6.8 C
Скопје
03/12/2022 07:06
МАКТЕЛ

Треновски за МИА: Инфлацијата расте во сите земји, повисока е во отворените и увозно зависни економии

Високата стапка на инфлација која во октомври, според официјалните статистички податоци достигна 19,8 проценти, според професорот на Економскиот факултет во Скопје Борче Треновски, во значаен дел е резултат на увозната зависност на нашата економија, скромниот капацитет за домашно производство на храна и енергија и структурата на потрошувачката (53 проценти за храна и енергија).

Во изјава за МИА, Треновски оценува дека економските политики, ако се навремени и добро насочени, можат на краток рок да влијаат на ублажување на цените, меѓутоа за позначајни промени, како што вели, ќе треба да се работи на среден рок.

 

– Она што го научивме од ова глобална и домашна економска/енергетска криза е дека нема земја отпорна на глобални кризи, посебно ранливи се малите и отворени економии и навремено треба да се инвестира во градење на одржлив и отпорен економски систем. Во моментот е евидентно дека пониските стапки на инфлација во голем дел од економиите се поврзани со нивната структура на економијата, сопственото производство на електрична енергија/храна и можноста овие економии на овој начин да го намалат глобалниот ценовен притисок во последната година. Оваа не е лесна работа и е наша ненапишана домашна задача која се пишува и брише последните две децении, нагласува Треновски.

  

Континуираното намалување на увозната зависност, енергетската независност, диверзификацијата на извозот, развојот на земјоделието, производството на храна и инвестирањето во човечкиот капитал, според Треновски, ќе овозможат подготвени да ги пресретнеме тековните и идните економски нарушувања.

– Оваа не е лесна работа, меѓутоа се надевам нема да губиме време и да нема да треба повторно да ја учиме иста лекција во иднина, вели Треновски за МИА.

Прашан како да се ублажи инфлацијата и како да се намали нашата ранливост на надворешни и интерни шокови, Треновски со став дека важни се и фискалната и монетарната политика.

Централната банка, вели Треновски, уште од минатата година започна да презема повеќе мерки, преку зголемување на основната каматна стапка, која сега изнесува 3,5 проценти, промени во задолжителната резерва за стимулирање на штедењето во денари и поттикнување на зеленото кредитирање, како и каматните стапки за задолжување преку ноќ на седум дена.

– Меѓутоа, особено е значајно да се следат монетарните движења, стабилноста на финансискиот сектор, пазарот на недвижности, однесувањето на фискалната политика и одлучно да се делува. Народната банка е потребно блиску да ги следи инфлаторните очекувања, како и политиката на Европската централна банка поради поврзаноста на курсот на денарот за еврото. Потребно е да се делува од повеќе аспекти и преку повеќе инструменти –  основната каматна стапка не е единствениот инструмент. Замислете да се зголеми енормно каматната стапка во услови кога околу 70 проценти од кредитите се со варијабилна камата, кога имате намалување на ликвидноста, кога инфлацијата доминантно доаѓа од цените на основните производи. Дали со таа каматна стапка ќе ја намалиме побарувачката за леб и за месо или ќе намалиме некој друг дел на побарувачката, нагласува Треновски.

Од друга страна, според Треновски, Владата треба целиот фокус да го насочи кон намалување на неизвесноста за своите чекори, поефикасно собирање на фискалните приходи и таргетирана поддршка за бизнисите и граѓаните.

– Потребно е да се фокусира на добро информирање и отчетно/ефикасно спроведување на најавените мерки, посебно водејќи сметка за дисциплината/манипулациите на пазарите.  Значајното одврзување на фискалното ќесе без да се води сметка за ефектите врз ценовните движења, може да има ефект како да додавате нафта во оган, а нафтата не е евтина во моментот и може да го разгори огнот уште повеќе. Оттука значајноста и одговорноста на фискалната политика е огромна, смета Треновски.

