1.8 C
Скопје
18/03/2025 21:42
МАКТЕЛ

    

ТЕШКАТА СУДБИНА НА ПОЛСКА И ПОЛСКИОТ НАРОД, СО ВЕКОВИ ЧЕРЕЧЕНА И МАЛТРЕТИРАНА ОД ГЕРМАНИЈА И РУСИЈА!

      

Во 10. век, западнословенските полски племиња под пјастскиот принц Миешко I околу 960 година успеале да основаат суверена држава околу Познањ и Гњезно во областа подоцна наречена Великополска. Во текот на средниот век, Германците се прошириле кон исток од модерната западна и централна Германија во помалку населените региони, источно од реката Елба, кои биле населени со балтички, фински и словенски народи, вклучувајќи ги и Полјаците. Областа на германско населување приближно се протегала од Словенија до Естонија, а на југ во Трансилванија. Феноменот, познат како „Ostsiedlung“ („источна населба“, „населба на исток“) го следеше територијалното ширење на Светото Римско Царство и Тевтонскиот ред.

Митот за Тевтонскиот ред

   

Во 13. век, Полска страдала од нападите на паганските племиња. Како одговор, Конрад I од Мазовија ангажирал армија од невработени крстоносци – Тевтонскиот ред. По неуспехот да ги преобрати старите Пруси во христијанство, апетитите на Редот пораснаа и тој влезе во низа конфликти со полската држава, која го ангажираше. Тевтонските витези го нападнаа главниот пристанишен град во земјата Гдањск и ја презедоа контролата на речиси целиот југоисточен брег на Балтичкото Море. Тевтонските витези го држеа под окупација овој регион речиси 200 години. Тие останаа моќни до 1410 година, кога здружената полско-литванска војска успеа да извојува решавачка победа над Тевтонскиот ред во Грунвалд. Како резултат на тоа, Полска се појави како голема сила во Централна Европа.

Во 16. век, по Реформацијата на Мартин Лутер и на Контрареформацијата и избувнувањето на Триесетгодишната војна во германските земји, Полска стана римокатоличко упориште. Во 1683 година, полската војска командувана од кралот Јан III Собјески помогна да се скрши османлиската опсада на Виена и заедно со Светото Римско Царство, стави крај на растечкото ширење на Отоманската империја во Европа.

Во тоа време, 16. и 17. век, Полско-литванскиот комонвелт, формално познат како Кралство Полска и Големото Војводство Литванија беше една од најмоќните, најголемите и најнаселените држави во Европа. Таа беше управувана од заеднички монарх во вистинска унија, кој беше и крал на Полска и велики војвода на Литванија. Во својот најголем територијален опсег, на почетокот на 17. век, оваа држава покриваше 1.000.000 км2 и имаше мултиетничко население од речиси 12 милиони. Полскиот и латинскиот беа двата службени јазици, а католицизмот државна религија.

Во 18. век почна слабеењето на овој огромен комонвелт, уништен од граѓанска војна, што доведе до поделба на Полска во три наврати, за на крај да исчезне како држава. Учесниците во овој постепен територијален грабеж беа Прусија, Хабсбуршката монархија и Руската империја. Полска и Литванија останаа без свои држави во наредните 123 години.

Трите поделби на Полска

Првата поделба се случи откако Русија се вклучи во војна против Отоманските Турци (1768) и извојува импресивни победи, особено во Дунавските кнежевства, по што Австрија се вознемири и се закани дека ќе влезе во војна против Русија. Фридрих II (Велики) од Прусија, за да избегне ескалација на Руско-турската војна, реши да ги смири австро-руските односи со префрлање на правецот на руската експанзија кон Полска.

Во 1772 година, Русија, Прусија и Австрија потпишаа договор со кој се подели Полска. Ратификуван од полскиот Сејм (законодавно тело) 1773 година, договорот ја лиши Полска од приближно половина од нејзиното население и речиси една третина (околу 211.000 квадратни километри) од нејзината површина. Трите монархии добија по еден дел од оваа територија.

Речиси 20 години подоцна, Полска направи напори да се зајакне преку внатрешни реформи, усвои нов, либерален устав (1791 година). Но тој потег предизвика реакција на конзервативните сили во Полска, кои побараа Русија да интервенира за да го врати поранешниот полски устав. Русија ја прифати поканата, но и Прусија испрати војници во Полска, а во јануари 1793 година, двете сили се договорија за Втората поделба на Полска. Потврдена во август и септември 1793 година од полскиот Сејм – опкружен со руски трупи – Втората поделба го префрли на Русија главниот остаток од Литванска Белорусија и западна Украина, Прусија ја доби економски вредната провинција Кралска Прусија, со исклучок на градовите Гдањск и Торуњ. Австрија ги доби регионите на Малополска јужно од реката Висла и областа која подоцна стана позната како Галиција. Со Втората поделба Полска остана уште без 300.000 квадратни километри.

