Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците.
Тие го поддржуваат, вели тој, „затоа што го гледаат како жртва на дискриминација“, споредувајќи го она што му се случува со историското наследство на предрасудите кон Афроамериканците во американскиот правен систем.
„Не сум обвинет за ништо, за нешто што не е ништо“, рече Трамп на собирот на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина. „И многу луѓе велеа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што беа тешко повредени и дискриминирани, а всушност видоа дека и јас сум бил дискриминиран.