МАКТЕЛ

    

Петар Арсовски: Тенка е линијата меѓу сочувство и протест, „народот ќе се самоорганизира“ ако не се уапсат вистинските

      

Вистинска процена дали постои енергија за сериозно граѓанско движење, за промена на институциите, моделот и системот, ќе видиме дури наредната недела. Тогаш ќе видиме дали таа енергија се претвора во движење или била само излив на афект во дадениот момент. Дали ќе му се случи народ на премиерот по неговиот сопствен рецепт, рано е да се предвиди, вели за „Слободен печат“ аналитичарот Петар Арсовски. Дали на премиерот Христијан Мицкоски „ќе му се случи народ“ по неговиот сопствен рецепт рано е да се предвиди. Тоа ќе зависи, меѓу другото, од решителноста дали ќе ги најдат и казнат одговорните, без да се штити никој и дали ќе направат систем во кој нема да се повтори ужасната трагедија, е процената на политичкиот аналитичар Петар Арсовски само неколку денови по несреќата во која изгореа најмалку 59 млади во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Петар Арсовски / Утрински брифинг– Во моментов имаме изблик на негативна енергија, односно бес што се случи во Кочани со демолирање на угостителскиот објект што исто така бил сопственост на сопственикот на кабарето и каменување на општинската зграда. Но тоа се протести, условно речено, во афект, со една висока доза на емоција. Вистинска процена дали постои енергија за сериозно граѓанско движење, за промена на институциите, моделот и системот, ќе видиме дури наредната недела, да не бидам вулгарен, дури откако ќе ги погребаат починатите, затоа што тогаш ќе видиме дали таа енергија се претвора во движење или била само излив на афект во дадениот момент. Дали ќе му се случи народ на премиерот по неговиот сопствен рецепт, рано е да се предвиди – вели Арсовски за „Слободен печат“.
Протестот во Кочани почна мирно, но ескалираше кога граѓаните револтот го истурија врз општинската зграда со фрлање јајца и бараа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе пред нив. Граѓаните го демолираа кафулето на сопственикот на дискотеката и превртеа контејнери. Сенка на „заедничкиот час“ на студентите во Скопје, пак, фрлија говорите на министерката за образование Весна Јаневска и на ректорката на УКИМ Билјана Ангелова, по што УСС на УКИМ се извини со ветување дека на следниот собир, закажан за 21 март, ќе нема обраќања. Присуството и обраќањето на министерката и на ректорката, јавноста ги протолкува како киднапирање на собирот и обид за замолчување на студентите, особено затоа што Јаневска во обраќањето цитираше песна од Ацо Шопов, која беше протолкувана како повик до студентите да молчат. На собирот потоа се обрати и единствениот студент што зборуваше, за да им порача дека „не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жртвите“. Ова предизвика раздор меѓу студентите, па факултетското студентско собрание наФилозофскиотфакултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ.
Заеднички час на платото на УКИМ, студентите оддаваат почит на жртвите во Кочани / Фото: Слободен печат„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски! Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес, го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ“, порачаа студентите од Филозофскиот факултет.
Стотици студенти, пак, денеска се собраа во кампусот на техничките факултети во Скопје, од каде што искажаа сочувство кон жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Ученици, студенти и граѓани оддаваа почит и во Битола, Охрид, Тетово, Штип, Кавадарци, Куманово…
Дилемата е дали веќе има обиди да се задушат собирањата на студентите и протестите кои ги најави неформалната организација “Кој е следен“. – Ако постои некаков организиран обид да се задушат протестите, тоа нема да го видиме на телевизија, тој ќе се случува на терен, помеѓу лидерите на протестите, припадници на безбедносните служби на лице место и на терен кои се обидуваат да ги задушат. Се разбира дека државата, системот, не сакаат протести и се разбира дека прават сè за протести да не се случат. Но поважно е дали ќе си ја завршат својата работа, дали ќе ги најдат одговорните, дали ќе ги казнат одговорните без да штитат некого и, што е уште поважно, дали ќе направат систем во кој ваква работа нема да се повтори – вели Арсовски.