Со Третата поделба Полска беше конечно укината како држава во јануари 1797 година. Русија ја доби целата територија на Литванија и остатокот од Волинска Украина; Прусија го доби остатокот од Мазовија, вклучувајќи ја и Варшава, а Австрија го зеде преостанатиот дел од Малополска со Краков.

Тие територијални поделби беа изменети во 1807 година, кога фарнцускиот император Наполеон го создаде Варшавското војводство од централните провинции на пруска Полска, и во 1815 година, кога Конгресот на Виена го создаде Конгресното Кралство Полска.

Во 19. век избувнаа неколку полски востанија, а најголемото беше она од 1848 година. Прускиот водач и основач на модерна Германија, Ото фон Бизмарк, во однос на Полјаците, напиша: „Удри ги Полјаците толку силно што тие да очајуваат од нивниот живот; Имам целосно сочувство со нивната состојба, но ако сакаме да преживееме, треба само да ги истребиме; волкот, исто така, не може да не биде создаден од Бога таков каков што е, но луѓето го стрелаат токму поради тоа, ако можат“. Германија изврши протерување на Полјаците, а од крајот на 19. век, концептот Lebensraum беше пролифериран во Германија, а се однесуваше и на припоените стари полски територии. Бернхард фон Булов, кој беше канцелар на Германија од 1900 до 1909 година, ја нарече полската победа над Тевтонските витези во битката кај Грунвалд, најстрашната национална катастрофа на Германците.

Елиминацијата на суверената држава Полска – беше на сила до крајот на Првата светска војна, кога полската република конечно беше обновена (11 ноември 1918 година).

Настаните во Втората светска војна, суровата нацистичка окупација, поместувањето на територијата на Полска на запад за да се задоволат амбициите на Сталин и протерувањето на Германците од новите територии се последните големи трауматични настани.

Користејќи како изговор еден провоциран инцидент во Данциг (Гдањск) Хитлер ја нападна Полска на 1 септември 1939 година и со тоа почна Втората светската. Една недела претходно германскиот и советскиот министер за надворешни работи, Рибентроп и Молотов, склучија пакт за ненапаѓање, кој во своите тајни клаузули ја имаше и поделбата на Полска, на сличен начин како што се случи на крајот на 18. век.

Поместувањето на Полска на запад

На 17 септември 1939 година, Црвената армија ја нападна Полска од исток, а на 28 септември Хитлер и Сталин се договорија за конечна поделба, Советите ќе ја заземат источна Галиција и ќе дојдат источно од реката Буг (т.е. повеќе од половина од земјата, каде што Полјаците сочинуваа околу две петтини од населението). По фарсични плебисцити во октомври и ноември, овие територии беа инкорпорирани во советските републики Украина и Белорусија. Помеѓу 1940 и 1941 година околу 1,5 милиони луѓе беа депортирани во СССР. Вилно (Вилнус) ѝ беше предаден на Литванија, која до 1940 година стана една од советските републики. Со западниот дел владееше нацистичка Германија, каде што ги изгради најголемиот дел од страшните концентрациони кампови.

Се проценува дека за време на Втората светска војна околу 5,8 милиони Полјаци ги загубиле животите (една петина од населението). Од нив три милиони биле Евреи, два милиони Полјаци и еден милион полски граѓани кои биле од други етнички групи. По капитулацијата на Германија и според договорот од Потсдам Сталин драматично ја прошири територијата на Советскиот Сојуз на запад, преземајќи територии на предвоена Полска и инкорпорирајќи ги на Украина и Белорусија. За возврат Полска се помести на запад, на териториите кои беа главно населени од Германци. Во оваа територијална зделка со одобрение на Черчил и Труман, Полска загуби 20 отсто од својата предвоена територија.

По војната почна протерувањето на Германците од новите полски територии.

Според повеќе историски истражувања околу осум милиони Германци (од вкупно 11 милиони) биле протерани од новите полски територии од 1945 во наредните 10 години. Најголемиот дел од нив заминаа во Западна Германија. Претходно, кога нацистичка Германија ги окупира полските територии од таму беа протерани 2,4 милиони Полјаци. За време на протерувањето и интернирањето во полски кампови загинаа неколку стотици илјади Германци.

