Предлог влада на вмро-дпмне
Еве како јас ја гледам малата, стручна, ефикасна и ефтина влада на вмро-дпмне:
Мицкоски- премиер+ потпретседател на владата и координатор за финансии и хидроцентрали.
Мисајловски- Министер за внатрешни работи и шеф на тајните служби.
Дибекот:Министер за одбрана од нато.
Кикифрики-Министер за правда, Јавен обвинител и претседател на Основен суд, Апелација, Уставен и Врховен суд, правда според принципот “земи и носи”, човекот е за правдата тоа што е “Мекдоналдс” за сендвичите.
Херф Флик-Министер против ќелавоста и смеењето
Миленко-Министер за конечно решавање на албанското прашање.
Димитров-Специјален пратеник кој преговарачката рамка што ни ја понуди Европската унија ќе ја покрие со масло на платно на кое ќе биде насликан еден голем македонски курац. Со муда, нормално.
Лигњата: Министер за по надвор, така по ново ќе се вика Министерството за надворешни работи.
Силјановска: Жена со која вмро ќе се обиде да ги убеди Бугарите дека не им е многу паметно да се бутаат со Македонките и Македонците во еден ист документ.
Ќулафкова: Министерка за откривање на античките корени на македонската глупавост со помош на брзо трепкање и дување. После илјада години нејзиниот костур ќе биде пронајден во таа кучешката поза на страстна истражувачка.
Мијалков-министer за финансии, трговија и здравство и се друго.
Груевски:Конзул во Капошвар.
Се укинуваат министерствата за труд и социјална политика бидејки нема да има невработени и социлални случаи,како и министерството за култура со оглед на тоа што културата си ја носи секој со себе и нема потреба некое министерство или елита да му кажува на Македонецот што да гледа, чита или слуша.Паѓа в очи дека ги нема Ванковска, Сузана, и особено Софија, и покрај сите кадмиуми и арсени што ги откри во една краставица во Солун.