Херојот на Италија од Мундијалот во 1990 година, легендарниот Салваторе „Тото“ Скилачи почина денес на 59-годишна возраст по долгата борба со канцерот. Скилачи најголемата слава ја доживеа на споменатото Светско првенство кога „Аурите“ благодарение на неговите голови завршија на третото место. На тој Мундијал со шест постигнати гола Скилачи беше најдобар стрелец.
Пред околу една недела поранешниот напаѓач на Интер и Јувентус беше пренесен во болница поради влошување на состојбата каде што за жал докторите не успеаја да го спасат неговиот живот. „Збогум Тото Скилачи, напаѓачот од магичните вечери си замина“, со овие зборови „Газета дело Спорт“ се прости од славниот голгетер.