9.8 C
Скопје
26/02/2024 08:19
МАКТЕЛ

      

Таравари за Фокус: Ни треба нов Устав за внатрешна реорганизација, еден предлог е дводомен парламент и 20 општини!

      

Текстот е објавен на 13 октомври 2023 година во неделникот Фокус со број 1.462.

Иако Алијанса за Албанците веќе половина година е дел од владата, менталната матрица на луѓето од оваа партија е генерално опозициска, вели партискиот лидер Арбен Таравари, кој се залага за самостоен изборен настап. Во интервју за „Фокус“ објавено во октомври, тој изрази верување дека ќе се изгласаат уставните измени во последен миг со помош на ВМРО-ДПМНЕ, откако ќе се дадат одредени гаранции дека нема да има други бугарски барања на патот кон ЕУ. Доколку не се случи тоа, предупреди дека ќе се отвори Пандорина кутија, појаснувајќи дека тоа не значи нова војна или нови граници, туку на сцената ќе се јави албанска радикална десница, како пандан на македонската радикална левица. На тој начин, според него, ќе се отворат легитимни теми за внатрешна реорганизација на државата.

   

ФОКУС: Веќе половина година сте дел од владата. Од денешна перспектива, сметате ли дека донесовте правилна одлука?
ТАРАВАРИ: Токму така, пред една недела поминаа 6 месеци откако Алијанса за Албанците стана дел од владата со 3 министри, 2 заменици-министри, одреден број на директори. Знаете, АА потекнува од ДПА, која скоро да не постои. Успеавме да направиме фракција во таа партија и да смениме многу работи во начинот на дејствување. И, членството на Алијанса се околу 70 отсто поранешни членови на ДПА, така што менталната матрица на луѓето во АА генерално е опозициска.

 

Затоа, мој впечаток и на повеќето наши пријатели и добронамерни луѓе кон Алијанса е дека АА многу подобро делува во опозиција отколку кога е на власт. Но, јас можам одговорно да кажам дека и со локалната власт, со 3 општини што ги имавме од 2017 до 2021 и со двете општини што се уште ги имаме (Врапчиште и Гостивар), делувавме релативно добро, бевме меѓу поуспешните и потранспарентните општини во нашата работа и реализиравме многу работи што ги ветивме.

   

     

„ОНКОЛОГИЈА“ ГИ ПРОБИВА СИТЕ МОРАЛНИ НОРМИФОКУС: Колку сте задоволен од учеството во централната власт и од учинокот на вашите министри?
ТАРАВАРИ: Нашите 3 министри и 2 заменици покажуваат релативно добри резултати. Министерот за здравство Фатмир Меџити ги реализира сите ветувања што ги дадовме пред да влеземе во влада.Првото беше позитивната листа на лекови, која веќе се работи, па се надевам дека наскоро, до крајот на октомври или почеток на ноември, ќе има нова позитивна листа, откако 15 години воопшто не беше чепната. Значи, ќе биде апдејтувана со повеќе модерни лекови, со помалку нус ефекти.

Исто така, ветивме дека ќе направиме децентрализација во здравството и успеавме. Веќе нема да има потреба повозрасните луѓе и тие со хронични болести да се упатуваат секој втор месец на специјалист за да им ги препише лековите и пак да се вратат кај матичниот доктор. Отсега, ќе може директно кај матичниот доктор да се упатат.

ФОКУС: Сепак, периодов видовме протест на дијабетичарите, болните со цистична фиброза токму поради недостиг на лекови. Како го коментирате тоа?
ТАРАВАРИ: Треба да се анализира колку пациенти со цистична фиброза беа третирани лани и колку се третираат сега. И ќе видите дека од буџетот за здравство е одделено многу повеќе пари за многу поголем број пациенти оваа година отколку минатите години, што кажува дека министерот Меџити е навистина заинтересиран за овие пациенти. Не велам дека сите се покриени, но барем сега имаме листа на чекање што се подготвува од експерти, кои се приоритетни да се покријат. Едноставно, со овој буџет на Министерството за здравство е невозможно да се покријат сите пациенти.

ФОКУС: Во време на актуелниот министер, изби и скандалот на Онкологија. Вие имавте една остра реакција, па каде треба главно да се лоцира одговорноста? Кој најмногу потфрли?
ТАРАВАРИ: Мислам дека е добро што министерот Меџити отвори повеќе скандали, кои можеби порано биле скриени. За Онкологија се зборуваше со години. Новинарка од вашиот медиум објави дека постои такво нешто. И знам дека Меџити ги охрабруваше одговорните институции – повелете, дојдете и истражувајте. Истражните и судските органи се тие што треба да донесат одлука и да верификуваат. Нешто може да се зборува и да не е вистина. Но, ако се докаже…

Меџити е отворен и тврдам дека нема никаква врска со ова. Дури мислам дека и последната директорка што е поставена е поставена поради сомнежи кон минатите директори. Ова е навистина е скандалозно и ги пробива сите морални норми на однесување.