Околу осум милиони Германци (од вкупно 11 милиони) биле протерани од новите полски територии од 1945 во наредните 10 годиниФотографија: picture-alliance / akg-images

Тогаш како двете држави и двата народи со толку голема недоверба меѓу себе, па дури и омраза, со предрасуди и нетрпеливост успеаја да се сретнат во комисијата за историски учебници во екот на Студената војна и да направат нешто кое ќе ги издигне над историските митови. Одговорот веројатно е во општествената свест, во дигнитетот на историчарите и во нивното чувство и знаење да придонесат во меѓусебното разбирање на двата народи, а во исто време што помалку да ѝ служат на политиката. Или да бидат нејзини историски агенти. За тоа како беше создадена тааа комисија за учебници, како работеше и што сработи, идната сабота.(dw)

Љупчо Поповски

  

Најново

СДК: НОВИНАРИ НА ТВ21 И РОЈТЕРС ЗАДРЖАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ОТИ СНИМАЛЕ СО ДРОН НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син, колегите му го земаа пиштолот да не направи нешто лошо

Sase Ivanovski

„Ние сме контејнери од кожа, а не луѓе“: Венко Андоновски со остри зброви по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МВР: Поставена е забрана за дронови на територија на Штип и Кочани!

Sase Ivanovski

Ученик од шесто одделение во Велес врзал со лисици соученик и му вперил пластичен пиштол!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Громогласен молк од илјадници луѓе на Плоштадот Македонија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Контраспин: Неумесно и нечовечки е вината за трагедијата во Кочани да се фрла врз бендот

Sase Ivanovski

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Sase Ivanovski

Мицкоски: Фалсификувани лиценци нема да се толерираат

Sase Ivanovski

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Sase Ivanovski

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Sase Ivanovski

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе има робусна контрола и сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани

Sase Ivanovski

Одговор на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на ДУИ испратено до ОБСЕ

Sase Ivanovski

За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колешка на возачот од Итната помош: Иле секогаш велеше не грижете се добро ќе биде

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Кога улицата ни прави „систем“ и дели „правда“, секој еден навистина може да е следен – следна жртва на манипулатори и некадарници

Sase Ivanovski

ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН ПОВИКУВА НА МОЛИТВА И НА СПЛОТЕНОСТ Единството е најпотребно во вакви злокобни неприлики

Sase Ivanovski

Да се воздржиме и да дочекаме правда

Sase Ivanovski

Денко Малески: Соседите тагуваат со нас

Sase Ivanovski

Социјални работници и психолози на грчкиот Црвен крст се во солунските болници за помош на роднините на повредените

Sase Ivanovski

МТЕЛ Македонија донираше 3 милиони денари за семејствата од настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лекарска комора: Да се почитуваат медицинските протоколи, кои предвидуваат изолација и забрана за посети

Sase Ivanovski

Митева: Од 50 дискотеки и кабаре клубови кои се контролирани само 22 имаат важечки лиценци

Sase Ivanovski

Петар Арсовски: Тенка е линијата меѓу сочувство и протест, „народот ќе се самоорганизира“ ако не се уапсат вистинските

Sase Ivanovski

Тешко повреден кумановец при работа во фабрика

Sase Ivanovski

Александар Јанев: Драги граѓани на Македонија и драги сограѓани од Истокот – Со длабока тага, сочувство и присебност ги следиме трагичните настани што го потресоа нашиот град Кочани.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Денес се одржа вториот студентски собир кај кампусот на техничките факултети, посветен на жртвите од трагичниот пожар во Кочани

Sase Ivanovski

Екс-директорот на ДПИ Стојко Пауновски: Прво Општината, Министерството за Транспорт, па МВР и на крај Економија дава лиценци за кабаре и дискотеки

Sase Ivanovski

Почесниот конзул на Србија Стаиќ: Ќе ги покријам сите трошоци на семејствата на повредените кои се пренесени во болниците во Ниш и Белград

Sase Ivanovski

ГУТЕРЕШ Е ЗАПРЕПАСТЕН ОД ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА Убиени се над 400 Палестинци, главно жени и деца

Sase Ivanovski

ПУТИН САКА ДА СОРАБОТУВА СО ИЛОН МАСК Се спремаат разговори за летови на Марс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИМА НОВО ОРУЖЈЕ, ВЕЌЕ ГО КОРИСТИ ПРОТИВ РУСИЈА Ракетата „Долгиот Нептун“ има дострел од 1.000 километри

Sase Ivanovski

ХОСПИТАЛИЗИРАНИ НОВИ 20 СЛУЧАИ Меѓу нив се и тројца пожарникари

Sase Ivanovski

ЈАВНОСТА ЌЕ СЕ ЗГРОЗИ ОД СУМИТЕ ЗА КОИ БИЛЕ ИЗДАВАНИ ДОКУМЕНТИ Корупцијата и митото се во коренот на трагедијата во Кочани, рече Тошковски

