Државното регулаторно тело за електронски медиуми РЕМ одржа итна седница и покрена постапка против Пинк за кршење на Законот за електронски медиуми, a политичарот Микетиќ се повлече од изборната трка „за да не биде обооена со таблоидни наслови“.
ТВ Пинк, телевизија со национална фреквенција во соседна Србија, блиска до владејачката СНС, објави експлицитна порно-снимка во утринска програма, на која може да се види политичарот Ѓорѓе Микетиќ, кој учествува на претстојните избори за градоначалник на Белград.
Снимката беше објавена пред два дена на социјалните мрежи, но набргу беше повлечена, но веднаш потоа Пинк ја објави без никаква цензура. Снимката ја коментираa гости во студиото, а водителката Јована Јеремиќ најави ново „продолжение“ за кое навести дека ќе биде во „боите на воножитото“ и „далеку поперверзнo“.Државното регулаторно тело за електронски медиуми РЕМ одржа итна седница и покрена постапка против Пинк за кршење на Законот за електронски медиуми.
„Содржината на емисијата е јасно од политички-предизборен карактер (и означена како таква). Од друга страна, сексуалниот чин е целосно приватен настан кој не може да се поврзе со природата на информациите поврзани со политичкиот живот, што по дефиниција е јавно прашање, па се работи за непочитување на член 13 став 1. , точка 1 од Правилникот за заштита на човековите права во областа на давање медиумски услуги“ – соопшти РЕМ.
Кандидатот на листата „Србија против насилството“ за градоначалник на Белград Владимир Обрадовиќ изјави дека Ѓорѓе Микетиќ се повлекол од изборната кампања на коалицијата, за таа да не биде „обоена со наслови на таблоидите“.
Обрадовиќ на прес-конференцијата рече дека не смее да се заборави дека објавувањето на таа снимка го најави претседателот Александар Вучиќ, што според него покажува како СНС се справува со политичките неистомисленици.На овие напади одговори Вучиќ во изјава од Дубаи, каде учествува на Климатскиот самит КО28. Претседателот посочи дека може само да се смее на актуелната ситуација во однос на експлицитните снимки на опозицијата.
– Некој ги покани пријателите, се снимал, се објавил, шмркал кокаин… Ништо не видов, ниту учествував во тоа, и пак јас сум крив!? Што друго да кажам, освен дека луѓето сами си гледаат – рече претседателот за видеото на Микетиќ.