ФОКУС: Од ваши редови доаѓа и министерот за правда, кој предлага Закон за амнестија, околу кој се отвори една политичка битка. Дали, според Вас, треба да се амнестираат крадци, дилери, помагачи во свирепи убиства и други осуденици?
ТАРАВАРИ: Не е ниту прва ниту последна амнестија. Министерот Кренар Лога посети неколку затвори и ги покажа условите и навистина состојбата е алармантна. Нормално, никој од нас не може да биде за пуштање хокштаплери, крадци, убијци, но, колку што знам, законот опфаќа луѓе за помали грешки што ги направиле. Во нашата државата јас мислам дека најголемите лопови се на слобода и тие по затворите се најмалите криминалци, за жал.

КОНСЕНЗУС ЗА 10-ГОДИШНА СТРАТЕГИЈА

ФОКУС: Зошто довербата во правосудството и институциите е на толку ниско ниво?
ТАРАВАРИ: Генерално, луѓето имаат недоверба во инситуциите на системот и тоа е загрижувачки, особено во правниот систем. Ако бараме зошто и како, треба да се вратиме на тоа за што имаме докази. Во 2015 година, прислушувани разговори објавени од Зоран Заев покажаа како се избираат судии и обвинители, сите бевме сведоци како од тефтерчиња се вадеа имиња…

ФОКУС: Но дали овие практики се променија со политичките промени?
ТАРАВАРИ: Јас кажав само дел од тоа што го слушнав, а има многу работи што не сме ги слушнале. Знаеме дека и судскиот систем како и другите институции се политизирани и од тоа страдаме сите. Тоа е акумулација на се што поминало овие 30 години. Многу е тешко нешто системско да се смени за една или две години.

ФОКУС: Што е решението?
ТАРАВАРИ: Мислам дека сите партии треба да седнат и да направат страгегија како за правниот систем, така за образование, здравство, која би била 10-годишна, консензуално би се донела, и без разлика кој ќе биде на власт, да се придржува до главните критериуми и стандарди прифатени од сите. Знам дека делува утопостички, дека нема шанси сите да се согласат, но барем поголем дел, големите партии да седнат. Тука мора да има и странски фасилитатори кои би помогнале. На пример, за правниот систем особено фокусирани се Холандија.

ФОКУС: Вие имавме едно отворено обраќање до амбасадорите со повик да се создаде широк антикорупциски фронт. Колку цените дека придонесовте на тој план додека сте во владата?
ТАРАВАРИ: Јас мислам дека доста придонесовме. Гледате дека правда е најактивно министерство. Секој ден се случува нешто, не случајно фокус е министерот Лога. Исто така афери се отворија во здравство. Онкологија е повеќе години наназад, зошто е отвори сега?

Гледаме дека откако министер за информатичко општество и администрација е Азир Алиу повеќе од 250 услуги се дигитализирани, Законот за медиумите е донесен, кој беше тежок закон и никој не сакаше да го реши. Мислам дека е завршен и треба да помине во собрание, има консензус од сите страни. Само ЗНМ беше против, но најдоа некое компромисно решение за да помине.

СЕ ДИСТАНЦИРАВМЕ ОД ИЗМЕНИТЕ НА КЗ

ФОКУС: Кога Лога стапи на функцијата, најавуваше дека ќе го врати Груевски. Како тргнало, се чини дека навистина може да го вратите, но во хашките келии, туку како слободен човек, за да помогне за уставни измени.
ТАРАВАРИ: Не верувам во тоа сценарио, иако има доста конспирации. Но, во Македонија за ништо не може да се каже сигурно.

ФОКУС: Дали некој работи на такво сценарио? Опозицијата обвини дека има оска СДСМ-ДУИ-Груевски, бевме сведоци како Ахмети го пофали како премиер, а Битиќи отворено рече дека треба да се подаде рака за помирување.
ТАРАВАРИ: За Груевски денес го имам истото мислење како во 2014-2016. Човекот треба да се врати и да го одлежи тоа што треба. Тврдам дека, ако постојат такви игри, АА воопшто не е вмешана. Лога почна иницијатива (екстрадиција на Груевски), но сепак владата е составена од повеќе партии. Ние сме една од трите поголеми партии и ќе инсистираме Груевски да се врати во Македонија само ако го одлежи она што му следува.

ФОКУС: Точно ли е дека Лога одбивал да ги потпише измените на КЗ и да брани во Собрание?
ТАРАВАРИ: Да, имам информација од министерот дека не прифаќал и не сакал да го потпише тоа.

ФОКУС: Зошто одбивал, ако велите дека нема никакви игри во позадина?
ТАРАВАРИ: За тоа ќе го прашате него да каже точно зошто, но пред нас на Централното претседателство кажа дека не прифаќа тоа да го потпише и дека нема да го потпише.

ФОКУС: Дали можеби и вие сметате дека криминалот и корупцијата на функционери полесно ќе се сузбие преку поблаги казни?
ТАРАВАРИ: Јас не сум професионалец по ова, но ми кажаа дека не треба ние како партија да го поддржиме и Лога не го потпиша новиот Кривичен законик, а нашите пратеници не го изгласаа. Јас слушам одредени експерти по право кои образложуваат дека можеби е подобро вака, побргу ќе се решаваат случаите.

ФОКУС: Во секој случај чуден е тајмингот и начинот. Зошто токму сега и зошто со европско знаме, зошто за спорните измени владата не побарала мислење од ДКСК и други институции како што побараа за другите одредби поврзани со екологијата, зошто била заобиколена и работната група која работи на целосно нов КЗ? Има многу дилеми и сомнежи.
ТАРАВАРИ: Јас можам да тврдам со сигурност дека АА не го поддржа законот, пратениците не го изгласаа и министерот не го подджа. А за другите со нас во власта дали прават и што прават не можам да тврдам. Не верувам дека има заткулисни игри, но не можам да тврдам.

