Педесет и петгодишен скопјанец е тешко повреден откако возејќи велосипед бил удрен од автомобил по што сторителот избегал од местото на несреќата.
„Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.