Доаѓањето на Килијан Мбапе не му го донесе на Реал Мадрид она што сите го очекуваа, па тој беше јавно критикуван од легендарниот Тиери Анри. Французинот летово од Пари Сен Жермен дојде во редовите на европскиот и шпанскиот првак како огромно засилување, но не му се допадна позицијата на класичен напаѓач, каде што беше принуден да игра бидејќи неговата природна позиција е онаа на која игра Винисиус.
„Тој го фрустрира тимот, што разбирам дека не е лесно. Мораме да му дадеме време, но мора да научи да игра како `деветка`, да покажува желба. Белингем се обидува да покаже што треба да направи Мбапе како `деветка`“, рече Aнри. Реал во втоирникот загуби од Милан со 3:1 на домашен терен во Лигата на шампионите, а претходно во Мадрид беше декласиран од Барселона со 4:0, во Ла Лига.