СИТЕ ДОЈДОА НА НАШЕТО ЗА ДУИ

ФОКУС: Како ја оценувате соработката со владините партнери СДСМ и ДУИ?
ТАРАВАРИ: Релативно коректно, но секоја партија има своја идеологија, програма, ставови, па има работи каде се согласуваме, но и каде воопшто не се согласуваме. Одлучивме да бидеме дел од ова мнозинство, засега го тераме овој период, додека се одржат изборите.

ФОКУС: Како се случи тој пресврт кај вас, бидејќи за ДУИ велевте дека е извор на корупција, дека се метастазирани во системот?
ТАРАВАРИ: Јас сум среќен тоа што го кажувавме долго време и сега го кажуваме веќе го кажуваат повеќе партии, и тоа ме радува. Дека се канцер на општеството, дека се метастазирани во сите институции, дека цела држава е под окупација на луѓе од ДУИ. АА е создадена како антипод на ДУИ, ние сме од поранешна ДПА и традицонално бевме опозиција и партија што треба да ја замени ДУИ.

ФОКУС: Зошто тогаш одлучивте да и фрлите гума за спасување?
ТАРАВАРИ? Ние немавме еден обид, туку неколку обиди за ново мнозинство после 2020 година. Едниот обид е регистриран на 5-ти ноември 2021 година, но имало и други обиди, разговори дали може да се дојде до потребната бројка, без Левица, со некои партии што беа дел од власта. И не се успеа до 5-ти ноември кога успеавме да собереме 61 потпис, иако начелно требаше друга комбинација да биде. Но, во последен момент испадна двајца пратеници да не се потпишат.

ФОКУС: Кои се тие?
ТАРАВАРИ: Не би ги кажал сега, понатаму ќе ги кажеме, сега сме пред избори, ќе биде како да влијаам на нешто. Без разлика, не успеавме, односно еден од пратениците беше самоизолиран и самокидпиран, не знам како точно да кажам зашто не знам што се случи, иако истиот тој беше главниот иницијатор за да почнеме да ги собираме потписите. Чудна земја сме ние.

Така, останавме 60-60 и истиот ден 4 пратеници на Алтернатива отидоа во СДСМ, па ние останавме во опозиција и продолживме со опозиционерство најдобро можно. И се случи војната во Украина и изборите за Советот во Тетово. Таму ние бевме единствена опозициска партија, сите албански партии беа локална или централна власт. И добивме порака со 777 гласови. Тоа е невозможна работа, не знам како може да се случи.

ФОКУС: Што ви покажаа анализите?
ТАРАВАРИ: Беше 20 -ти август, крај на одмори. Имаше незаинтересираност на населението, бидејќи не се гласа за градоначалник, туку само за совет. Секогаш на изборите има 2 пола, па овде беше ДУИ со Беса, која веќе имаше градоначалник.

ФОКУС: Дали тоа значи дека направивте лоша проценка што не соработувавте со Беса?
ТАРАВАРИ: Имаше обиди да излеземе во заедничка листа со Беса, но ете не успеа тоа. Ние во 2021 година безрезервно ја поддржавме Беса како опозициска партија. Да не е ДУИ, го поддржавме Биљал Касами, но добивме низок удар. Касами ги атакуваше и земаше нашите активисти, ги вработуваше пред да ги вработи тие на Беса, и почна да не амортизира. Не направивме коалиција со нив, па после дојде оставката на Зијадин Села. АА успеа да направи транзиција на лидершипот, и тоа релативно успешно. Нормално ни требаше да почнеме отпочеток, да се поправиме каде се послаби. Се случија преривања во ДУИ, имавме понуда…

ФОКУС: Како се одвиваше тој процес, колку време траеја преговорите, кој ги водел?
ТАРАВАРИ: Тајни преговори немаше, имаше понуда од премиерот Димитар Ковачевски, но да бидам искрен до крај, имало разговори и со ДУИ. Имавме разговори и со повеќе амбасади, средби со политички партии во Албанија и Косово.

КАСАМИ И ГАШИ НЕ СЕДНУВАА НА ИСТА МАСА

ФОКУС: Дали можеби проценивме дека ДУИ е непобедлива на чело со Ахмети, па решивте да му се придружите?
ТАРАВАРИ: Не, Али Ахмети е апсолутно победлив. Албанците од 2011 година досега секогаш давале повеќе гласови на албанската опозиција, отколку на ДУИ. Но, дефектот бил во тоа што албанската опозиција не успеа да се обедини.

ФОКУС: Гледате ли тука вина и кај себе, бидејќи и вие соработувавте и со Беса и со Алтерантива во различни периоди, но никогаш не ги обединивте?
ТАРАВАРИ: Во 2016 година, кога бев секретар на АА, бевме ние и Беса. Имаше уште 2 помали партии, успеавме сите да ги земеме, но не и Беса. Се случи Беса да има 5, ние 3 пратеници, а ДУИ имаше 10. Да бевме заедно, сигурно ќе имавме повеќе пратеници од ДУИ, со гласови кумулативно имавме повеќе заедно отколку ДУИ. Во 2020 година, повторно јас преговарав и со Алтернатива и со Беса да одиме сите заедно. Но пак не успеавме.