Државниот завод за статистика објави дека трошоците на животот во октомври  во однос на октомври лани бележат зголемување од 19,8 проценти, а цените на мало од 15,4 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои секој месец изработуваат синдикална потрошувачка кошничка, велат дека една просечна и една минимална плата одамна не се доволни за да се задоволат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Оттаму за денеска најавуваат седница на Претседателството на ССМ на која ќе бидат разгледани сите можни облици и притисоци што ќе ги преземат.

         

Најново

(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ КОЈ Е ФИНАНСИРАН ОД ШВЕДСКА, ЖИДАС ДАСКАЛОВСКИ ЛАЖЕ НА ТВ: Во моментов има повеќе медиуми што ја фалат владата од медиуми што ја критикуваат?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ: Оф роуд емисии нема затоа што Грујо падна и ВМРО ДПМНЕ веќе не ми дава по десетици иљади евра за сезона

Sase Ivanovski

(Видео) Беџети: Не се работело за дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет

Tamara Ivanovska

ДРАМА ВО КАТАР – Уругвајците ги нападнаа судиите по испаѓањето од СП, обезбедувањето едвај можеше да реагира

Tamara Ivanovska

Силен земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина!

Tamara Ivanovska

МИСТЕРИЈА: ОД КАДЕ МУ НА АПАСИЕВ 15 000 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА 25 КАНЦЕЛАРИИ НА ЛЕВИЦА ШИРУМ ЗЕМЈАТА?!

Sase Ivanovski

КОРУПЦИЈАТА ВЕ КОЧИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Американската амбасадорка ни постави дијагноза

Tamara Ivanovska

СРБИЈА СТАВИ АГЕНТ НА ПУТИН НА ЧЕЛО НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА! Остри критики за именувањето на Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ КЛУБ, ОВОЈПАТ ВО КАВАДАРЦИ! Отворањето е предвидено за 11 декември

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЛЕВИЦА ОТВОРИ КАНЦЕЛАРИЈА ВО КОЧАНИ, 25-ТА ПО РЕД ШИРУМ ЗЕМЈАТА, АПАСИЕВ ВЕЛИ ЦЕЛТА ИМ БИЛА ДА ЈА УНИШТАТ СДСМ

Sase Ivanovski

СЕ ЕВАКУИРААТ ЦИВИЛИ ОД ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ДНЕПАР Двете страни разменуваат жесток оган преку реката

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) БОМБА НА ПАЛЕВСКИ: МАКЕДОНЦИТЕ НАМЕСТО ДА ПРАВАТ КЛУБОВИ ДА НАПРАВАТ ПАРТИЈА ВО БУГАРИЈА И ДА ВЛЕЗАТ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ДА ИНИЦИРААТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Sase Ivanovski

ШВАЈЦАРИЈА ГИ ПРИЗЕМЈИ СРПСКИТЕ ОРЛИ И ОДИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Камерун го шокираше Бразил

Tamara Ivanovska

ЈУЖНА КОРЕЈА СЕ ИЗБОРИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ Пресудниот гол падна во судиското продолжение

Tamara Ivanovska

„МУ БЛАГОДАРАМ НА КАТАР ЗА ЧЕСТА“ Од болница се јави кралот на фудбалот

Tamara Ivanovska

НЕ СУМ ЈА ПИПНАЛ СОПРУГАТА НА РАЈКОВИЌ Душан Влаховиќ вели дека некој сака да му го оцрни образот со лаги

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ И АРСОВСКА ЌЕ ГО ОСТАВАТ СКОПЈЕ БЕЗ ЈАВЕН ТРАНСПОРТ! На тајни средби ги договараат набавките, тврди Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ

Tamara Ivanovska

ДЕДОМРАЗОВЦИ, ЗАГРЕЈТЕ СЕ! Почна пријавувањето на традиционалната Дедомразовска трка

Tamara Ivanovska

ВО САД МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 175 ГОДИНИ ЗАТВОР! Асанж поднесе жалба на одлуката да го екстрадираат

Tamara Ivanovska

Закани кон Левица од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: “Затоа ќе јадат ќотек, не за џабе ќе му ја дупнеа главата!”