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА Мицкоски потврди дека се преземени неопходните мерки за спасување на животите

Sase Ivanovski

ВО СКОПЈЕ САМО 2 КАБАРЕА РАБОТАТ ЛЕГАЛНО Од 2017 година досега се издадени дури 215 лиценци за ноќни клубови низ целата земја

Sase Ivanovski

КИНА ГО ЗАПРЕ УВОЗОТ НА АМЕРИКАНСКО МЕСО? Не ги обновува истечените лиценци на американските компании

Sase Ivanovski

ЈАЈЦАТА СТАНАА ЛУКСУЗ ВО САД, РАСТЕ ШВЕРЦОТ ОД МЕКСИКО Криумчарите плаќаат 300 долари казна ако ги фатат на граница

Sase Ivanovski

УДРИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО И ПОВРЕДИЛ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ 25-годишник бегал од полицијата бидејќи имал мигранти со него

Sase Ivanovski

ТРОЈЦАТА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО АТИНА СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБА Се работи за млади на возраст меѓу 22 и 24 години

Sase Ivanovski

МОЖЕШЕ ДА ГО РАЗНЕСЕ ЦЕЛО КОЧАНИ Пронајден нелегален подземен 10-тонски нафтен склад на 50 метри од „Пулс“

Sase Ivanovski

РЕЗЕРВОАРОТ СО НАФТА БИЛ ПРАЗЕН, СОПСТВЕНИКОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО ДИСКОТЕКАТА Завршена е обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Бугарско МЗ: Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Sase Ivanovski

Софија: Скоро 100 луѓе денеска даруваа крв на ВМА за настраданите во Република Северна Македонија, кампањата продолжува кај Пирогов и во Националниот центар за трансфузиона хематологија

Sase Ivanovski

Акција во општина Карпош за проверка на хидрантската мрежа во зградите

Sase Ivanovski

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

Sase Ivanovski

16 лица добија 48-часовен притвор за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Муцунски: Ги посетивме пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во двете болници во Солун.

Sase Ivanovski

Триесет и едногодишен пациент вчера починал ненадејно во Општа болница Куманово

Sase Ivanovski

Таткото на Ведат: За две минути ми го убија синот – во кумановската болница влезе обвинителството и полицијата

Sase Ivanovski

Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал

Sase Ivanovski

Почина 32-годишен маж во кумановската болница, бил донесен со влошена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде в четврток

Sase Ivanovski

ДОМ: бараме промена на политичкиот систем кој ги суспендираше институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден од осомничените ја крши задната врата за да се излегува од диското

Sase Ivanovski

Министерот за правда, Игор Филков се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.

Sase Ivanovski

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот

Sase Ivanovski

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ПРОШИРУВААТ ГРОБИШТАТА ВО КОЧАНИ: Планиран е колективен погреб за жртвите од трагедијата

Sase Ivanovski

Заврши распитот на градоначалникот на Кочани, дополнително ќе се одлучува за неговиот статус во натамошната постапка

Sase Ivanovski

Како со изјава во која сам тврдиш дека ги исполнуваш условите добиваш лиценца за кабаре?

Sase Ivanovski

Притвор за обезбедувач на дискотеката во Кочани: Ги спасив сите кои можев, мака ми е за сите што не можев

Sase Ivanovski

(Видео) Газдата на „Пулс“ на 50 метри имал склад со гориво, можело цело Кочани да одлета во воздух

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прекинато примирјето во Газа: Израел изврши масовни напади, убиени над 200 луѓе

Sase Ivanovski

Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Кочани ќе биде лидер на отпорот како што е лидер во тагата

Sase Ivanovski

Град Скопје додели шест милиони денари за семејствата на жртвите од пожарот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 75-минутен молк пред македонската амбасада во Белград, граѓаните им оддадоа почит на жртвите од Кочани и Нови Сад

Sase Ivanovski

Претреси во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Од денеска теренска контрола во сите дискотеки и ноќни клубови

Sase Ivanovski

И деца под 18 години се журкаат до изгрејсонце – од „око“ се проценува возраста на гостите во дискотеките

Sase Ivanovski

Не правам ПР од посетите на повредените, никогаш не објавив лице или име на некој од нив, рече Мицкоски

Sase Ivanovski

МВР: Зголемениот број на полиција пред зградата на Општина Кочани е поради обезбедување на документација од општината

Sase Ivanovski

Мицкоски за Папазов: И свети ВМРО да е ќе одговара, никого нема да штитиме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Средношколци и професори во Неготино со солзи им оддадоа почит на починатите младинци: Летајте високо, души невини!

Sase Ivanovski

Тошковски разреши началници од СВР Штип и ОВР Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....