ФОКУС: Каде бил проблемот, зашто сега гледаме двете партии си подадоа рака?
ТАРАВАРИ: Несфатливо ми беше како не можев да ги седнам на иста маса. Имаше разговори во ресторан во Скопје, едни беа на една маса, други на друга маса, јас трчав од една на друга маса, за да се убедиме да направиме коалиција. А во моментот кога ние влегуваме во владата, после еден месец дека тие седнуваат заедно, а нашите обиди беа неколку години?!

Со Алтернатива бевме коалиција, но јас кога јавно излегов и кажав пред вториот круг на локалните избори во Тетово дека ќе го поддржиме Касами добив 20 пораки од Алтернатива дека може да се скрши нашата коалиција. Никогаш дотогаш не сме разговарале дека може да се одделиме. Се уште ми е мистерија и нејасно како откако ние влеговме во влада, тие направија опозициски фронт.

ПЛАТИВМЕ ЦЕНА ЗА СОРАБОТКАТА СО ВМРО

ФОКУС: Дали заминавте од опозицијата за да се дистанцирате и од ВМРО-ДПМНЕ, која во време кога ВМРО се постави против „францускиот предлог“?
ТАРАВАРИ: Првиот состанок со ВМРО е декември 2019 година, со иницијатива на „Конрад Аденаер“ се сретнавме во Скопје. Дотогаш, беше табу за ВМРО да седнат, а не да соработуваат со албанските партии. Успеавме да побараме одредени работи во нивниот вокабулар за евентуално и да соработуваме на локалните избори во 2021 година.

И се сеќавате на едно интервју на Мицкоски за „Коха“, каде вели дека не му пречи да се тргнат 20 отсто за албанскиот јазик, дека фундаментот на оваа држава е соживот, дека сме мултиетничка државата каде треба да се почитуваме итн. И тоа беше прифатливо, но кај Албанците во потсвеста се уште стоеше дека ВМРО е антиалбанска, нациналистичка партија. Сепак, ризикувавме во 2021 година да направиме соработка со ВМРО во 6 општини и мислам дека плативме малку цена за тоа.

ФОКУС: Но, ВМРО тврди спротивно, дека сте профитирале од соработката, бидејќи со нивна помош станавте градоначалник. Се согласувате ли?
ТАРАВАРИ: Во Гостивар и во Тетово никогаш не може да биде избран градоначалник без македонски гласови. Јас победив со 6 илјади гласа разлика. Не негирам дека имавме коалиција со ВМРО и од 2017 година, имаме и сега во Гостивар, но СДСМ гласаше за ДУИ. ВМРО да гласаше за ДУИ, сигурно СДСМ ќе гласаше за другиот кандидат.

ФОКУС: Вашиот противкандидат Бејта ги обвини сопартијците Џафери и Груби дека тие одработиле за вас. Има ли вистина во тоа?
ТАРАВАРИ: Ахмети и Артан Груби од 14 дена меѓу двата кругови 10 дена спиеја во Гостивар, само да падне Алијанса. Го земаат ли, останува без градоначалник и готова е партијата. Секоја вечер од куќа до куќа одеа Ахмети, Груби, Талат Џафери и направија се што можеа, но изгубија со 6.000 гласа разлика, што е 50 отсто повеќе отколку гласовите на ДУИ.

А дека имало членови на ДУИ што гласале за нас тоа е точно. Ние во локалната власт во Гостивар кон сите граѓани се обидуваме да бидеме коректни. И ако на повеќе членови на ДУИ им требало нешто во општината, претпријатијата, училиштата сме им завршувале работа, исто како да се наши членови или исто како за сите други граѓани. Тие го вреднувале ова. Од 14 директори на училиштата, 4 биле бивши членови на ДУИ.

ЗАЕВ ИСПАДНА НЕКОРЕКТЕН КОН СЕЛА

ФОКУС: После изборите во 2016 година, вашите тројца пратеници го овозможија новото мнозинство, за што Села плати најголема цена. Но, оваа „жртва“ не успеавте политички да ја капитализирате, дури и бевте избркани од владата. Како денес гледате на тоа?
ТАРАВАРИ: Во 2017 година, прва наша цел беше режимот да се смени и второ – ДУИ да ја смениме. По изборите, ВМРО беше со 51, а СДСМ со 49 пратеници. Седнавме со СДСМ, побаравме одредени работи, како Законот за јазици, и кажавме нашите пратеници се тука. Значи, 49 плус 3 тоа се 52, и рековме повелете земете ги 10-те пратеници од ДУИ, оти немаше друга комбинација.

На 27 април имаше повеќе пратеници Албанци, но мета беше само Села. Сега знаеме повеќе работи, и странски држави беа вмешани, метата беше погодена, оставен бил како мртов. Прво почнаа со кампања против Села дека сакал да ја дели државата, дека е најголемиот националист. И на 27 април баш него го нападнаа, за среќа успеа да се извлече и денес фала Богу е добар.