Tamara Ivanovska

ЛЕНИН БИЛ МИЛИОНЕР: Имам многу пари, и не се срамам дека сум богат, да не лажат дека сум имал само еден скап мотор, имам неколку скапи мотори плус и џипови имам

Sase Ivanovski

Изгореа мазда во Кисела Вода и мерцедес во Ченто

Tamara Ivanovska

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека ќе ѝ сечат раце, нозе, се закануваа со деца – Големите партии станаа мафијашки структури!

Tamara Ivanovska

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

Tamara Ivanovska

Левица го подбра Наумче: Вака ли се развива “европски” спорт како што ветуваше во кампањата за промена на името?

Tamara Ivanovska

Андоновски: Имаме сомнежи дека Ковачевски и Арсовска на тајните средби договарале бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис партнерот од коалицијата на СДСМ

Tamara Ivanovska

Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Tamara Ivanovska

Средба Бесими – Агелер: РС Македонија одлучно чекори кон ЕУ, САД значаен партнер за реформите на тој пат

Tamara Ivanovska

ПЕНДАРОВСКИ: Посета на ученици од ООУ „Ѓорги Сугарев” – Битола во рамки на Отворен Кабинет

Tamara Ivanovska

Бесими и Шијаочин Ју потпишаа Договор за грант од ЕУ за кофинансирање на проектот на СБ за модернизација на земјоделството

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање, за само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000 евра

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ЈОВАНОВСКИ: Се откажавме од тоа веднаш да се плати главниот долг од 60 милиони денари, бараме да ни пуштат само 5 милиони денари колку гориво да ставиме, средбата со секретарот на Град Скопје беше многу тензична, полна со емоции, буквално го молевме да ни пушти пари доведени сме до питачки стап

Sase Ivanovski

Владата и Биатлон федерацијата реализираа Конференција за родова еднаквост во спортот

Tamara Ivanovska

85 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Tamara Ivanovska

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта

Tamara Ivanovska

Бугарија ќе и достави мало и лесно оружје на Украина

Tamara Ivanovska

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

Едночасовен телефонски разговор Путин- Шолц : Рускиот претседател ја предупредил Германија

Tamara Ivanovska

Јовановски: Речиси 1,3 милиони евра е долгот кон приватните превозници

Tamara Ivanovska

Ајде да пошумуваме заедно – Акција за пошумување на опожарено подрачје во село Петралица, општина Ранковце

Sase Ivanovski

Асанж поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права против екстрадицијата во САД

Tamara Ivanovska

Ковачевски: Треба да продолжи дискусијата за прогресивното одданочување

Tamara Ivanovska

Директорката од Петровец:„На е-маилот се гледа до кои училишта е пратена пораката, зошто МВР не не контактираше?“

Tamara Ivanovska

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГОТВЕШЕ ОБРОЦИ СО ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

ЕУ ќе дозволи слободно користење мобилни телефони во авиони

Tamara Ivanovska

Блинкен: Заштитата на верските слободи низ светот е и заштита на националната безбедност на САД

Tamara Ivanovska

За Османи скандалот со државјанството на Онишченко е тежок удар и голема дамка

Tamara Ivanovska

Холандија со одлука за блокирање на Бугарија за прием во Шенген зоната

Tamara Ivanovska

КОВАЧЕВСКИ: Денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер имавме многу продуктивна средба со Брајан Нелсон

Tamara Ivanovska

Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ.

