– Слушнавме полициски сирени, а потоа многу брзо пристигнаа екипите на итната помош. Немавме поим што се случува. Знаеме дека таму има градинка, но немавме поим дека може да се случи ваква трагедија. Ова е страшно – вели една од станарките на околните згради.
-Ништо не слушнавме, беше тивко, само подоцна разговаравме со соседите. Ни беше јасно дека нешто не е во ред кога видовме толку многу полицајци и лекари – додава друг соговорник за медиумите.Според првичните сознанија едногодишното момче спиело, се разбудило и почнало да повраќа, а набрзо потоа починало.Наредена е обдукција и токсиколошки анализи за да се утврди причината за изненадната смрт на детето.