ФОКУС: Каде точно се прекрши работата меѓу Вас и тогашната влада, поради што влеговте во еден круг на лоши односи и со Заев, кого го обвинувате дека ја блокира вашата општина итн.?
ТАРАВАРИ: Кога одлучивме да одиме сами на локалните избори се случи таа преломна ситуација. Ние не знаевме, што е многу некоректно, дека Заев им ветил на Бејта, Меџити и Теута Арифи дека во Гостивар, Чаир и Тетово СДСМ нема да има кандидати Македонци. Требаше барем да знаеме кај сме. Го прашав Заев точно ли е тоа, рече не е така. Но на крај испадна така е.

И комплетно се скрши ситуацијата кога Заев отиде во Струга. Од морални причини, тој ден кога стана премиер, имавме мнозинство во парламентот, му се случи несреќа на човекот (Села). Од етички аспект, не би било добро да оди. И повторно отиде во Струга и веќе се знаеше дека нема да бидеме заедно.

ФОКУС: Дали тоа што ви се случи вам сега и се случи на Алтернатива, која ја спаси оваа влада а сега беше истурката за да се отвори место за Алијанса?
ТАРАВАРИ: Не е баш исто. На Африм Гаши му понудив заедно да бидеме во влада. Ако имаме 3 министри, еден негов 2 наши. Дури имаше понуда, пред да се одржи првото собрание после конгресот на нашата партија, евентуално да размислуваме за фузија, да бидеме иста партија, зашто на парламентарни избори излеговме заедно.

ФОКУС: И каков беше одговорот?
ТАРАВАРИ: Па немаше одговор. Рече дека може да разговараме, интересна тема, можеби порано требало да се размислува за тоа. Но немав одговор и не се видовме после тоа за жал. Така што на Алтернатива не и се случи баш истото како на Алијанса.

ОДЛУЧУВАЧКИ ФАКТОР ПОСЛЕ ИЗБОРИ

ФОКУС: Сега овие партии ве повикуваат да им се придружите во опозицискиот блок. Кој е вашиот став за тоа?
ТАРАВАРИ: Сега засега немаме дефинитивен став, иако сме разговарале во партијата и со членството. Начелно мислиме дека Алијанса има лоши искуства овие 8-9 години. Ние тераме сами, но не исклучуваме никаква соработка со никого. Ќе видиме како ќе оди, што ќе се случува во државата, со уставните промени, со овие 3 партии во опозиција, со ДУИ, со нас…

ФОКУС: На почеток велевте дека не е лоша идеја за сеалбанска предизборна коалиција, а сега сте за самостоен настап. Неодамна, пак, вашиот претходник Села се изрази афирмативно т.н. европски фронт што го промовира ДУИ. Има ли судир на концепти?
ТАРАВАРИ: Барем за стратешки работи во партијата со Села секогаш сме координирани. Оваа изјава на Села беше лошо интерпретирана. Тој кажа дека ако има иницијатива сите албански партии да бидеме на иста листа со отворени листи, јас сум премал да одбијам таква понуда. И јас исто мислам. Ако има отворени листи, сите албански партии нека бидат заедно, па кој колку ќе добие толку. Јас сум за ова посебно ако нема уставни промени, па Албанците да бидат тие кои повторно би катализирале во процесот на интеграција во ЕУ.

ФОКУС: Кога влегувавте во владата се сметаше дека може да загубите политички идентитет, но на анкетите одржувате стабилен рејгинг. Дали можеби вашата цел е да бидете пресуден фактор во постизборните разврски?
ТАРАВАРИ: Секои 3 месеци правиме наши редовни интерни анкети и одржуваме рејтинг од околу 15 отсто поддршка кај Албанците, што е релативно стабилно, имајќи го во предвид периодот на транзиција. Мислам дека со влегување во владата успеавме, таму каде што бевме послаби, особено Тетово, да се рехабилитираме. Посебно со директорот на болницата и одредени други функционери, успеваме да направиме рејтинг. На крај, навистина Алијанса може да биде детерминирачки фактор каква комбинација би се направила.

ФОКУС: Како би се поставиле во таква ситуација?
ТАРАВАРИ: Нам не интересира европскиот пат. НАТО беше приоритет и сме дел од НАТО, па сме многу порелаксирани кога се случуваат овие работи во светот од февруари 2022 година. Било кој да понуди дека продолжуваме на европскиот пат, тука сме. Ако некој го негира тоа, бара ревизии, ревидирање, други спогодби… Ние не сме за Букурешт 2008 година, туку за продолжување на патот.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПРЕД ИЗБОРИ

ФОКУС: Можни ли се уставни измени пред избори?
ТАРАВАРИ: Се уште се надевам дека уставните промени ќе успееме да ги направиме пред избори. Имам комуникација со сите партии, и не само со раководството, туку со членови. Знам дека може во последен момент да се роди искра надеж и ВМРО да одлучи да гласа за уставни измени.

ФОКУС: Цело или дел од ВМРО?
ТАРАВАРИ: Има шанси цело ВМРО. Мислам дека и за нив е подобро овој проблем да се реши сега отколку потоа, било што да се случи на изборите.

ФОКУС: Да, но како би ја оправдале траа драстична промена во ставот?
ТАРАВАРИ: Како што СДСМ згреши што „францускиот предлог“ го истурка без консултации и инклузивност, така ВМРО згреши што отиде со тоа „бугарски диктат“. Подигнато е нивото многу високо за да се вратат назад. Меѓутоа, мислам дека можеби може да се случат одредени комбинации или гаранции кои што можат да направат ВМРО да ја преиспита позицијата.

