МАКТЕЛ

     

Техеран и Тел Авив одбројуваат часови до голем ирански напад врз Израел

      

 

Иран е решен да го нападне Израел и тоа во следните неколку денови. Ова, според два анонимни извори на порталот Аксиос, го заклучиле израелските разузнавачи во обновената процена за заканата од можна реакција на Иран по атентатот врз лидерот на Хамас додека беше во посета на Техеран. Нападот би бил директен, координиран со проиранската група Хезболах од Либан, а би требало да биде спроведен пред да почнат новите преговори помеѓу Израел и Хамас за прекин на војната во Газа. За новите процени Израелците го информирале и шефот на Пентагон, Лојд Остин, поради што Вашингтон, заедно со посредниците Катар и Египет, ги засилија напорите да забрзаат прекин на огнот во Газа и договор помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците.

   

– Ова е голем пресврт, но ситуацијата сѐ уште е флуидна – изјавил за Аксиос еден од изворите.
Во првата процена на ризикот од ирански напад, изготвена веднаш по убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, израелските разузнавачи предупредија дека има опасност од напад, но тогаш не беше наведена временска рамка.

Војување преку милиции

Иран и Израел водат студена војна уште од Исламската револуција во 1979 година. Техеран финансира и поддржува низа милиции што спроведуваат напади врз Израел, од Хезболах во Либан и Сирија, преку Хамас и Исламски џихад на Палестинските територии, па сѐ до хутите во Јемен, а Израел возвраќа со поддршка на бунтовни и опозициски групи, како Народните муџахедини на Иран, но двете земји не војувале директно. Исклучок е иранскиот напад со околу 300 проектили и беспилотни летала во април, како одговор на израелскиот напад врз иранската амбасада во Сирија, при што загинаа висок генерал и уште неколку лица. Повеќето од проектилите и дроновите беа соборени од израелски, американски, британски француски, јордански и саудиски противвоздушни системи уште пред да навлезат на израелска територија.

Клучна улога во смирувањето на таа ситуација одигра Јордан, кој на своја територија пресретна ирански проектили и им дозволи на американски борбени авиони да го користат воздушниот простор на Кралството.
Американскиот генерал Мајкл Курила, командант на американските сили на Блискиот Исток, во саботата пристигна во мисија во регионот за да се обиде да го обнови фронтот што во април го одбрани Израел од иранскиот напад.

Доаѓаат американски носач и подморница

Секретарот за одбрана Остин кон водите околу Блискиот Исток упати нуклеарна подморница со наведувани проектили, како и носачот на авиони „Абрахам Линколн“ со својата борбена група.
– Секретарот Остин ја потврди посветеноста на САД да ги преземат сите можни чекори за одбрана на Израел и го истакна зајакнувањето на американското воено присуство и капацитетите на целиот Блиски Исток во врска со ескалацијата на регионалните тензии – соопшти Пентагон.

Американската војска веќе најави дека ќе распореди дополнителни борбени авиони и воени бродови на морнарицата на Блискиот исток додека Вашингтон се обидува да ја зајакне одбраната на Израел. Администрацијата на претседателот Џо Бајден, сепак, е загрижена дека сега ќе биде потешко да се мобилизира истата регионална и меѓународна коалиција, поради сѐ поострите критики кон Израел поради нападите во Газа и атентатот врз лидерот на Хамас во Техеран. Иран објави дека е обврзан да се одмазди за атентатот, бидејќи Исмаил Ханије беше убиен во Техеран. Ајатолахот Али Хамнеи најави „строга казна“ за Израел, а иранската мисија во Обединетите нации објави дека „одговорот ќе биде внимателно одмерен и извршен на начин да не го попречи евентуалниот прекин на огнот во Газа“.

Прво Хезболах, па потоа Иран

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, сепак, изјави дека „воените активности на Револуционерната гарда укажуваат дека Иран ги привршува подготовките за напад од голем обем“.
– Се надевам дека тие повторно ќе размислат и дека тоа нема да води кон избувнување војна на други фронтови. Ние не го сакаме тоа, но мора да бидеме подготвени – изјави Галант.
Разузнавачите проценуваат дека првиот удар би го задала проиранската група Хезболах, како одговор на атентатот на нејзиниот висок командант во Бејрут. Веднаш потоа во акцијата би се придружил и Иран со директен напад врз Израел. Координираните напади би биле со поголем обем и жестина, во споредба со оние од април.Извештајот содржи и проценка дека новиот ирански претседател не ја споделува решеноста на Револуционерната гарда за обемот на одмаздничкиот напад и е убеден дека ескалацијата на судирите во регионот не е во полза на иранските интереси.

Хамас се колеба за преговори

Проблем за интензивираните мировни напори е и цврстиот став на новото раководство на Хамас дека групата нема да отстапи од рамката на претходните разговори. Првата средба е закажана за в четврток во Каиро или во Доха. Израелските власти соопштија дека ќе испратат преговарачи на состанокот, а Хамас само објави дека „сè уште ја разгледува поканата“.
– Нашето движење ги повикува посредниците да презентираат план за спроведување на она за што Хамас се согласи на 2 јули 2024 година, врз основа на визијата на Бајден и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Посредниците треба да му го наметнат ова на окупаторот (Израел) наместо да водат натамошни рунди преговори или да даваат нови предлози со цел да обезбедат покритие за агресијата и ќе им дадат повеќе време да го продолжат геноцидот врз нашиот народ – соопшти Хамас.

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....