Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е штета што индискиот напад врз Пакистан се случи вечерва и дека се надева дека брзо ќе заврши.
„Штета е “Само што слушнавме за тоа“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесе Гардијан. Тој додаде дека „луѓето знаеле дека нешто ќе се случи врз основа на минатото“, бидејќи и двете страни се борат „многу, многу децении и векови“. „Само се надевам дека ова ќе заврши многу брзо“, додаде Трамп. Индиската армија изврши напади на девет локации во Пакистан и спорниот регион Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку две лица, а повредени се најмалку 12 други.