ФОКУС: На што поточно мислите?
ТАРАВАРИ: Од меѓународната заедница одредени гаранции дека ете ова е последен услов што се поставува од Бугарија или уште нешто со што ВМРО би се оправдало пред членството и ќе може да изгласа.
Друга опција што е можна, но е непријатна, а тоа е некои пратеници на ВМРО да гласаат за уставните промени. Искрено јас сум скептик, но се зборува и тоа, дека има одредени пратеници.

ФОКУС: Вие во една прилика рековте дека ако останеме надвор од интеграцискиот процес, Албанците ќе отворат теми што досега тлејат. Што сакавте да кажете со тоа?
ТАРАВАРИ: Не е добро за Македонија да не поминат уставните промени, затоа што ако се одвои Албанија ќе останеме со Косово, каде реално постојат проблеми, и БиХ која е недефинирана држава. Ќе останеме држава каде надежда изумира. Кога имате екстремна левица, реципрочно ќе се роди радикална десница, или кај некоја од партиите што постоиме или во нова партија.

Ќе се отвори Пандорина кутија. Исто како што излегува Левица кај Македонците, гарантирам – нека излезе една албанска партија и нека каже се против државата, ќе ја поделиме, ќе направиме вака-така, веднаш ќе добие гласови.

Тоа е наједноставен начин да добиеш гласови кај албанскиот блок. Не зборуваме за војна, тука нема ни кој да војува веќе, но за организација на државата е легитимно да се зборува. Тоа се интересни теми кои како синџир ќе бидат поврзани со Косово и БиХ, ви гарантирам.

РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

ФОКУС: Во која смисла? Кога велите реорганизација, на што мислите ?
ТАРАВАРИ: Па, за се. По региони. Поголема децентрализација, дефискализација. Кантонизација, не знам што.

ФОКУС: Кој од овие концепти вам ви е прифатлив?
ТАРАВАРИ: Јас апсолутно мислам дека децентрализацијата ни е неопходна. Ние сме најцентрализирана држава во Европа. Да се врати Уставот од 1974 година ќе биде идеално. Тогаш општините бирале градоначалници, претседатели на судови, шеф на полиција. И на избори да се бираат ако треба.

Или на болницата. Министерот никогаш не може да знае каква потреба има во Берово, Охрид. Сега само директорите на училиштата ги бира градоначалникот, но капиталните инвестиции ги прави владата. Ние имаме нефункционали општини.

ФОКУС: Ако ве разбирам добро, овој модел на мултиетничка демократија со механизми за заштита од мајоризација е надминат, па има потрба од нешто ново?
ТАРАВАРИ: Јас сум кажал – на Македонија и треба нов Устав, но не под притисок и во брзање. Нека седнат експертите, партиите, нека се отвори дебата кај граѓаните. Ајде да ги отвориме темите, како може да се организираме подобро.

Еден предлог може да биде 20 развиени општини. Можеби парламент со 50 пратеници. Можеби еден парламент со 20 градоначалници, а еден парламент со пратеници, како конгресот и сенатот во САД. Треба да размислиме за неколку опции со кои државата подобро би функционирала.

ФОКУС: Како и да е, не споменувате промена на граници и слични тези што сме ги слушале порано?
ТАРАВАРИ: Видете, размена на територии не зависи од нас, тоа го прават многу поголеми од нас. Ние сме ситни играчи за такви работи, но за внатрешна реорганизација може да зборуваме. За границите пред да зборува некој треба да седне со НАТО. Границите ќе ги снема кога ќе бидеме членки на ЕУ, тогаш сите ќе бидеме во нашите големи држави.

 

ВО КУЌАТА ВО ТАФТАЛИЏЕ ДОГОВАРАВМЕ ИЗБОРНА СОРАБОТКА!

ФОКУС: ВМРО-ДПМНЕ до денес ви ја споменува куќата во Тафталиџе, која велат дека Ви била награда за влез во владата. Има ли епилог на постапката што ја отвори ДКСК?
ТАРАВАРИ: Мене не ме викнале. Видете, кога немаш друг скандал, имаш еден стан и една куќа, ќе се занимаваат дали станот е 92 или 88 квадрати и дали е куќата 150 или 200 илјади евра.

ФОКУС: Сепак, ќе се согласите ли дека премала е официјалната вредност на куќата, дотолку повеќе што куќата на вашиот сопартиец и сосед Меџити е проценета 4-5 пати повеќе?
ТАРАВАРИ: Куќата нема врска со коалиција, купена е во 2021, кога бевме заедно со ВМРО и во таа куќа е направена стратегијата за локалните избори. И сега да ме обвинуваат дека сум зел поткуп од ДУИ… Христијан Мицкоски бил во куќата и знае дека е 260 квадрати.

Куќата е вреднувана од 2 куќи. Една од Град Скопје, каде сум платил данок и вреднувана е 190 илјади евра. И вреднувана е од Стопанска Банка, каде сум земал 100 илјади евра кредит. Таму ја вреднуваат 200 илјади евра. Значи, разликата меѓу тоа што сум купил и тоа што е вреднувана е една четвртина.

