
-Онаа која не ја добивме за Тамара, онаа која ги заобиколува обичните смртници во лавиринтите на државата. Бев за Тамара. Тука сум и за Јана. И за сите ангели кои ги губиме поради состојбата во нашето здравство и тоталното игнорирање на правата на граѓанинот. – вели Татјана Стојановска.Со протестот, како што рече таа, сакаат да дадат поддршка до родителите на Јана и до сите битолчани. Граѓаните, додаде, бараат здравство кое ќе ги штити сите и ќе биде сигурност за секој граѓанин.
-Ја убиваме иднината на нашите деца, а сега почнуваме и нашите деца да ги убиваме. Да ги убиваме со молчење, со „сѐ е по закон, прописи и протоколи”. Смртта не настапува по закон, прописи и протоколи. И бараме отчет, брз и ефикасен, зошто ја однесе Јана. За секоја наредна Тамара, Јана да бидат спасени. Не оставени во молк на правдата. Тамара не почива мирно. И Јана сѐ уште. И многу други незнајни деца и возрасни. Јас сум тука за нив, за нивниот глас, за болката на сите кои некого изгубиле поради немарност и негрижа – порача Стојановска.