Сара и Валетина, сестри на возраст од 5 и 9 години, трагично ги загубија животите откако врз нив се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад каде што чекаа воз со нивниот дедо. Од здобиените повреди починале во болница.
-Јас сум таткото на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка. Се чувствувам ужасно, немоќно. Ова се моите ќерки, не можe да ми се помогне. Не знам ни како стојам на нозе. Во моментов не можам да зборувам за трагедијата, ќерка ми ја нема. Немам сила. Оставете го ова да помине некое време и ќе ви кажам се. Јас сум во хаос. Немам повеќе зборови… – изјавил нивниот татко Ѓорѓе Фириќ за порталот Република. Да потсетиме, нивниот дедо починал, а семејството се задржало на надежта дека девојчињата ќе можат да се спасат, но повредите со кои се здобиле девојчињата биле претешки.
– И двете умреа, ги нема – рекол другиот нивни дедо Бранко Матиќ, кој ги чекал да дојдат на неговата крштевка во петок.