ФОКУС: Сепак, симптоматично е тоа што куќата сте ја купиле од пратеник на ДУИ. Се познавате ли со Исмаил Јахоски?
ТАРАВАРИ: Фатмир Меџити министерот живее таму од 2014 година. Купи барака и после изгради куќа во 2014. Тој ми кажа дека се продава куќа. Првиот состанок и купопродажниот договор бил со жена. Јас никогаш не сум седнал со Исмаил Јахоски да потпишам. Тој отишол на нотар, јас сум отишил. Куќата е на име на 2 лица, на него и на неговата сопруга. Не се знам со него, сум се видел откако живеам во куќата 3-4 пати.

    

Најново

(ВИДЕО) НА РТС ПОЧНУВА СО ЕМИТУВАЊЕ СЕРИЈАТА САБЈА, ЗА УБИСТВОТО НА ЗОРАН ЃИНЃИЌ, ГЛУМЦИ СЕ СИТЕ СРПСКИ АКТЕРСКИ ТЕШКАШИ

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ ДО БИТИЌИ: Од Фатмир СДС за Фатмир ДУИ, или каде отидоа 250 денари?

Sase Ivanovski

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ЛАЗО КОЛИШЕВСКИ ЗА МЕНЕ Е НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНЕЦ, ЈА ВОЗОБНОВИЛ МПЦ, ГИ ИЗБРКАЛ СРБИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОЛЕМ БРОЈ ВЕРНИЦИ ДОЈДОА ВО КРАТОВО: БУГАРСКИОТ МИТРОПОЛИТ ГИ ДОНЕСЕ МОШТИТЕ НА СВЕТИ ЃОРЃИ ВО КРАТОВО

Sase Ivanovski

Хутите нападнаа американски танкер, САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен

Sase Ivanovski

Агенцијата за храна и ветеринарство се пишмани – ниту тие не биле надлежни да го тргнат кодот „НМК“ од производите по маркетите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНСКИ ГЕНЕРАЛ: КРЕНАВМЕ ВО ВОЗДУХ МНОГУ НАФТЕНИ РАФИНЕРИИ ВО РУСИЈА, ЗА ЕДНА ТРЕТИНА ЈА НАМАЛИВМЕ ПРОДУКЦИЈАТА НА ГОРИВА ВО РУСИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРОРУСКА ПАРТИЈА УНИШТИ ВОЗ СО ЖИТО ВО ПОЛСКА

Sase Ivanovski

167 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

Sase Ivanovski

Зеленски: Кремљ имаше увид во плановите на украинската контраофанзива во 2023 година

Sase Ivanovski

Опозициските партии на Албанците обвинуваат, ДУИ негира – каде се собираат потписи за кандидатурата на Османи

Sase Ivanovski

Демири: Ќе дадам се од себе да имаме функционален здравствен систем

Sase Ivanovski

Гордана Силјановска-Давкова ќе биде поддржана со потписи од пратениците и од граѓаните

Sase Ivanovski

Силјановска Дафкова: ДУИ најде да ме нарекува русофилка, тоа е партија бeз ниту еден партнер во Европа

Sase Ivanovski

Предлогот за избор на претседател на државата во Собранието неприфатлив за дел од политичките партии

Sase Ivanovski

ДИК: Заклучно со вчера потпишани 14.360 граѓани, најмногу потписи за Османи, Димитриевски и Ванковска

Sase Ivanovski

Македонската туристичка фела изгуби голем професионалец и визионер и во полето на туристичките агенции и во полето на хотелиерството

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Мега криминал на власта – Омилената фирма на СДС и ДУИ, Марковски компани со истата механизација ќе врши ископ на јаглен за 46 милиони евра и уште два други претходно добиени тендери во исто време, ЈО да не молчи

Tamara Ivanovska

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Победата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот против оваа ненародна власт е се поизвесна, во завршна фаза е и програмата која ќе ја трансформира Македонија

Tamara Ivanovska

Силјановска Давкова: По основните документи на ЕУ, не смее прашањето за билатералните односи со Бугарија, да биде дел од Преговарачката рамка

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето

Tamara Ivanovska

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТРЕСКИ ПРЕД ВРХОВНАТА РАДА НА УКРАИНА

Tamara Ivanovska

Петрушевски: Однесувањето на ДУИ дополнително ќе ги мотивира сите граѓани на наредните избори да кажат доста е и дека Македонија не е заложник на ДУИ

Tamara Ivanovska

Јаревски: Со зголемувањето на цените на Катастар до 300% власта уште повеќе сака да ги осиромаши граѓаните

Tamara Ivanovska

Бојмацалиев: Македонската јавност сакам да знае дека работиме одговорно и транпарентно, од 01.10.2021 до 09.02.2024 на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Целта на раководството на ЕСМ, е да ја затвори термоелектраната Осломеј, преку криминални договори и на тој начин, илјадници луѓе да изгубат работа

Tamara Ivanovska

Османи на посета на Генералниот конзулат во Њу Џерси: “Ефикасни услуги за нашите државјани главен приоритет за МНР”

Tamara Ivanovska

Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија

Tamara Ivanovska

СДСМ: Со мерката „Младински додаток“ СДСМ обезбеди 3.000 денари повеќе во џебот на младите

Tamara Ivanovska

Лукаревска: Поголеми плати и продолжување на концептот за повеќе пари кај граѓаните и во новата програма на СДСМ

Tamara Ivanovska

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев со амбасадорот на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ

Tamara Ivanovska

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев со амбасадорот на Република Косово Н.Е. Флоријан Чехаја