Tamara Ivanovska

УСАИД одбележува 30 години партнерство со Северна Македонија

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: ПЕНОВ ГРЕШИ КОГА ВЕЛИ ДЕКА ОПШТИНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГОЛЕМАТ ДАВАЧКИТЕ ЗА ДА НЕ ЗАГЛАВАТ ВО ДОЛГОВИ

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) САШЕ ПОЛИТИКО РАСПАЛИ ПО СТОЈАНОВСКИ: ВИЕ ВМРОВЦИТЕ САКАТЕ ЕМ ДА ЈА ИМАТЕ ТОРТАТА ЕМ ДА ЈА ИЗЕДЕТЕ ТОРТАТА, ЕПА НЕ БИВА ТАА РАБОТА

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) СТОЈАНОВСКИ: УСПЕАВМЕ ДА ГИ НАДГЛАСАМЕ СДСМ И ДУИ И ДА ИЗГЛАСАМЕ АМАНДМАН ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА 15% НА ПЛАТИТЕ НА БУЏЕТАРИТЕ

Tamara Ivanovska

ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ПРИВЛЕКУВААТ СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ, НУДАТ СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ, МУ ПОМАГААТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: „Систина“ свртела 77 милиони евра за само една година, а „Жан Митрев“, 39 милиони евра

Sase Ivanovski

Српската влада го назначи прорускиот политичар Александар Вулин за директор на БИА

Tamara Ivanovska

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

Tamara Ivanovska

ФАБРИКА ЗА АКУМУЛАТОРИ ТАБ МАК ПРОБИШТИП ПРОСЛАВИ 10 ГОДИНИ РАБОТЕЊЕ, ДЕНЕСКА ОТВОРИЈА НОВА ХАЛА

Sase Ivanovski

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Tamara Ivanovska

Со доделување на наградата „Лифт 2022“, започна малиот новогодишен саем на „Темплум“

Tamara Ivanovska

Путин паднал по скали во неговата резиденција – дали навистина е болен?

Tamara Ivanovska

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

Tamara Ivanovska

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Tamara Ivanovska

Пријавени околу 1.000 случаи на семејно насилство, жртви мажи над 100 случаи

Tamara Ivanovska

Во Германија запленети над 2.000 лажни часовници наменети за Македонија

Tamara Ivanovska

ОБЈАВЕНИ НАЈНОВИТЕ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БДП – раст од два отсто, градежништвото потфрли и слабо ја билдаше економијата

Tamara Ivanovska

Поради милионски долгови им се заканува исклучување на струјата на Клинички центар и Железница!

Tamara Ivanovska

САД со нов пакет санкции кон Северна Кореја

Tamara Ivanovska

ПОГЛЕД ОД ТРУДНИЧКИОТ СТОМАК Има работи кои на бебето баш и не му се допаѓаат

Tamara Ivanovska

КОЈ ЈА „ПРОШВЕРЦУВА“ МЕРМЕРНАТА БУБАЧКА ПРЕКУ ЈАБОЛКА? Русија забрани увоз од земјава, земјоделците загрижени, власта молчи

Tamara Ivanovska

Спасовски: Денеска ќе биде утврдено кој го возел „мерцедесот“ со флешери

Tamara Ivanovska

На 43 години ненадејно почина Виктор од ,,Амајлија бенд”

Tamara Ivanovska

Косово: Убиецот на бремената сопруга се самоуби во присуство на полицијата

Tamara Ivanovska

МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски

Tamara Ivanovska

ЗА 10% НАМАЛЕН БРОЈОТ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ВРТАТ ПРОТИВ ПУТИН ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ ЗАГИНАТИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Tamara Ivanovska

Жителите на Шуто Оризари:Заложници на приватните превозници на МАК ЕКСПРЕС!

Tamara Ivanovska

РУСИЈА ВО КРИЗА ПОРАДИ САНКЦИИТЕ, БАРА ОД ИНДИЈА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ЧИПОВИ, НО ИНДИЈА НЕ МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ ДОВОЛНО

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ МУ СЕ ЛУТАТ НА ПУТИН ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, СЕ ТРОШАТ ПАРИ ЗА ВОЈНАТА А ТИЕ МРЗНАТ И ГЛАДУВААТ

Tamara Ivanovska

БРЕГЗИТ КАТАСТРОФАЛЕН ВРЗ БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Tamara Ivanovska

Leave a Comment