на социјалдемократијата е грижата за сите

Sase Ivanovski

Герасимовски за МИА: Во сите центарски училишта поставуваме пристапни рампи за лицата со попречености

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Економската и политичката стабилност на Владата дава резултати, Македонија за 2024 година бележи рекорден прилив од странски директни инвестиции со можност да достигнат 1 милијарда евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски сака да го партизира судството побрутално од времето на Груевски

Sase Ivanovski

(ФОТО) Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите

Sase Ivanovski

(Видео) Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Трета стручна дебата за измени и дополнувања на Законот за Судски совет

Sase Ivanovski

Гаши-Меѓународен ден на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Пренџов: Секој што направил нешто спротивно на закон ќе одговара, тоа е демократија и правна држава

Sase Ivanovski

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух

Sase Ivanovski

(ФОТО) МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби

Sase Ivanovski

МВР: Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

МВР: Лишен од слобода крадец во Тетово

Sase Ivanovski

МВР: Приведен бегалец од затвор

Sase Ivanovski

Министерот Муртезани го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски нема да ја промени преговарачка рамка со што докажа дека СДСМ го заштитила македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Од „Нема правда, нема мир“ на СДС до целосен колапс и блиску нула доверба во правосудниот систем, Коцевски и ЈО да почнат да работат и да постапуваат по закон

Sase Ivanovski

Филипче: Заканите кон судиите и обвинителите ја загрозуваат независноста на правосудниот систем

Sase Ivanovski

Филипче: Ветувањата на власта за инфраструктурни проекти од 250 милиони евра во општините се голема лага

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Бесплатниот транспорт до болница за лицата со попречености искористен 197 пати

Sase Ivanovski

(ФОТО) Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Sase Ivanovski

Шукова: Потребна е лидерска средба, политиките на поделба мора да престанат – носат долгорочни штети за граѓаните

Sase Ivanovski

МВР: Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

МВР: Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти

Sase Ivanovski

Дарежлив Вторник по трет пат во нашата земја

Sase Ivanovski

“БИСТРО – МАТНО” БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈА за месец Ноември 2024 година

Sase Ivanovski

Филипче: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа – судството, безбедноста, институциите под партиска контрола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

Sase Ivanovski

Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките

Sase Ivanovski

Филипче: Безбедносните структури стануваат партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Поткомитет за истраги за пандемии на Претставничкиот дом: Ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан

Sase Ivanovski

Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа

Sase Ivanovski

Мицкоски на работна вечера со новиот претседател на Европскиот совет и лидерите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Захарова: На Зеленски не му требаат граѓаните на Украина

Sase Ivanovski

Момче го изгуби видот поради петарда

Sase Ivanovski

Шефовите на дипломатии на НАТО членките ќе разговараат за војната во Украина и руските хибридни напади

Sase Ivanovski

Мицотакис: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

Sase Ivanovski

Скопјанец подметна пожар во Адвокатската комора, предизвика штета од 150.000 евра, па побегна од државава

Sase Ivanovski

МИЛИЈАДЕРКА ОД ВИЕТНАМ ОД ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КОРУПЦИСКИ АФЕРИ ЧЕКА ПРЕСУДА: „АКО НЕ ГИ ВРАТИ 9 МИЉАРДИ ДОЛАРИ ЌЕ ОДИ НА СМРТНА КАЗНА“

Sase Ivanovski

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ФОЛКСВАГЕН: ПОЧНАА ШТРАЈКОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛАС НА АМЕРИКА: Снимките од дрон покажуваат голема штета, по поплавите на бурата Бора, на грчкиот остров Родос

Sase Ivanovski

📽️ ШОН ПЕН НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ СО ДЕВОЈКАТА КОЈА Е ПОМЛАДА ОД НЕГОВАТА ЌЕРКА Холивудската ѕвезда по три разводи е повторно вљубен во 34 години помладата актерка

Sase Ivanovski

6.000 полицајци и жандарми ќе ја обезбедуваат церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз

Sase Ivanovski

Зошто Мицкоски не зборува за ревизија на работењето на неговите градоначалници, прашува Филипче

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ги враќа амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица – не се по меракот на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Два дена завеани во снег и заборавени: Голгота на жителите на Никифорово

Sase Ivanovski

Трамп се закани: „Ќе има многу големи проблеми на Блискиот Исток ако не бидат ослободени заложниците

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НАЈУБАВИТЕ РЕСТОРАНИ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

АА: КУМАНОВО ПОВТОРНО Е ИЗБРАНО ЗА АРЕНА ЗА ОПАСНИ СЦЕНАРИЈА

Sase Ivanovski

Незаборавни дела од легендарните уметници Ашик Вејсел и Зеки Мурен оживуваат на Балканот преку џез интерпретации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРИЈА НАПРАВИ ПИЦА ОД МАГАРЕШКИ КАШКАВАЛ И ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

ВИНСКА СОБА: Во срцето на Овче Поле, каде што сонцето несебично ја излева својата енергија на лозовите насади, а земјата раскажува древни приказни, се роди нова ѕвезда на македонското винско небо – @ilievskiwinery Илиевски винарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАШИОТ СИМОН ТРПЧЕВСКИ НАСТАПИ ВО СОЛУН ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА НОВОТО МЕТРО, ДОБИ ОВАЦИИ ОД СОЛУНЧАНИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....