Tamara Ivanovska

Тренчевска: Горда сум што броиме само позитивни промени

Tamara Ivanovska

Бочварски: Инвестираме 20 милиони евра за изградба на патниот правец Извор – Гарски Мост, за прв пат ги поврзуваме Дебар со Кичево

Tamara Ivanovska

Вучиќ: Владата и образовните институции повторно да размислат дали родителите треба да ги оценуваат наставниците

Tamara Ivanovska

Расте бројот на новозаболени со пертусис

Tamara Ivanovska

Димитриевски собира потписи за претседател, ги повика граѓаните да го поддржат

Tamara Ivanovska

Влезниците за студентите во културните установи на 50 отсто

Tamara Ivanovska

Централната банка на ЕУ за прв пат во загуба по 20 години

Tamara Ivanovska

Видео: Израел бара оставка од шефот на УНРВА по откривањето на тунелот на Хамас под седиштето на агенцијата

Tamara Ivanovska

Трамп: Откажете го случајот, имам претседателски имунитет

Tamara Ivanovska

Нетанјаху: Со Појасот Газа по војната треба да управуваат локални функционери

Tamara Ivanovska

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

Tamara Ivanovska

Експлозии во Русија: Погодена челичарницата на еден од најбогатите Руси

Tamara Ivanovska

Мрачна прогноза на човекот што ја предвиде војната во Газа: „Украина би била изгубена со Трамп во Белата куќа“

Tamara Ivanovska

Дачиќ вели дека САД ја сакаат Србија како клучен партнер: Но, има еден услов

Tamara Ivanovska

За што се трошат парите од патарините?!

Tamara Ivanovska

РЕПУБЛИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН ПОВИКА НА УБИВАЊЕ НА СИТЕ ПАЛЕСТИНСКИ ДЕЦА: Вели дека 20 години го напаѓаат Израел и треба да платат

Tamara Ivanovska

Млад кривопаланчанец со остар предмет му се заканил на татко си

Tamara Ivanovska

Арсовски: Најголема веројатност е дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг

Tamara Ivanovska

Таткото на Леонид Индов ќе бара кривична одговорност од лекарската комисија

Tamara Ivanovska

УПАДНАЛЕ ВО 20 ВЛАДИ НИЗ СВЕТОТ Кинески хакери ги кренаа стандардите и цените за класифицирани информации

Tamara Ivanovska

Амбасадите на Израел, Египет и на САД во Атина добиле дојави за бомби

Tamara Ivanovska

Евакуирани 500 вработени во шведската безбедносна агенција, полицијата се сомнева на истекување гас

Tamara Ivanovska

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат

Tamara Ivanovska

Османи: Нови избори на северот на Косово по потврда за смена на градоначалниците

Tamara Ivanovska

ТАА МЕ ОГРАБИ, МИ УКРАДЕ ПАРИ И ЗЛАТО! Стружанец заработи кривична пријава, лажно ја пријавил поранешната сопруга

Tamara Ivanovska

УКРАИНА ОБЈАВИ КОЛКУ РУСКИ ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ИСТРАЖУВА Бројката е незамислива, Киев побара меѓународна помош

Tamara Ivanovska

ВИДЕО: Француските земјоделци упаднаа на саемот во Париз, каде што требаше да се појави Макрон

Tamara Ivanovska

Кривична пријава и притвор за скопјанец поради обид за убиство

Tamara Ivanovska

Македонија е мал пазар за кокаин – групата на Шеваљ најмногу заработувала во странство

Tamara Ivanovska

Курц е прогласен за виновен за давање на лажни изјави

Tamara Ivanovska

Кога и Имануел Кант станува непријател

Tamara Ivanovska

Неофашистички пир во светосавскиот дом

Tamara Ivanovska

Во Делчево ќе никне парк, две сестри донираа 90 садници Гинко билоба во чест на роденденот на татко им

Tamara Ivanovska

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата ПЕС

Tamara Ivanovska

Мој термин” инфициран со ,,само да прашам” и ,,преку ред”, нема лек за ,,врски” во здравството

Tamara Ivanovska

Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправдана агресија

Tamara Ivanovska

Што го прави фентанилот толку опасен и како луѓето можe да сe спречи предозирање?

Tamara Ivanovska

Борел: Изјавата на Смотрич за изградба на уште 3.300 куќи на Западниот Брег е опасна

Tamara Ivanovska

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Tamara Ivanovska

Трамп: Афроамериканците ме сакаат оти видоа дека и јас сум бил дискриминиран

Tamara Ivanovska

10 години руска агресија: Две години од сеопфатната инвазија на Русија врз Украина, една деценија од анексијата на Крим

Tamara Ivanovska

СДСМ: ИМА РАЗЛИКА ЗА ТОА КОЈ КАКО ГИ ТРЕТИРА СТУДЕНТИТЕ!

Sase Ivanovski

КРАЛОТ ЧАРЛС И КАМИЛА: ХРАБРОСТА НА УКРАИНЦИТЕ ГО ОДУШЕВИ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Sase Ivanovski

Стотина пријави до МОН за насилство во училиштата

Sase Ivanovski

Славој Жижек: Асанж не е будала

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Демантирам дека во МВР има неорганизираност, наредната недела стигаат уште 85.000 обрасци

Sase Ivanovski
Вчитувам....