Студенти во чест на загинатите Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Тој потсетува дека граѓаните се сведоци дека изминатите години, почнувајќи од „Ласкарци“, па „Беса-транс“, бродот во Охрид, модуларната болница и сега дискотеката во Кочани, ни се случуваат несреќи кои се производ на лош систем кој не функционира, односно на целосно затајување на системот. – Ако власта успее да покаже дека се труди вистински да го поправи системот ќе ја намали енергијата, ако луѓето доживеат дека и ова е само еден политички театар, тогаш таа енергија ќе експлодира. Сигурно постои обид да се намали таа енергија, зашто ако таа енергија се излее на улиците, стане голема, сериозно цунами, како што се случува во Србија, најголемата политичка цена ќе ја плати тој што во моментов е на власт. Но, најважно е дали истрагата ќе биде непристрасна и транспарентна. Ние во моментов не знаеме дали градоначалникот треба да биде повикан на одговорност или не, но знаеме дека го испрашувале, не знаеме зошто одлучиле да не биде осомничен. Од транспарентноста на истрагата на Јавното обвинителство и на МВР ќе зависи дали таа енергија ќе спласне или кулминира, или луѓето ќе помислат дека повторно има подобни за прогон и подобни за штитење – вели Арсовски. Јавноста веќе е поделена за протестите. На социјалните мрежи веќе се споделуваат објави дека „сега не е време за протести, не е време за политики“, но и објави дека „сега е време за протести зашто кај нас сè се заборава за три дена“. Мицкоски претходно предупреди дека народот ќе се „самоорганизира“ на протести, ако петтемина членови на Судскиот совет не поднесат оставки. Само еден ден по трагедијата граѓани излегоа на протести во Кочани, а во Скопје студенти организираа „Заеднички час“ за да им оддадат почит на загинатите. Протест во главниот град за вечерва беше најавен од неформалната организација „Кој е следен“.

  

Најново

Поранешниот хрватски преговарач Дробњак: 2030 година е остварлива цел за членство на С. Македонија во ЕУ, ама клучни се резултатите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Навивачите на Ренџерс ја искористија смртта на папата да го провоцираат најголемиот ривал

Sase Ivanovski

Новиот министер за образование на Србија на првиот работен ден дочекан со протест

Sase Ivanovski

Само седум жени во светот смеат да носат бела облека при посета на папата

Sase Ivanovski

Погребот на папата Франциск е закажан за 26 април

Sase Ivanovski

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Во Македонија над 140.000 лица имаат дијабетес – аларм за посилни превенција и пристап до терапија

Sase Ivanovski

Ден на планетата Земја: Обновливата енергија е најмоќното оружје против климатските промени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Економијата со помал раст, инфлацијата и ценовниот притисок ќе се зголемат

Sase Ivanovski

Зеленски повторно мета на дезинформации – „купил“ рудник за платина вреден 1.6 милијарди долари

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Во март едно лице починало од СИДА, а регистрирани се три случаи потврдени на ХИB

Sase Ivanovski

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

Дебата на КЕП и НСЕИ: Реформската агенда како стратешка рамка и конкретен чекор кон ЕУ

Sase Ivanovski

УЈП: ЗАСИЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИ – ПОГОЛЕМА ДОСТАПНОСТ И ЕФИКАСНОСТ ПРИ ПРОЦЕСОТ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година

Sase Ivanovski

Ограбен хотел во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

(ФOTO) Славе Ристов кувар во ресторанот Шалом во Струмица демантира дека бркал врски преку газдата Дано и достави доказ дека казна платил

Sase Ivanovski

Уништен е Рибарскиот прстен на папата Францис

Sase Ivanovski

Девет месеци не им е асвалтирана главната улица, жителите на Волково бараат итно санирање

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајка кај Пресека

Sase Ivanovski

МВР предупредува: Не отворајте, лажни пораки во име на ЕВРОПОЛ и полицијата

Sase Ivanovski

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Sase Ivanovski

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена

Sase Ivanovski

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Sase Ivanovski

Влада: По 1. мај средба Мицкоски – Таравари

Sase Ivanovski

Кривичен суд не ја прифаќа гаранцијата на Асмир Јахоски, тој останува во притвор

Sase Ivanovski

Екс потпретседателот на СДСМ Битиќи ограбен за Велигденските празници. Му украле златен накит и пари

