Јас гледам Тур д Франс од времето на Индураин, а го следам уште од времето на Анкетил, Фињон, Грег Лемонд, Ино, Меркс, Армстронг, Пантани и Контадор.
Јас ваква доминација, елеганција и супериорност каква што годинава демонстрираше Погачар, не сум видел.Има четири етапни победи. Три на најбруталните планински етапи, вклучително и денешната. Пред вториот Вињегорд има предност повеќе од пет минути, а од третиот Евенепол над 7 минути.
Неверојатно.Последната етапа, хрониметар н 33 километри може да ја одработи пешки.
Човек од некоја друга димензија.Ова е еден од најголемите спортски подвизи на сите времиња.
Треба да се знае дека годинава победи и на Ѓиро д Италија и на многу класици.
Капа доле, Тадеј.