Sase Ivanovski

Рејтингот на Трамп е најнизок откако по втор пат стана претседател

Sase Ivanovski

Граѓанска иницијатива за нов почеток во Кочани: Им должиме на загинатите

Sase Ivanovski

Без струја делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сопиште

Sase Ivanovski

„Извини Зоки морално (ли) беше!“: Културните работници излегоа на протест

Sase Ivanovski

Левица предлага дуплирање на роковите за застарување за кривични дела за функционери

Sase Ivanovski

Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни

Sase Ivanovski

( ВИДЕО ) Манасиевски: Владата на СДС тврдеше дека нема да има нови блокади кон ЕУ за билатерални прашања, сега се демантирани и од ЕУ

Sase Ivanovski

Грција ја започна сезоната со цени исти како лани: Целта ни е туристите пак да ни дојдат, а не да ги боли глава од сметката!

Sase Ivanovski

Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Sase Ivanovski

Мемов: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи но и соработка со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Папата ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност

Sase Ivanovski

„Да ја напуштат Владата и да се обединиме“: Села со понуда до Вреди

Sase Ivanovski

ДУИ реагира што на интернет страниците на МВР, Министерството за транспорт и енергетика нема албански јазик

Sase Ivanovski

Комерцијална банка со задоволство го пушти во употреба новиот портал за Интернет банка – online.kb.mk

Sase Ivanovski

Тешка кражба во домот на Битиќи, украден е сеф

Sase Ivanovski

Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е патоказ кој не е создаден за Брисел, туку пред сè за граѓаните што ги претставуваме, чија доверба е темелот на нашата демократија“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Застојот на интеграциите за Македонија е губење милијарди евра поддршка од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Добро утро, добар ден на светскиот ден на планетата Земја со оваа глетка од Градски парк Моментот го забележа и овековечи Сара Марковска

Sase Ivanovski

КАДЕ ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ САКААТ НАЈВЕЌЕ ДА ПРЕСТОЈУВААТ? САРАЕВО И ДУБРОВНИК МЕЃУ ОМИЛЕНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ШИРИ ЛИ ТОКСИЧНА ПЕПЕЛ ВО БИТОЛА? ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени две лица од тетовско затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка која нема да ја совладаме

Sase Ivanovski

Ал Гор: Администрацијата на Трамп го прави она што го направија нацистите

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид, меѓу нив и две деца

Sase Ivanovski

Волгринс се реши, ќе плати 300 милиони долари казни – издавал лекови на рецепт без потврдена легитимност!

Sase Ivanovski

„Животот е крв“ – МаксБет организира крводарителска акција во Скопје

Sase Ivanovski

Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прв напад од ајкула на плажа во Израел, пливачот брзо се изгуби во длабочините

Sase Ivanovski

Египет и Катар претставија нов мировен предлог за Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ватикан објави фотографии од папата Франциск положен во ковчег

Sase Ivanovski

Нацистички знамиња со кукасти крстови осамнаа во Шведска на роденденот на Хитлер

Sase Ivanovski

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027

Sase Ivanovski

Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена

Sase Ivanovski

Вработените во Министерството за култура на протест поради неисплатените плати

Sase Ivanovski

Доживотен затвор за сторителот на масакрот во Ел Пасо, Тексас, кој уби 23 лица

Sase Ivanovski

Расфрлано ѓубре на сите страни на Кејот „13 Ноември“

Sase Ivanovski

Трамп го „започна процесот“ на замена на Пит Хегсет

Sase Ivanovski

15 г Ачибадем Систина + хипербарна комора

Sase Ivanovski

Одеса и Киев може да паднат во руски раце, предупредува американскиот генерал Весли Кларк

Sase Ivanovski

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина стои на понудата да не ја напаѓа цивилната инфраструктура

Sase Ivanovski

Група студенти и граѓани сè уште ја блокираат РТС

Sase Ivanovski

Москва: Руските сили во близина на Покровск ликвидираа група платеници од Португалија

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа кај Петровец. Нема тешко повредени

Sase Ivanovski

Израелските сили од раните утрински часови убија најмалку 14 лица во Појасот Газа

Sase Ivanovski
Вчитувам....