На пат без враќање
Новинарот на “Труд”
го прашува професорот Малески “како тоа ВМРО-ДПМНЕ од некогаш „пробугарска“ стаса до таму да биде против вклучувањето на Бугарите во уставот? Каква е оваа трансформација: личен каприц, партиски став или лажна неопходност?”
Професорот вели дека овој парадокс може да го објасни само со смената на луѓето кои ја водат партијата. Водството на Груевски, кое го смени претходното „пробугарско“ на Георгиевски, ги положи, заедно со претседателот Иванов, темелите на македонскиот идентитет во античка Македонија, веројатно и во обид да ја одбегне „бугарската тема“. Дали има нешто повеќе од она што го гледаме денес, можеби ќе ни каже историјата.
Но, освен историјата, тоа “нешто повеќе”, може да го каже и мојата скромност.
Накусо: Нема промени на пробугарската позиција на вмро сиве овие речиси 130 години.
Исти курац се и под Георгиевски и под Груевски и под Мицкоски и под сите говњари кои биле на чело на оваа злосторничко здружување.
Тоа што сега се против ставањето на Бугарите во Уставот не е антибугарски чин, туку е иманентно пробугарски, односно чисто бугарски акт. Последната опција на новинарот е точна: лажна неопходност!
Тие го презедоа врз себе бугарското вето, ја ослободија Бугарија од антиевропската стигматизација и ги оправдаа бугарските обвинувања за говорот на омразата и за теророт кој во Македонија се врши врз Бугарите.
Тоа е чиста бугарска позиција во која нема ниту еден атом реален македонизам. Притоа, јас не ја напаѓам бугарскоста на таа позиција туку расипаноста на вмро, грандиозната измама која, за жал инфантилниот македонски натод не може да ја забележи макар што се однедува како слон во дуќан за кристали.
Тој трансфер на смртоносните закани не е случаен затоа што за смртта на Македонија и на македонската нација нема да биде обвинета Бугарија, туку внатрешните елементи кои татковината ја убиле со преголеми дози македонизам, а не толку антибугаризам. Без Европа, имено, таа судбина е извесна, независно од полуоптимистичките или благо воздржани ставови на претседателот.
И бегството во антиката беше пробугагски акт затоа што го ослободуваше клучниот историски простор на бугарската ексклузива, а од македонската нација веќе тогаш беше направил флотантна маса идиоти кои реагираат на преобрзбата како глина под прстите на скулпторот. Па уште поткрепена со проектот Скопје 2014, таа смрдливост не престанува да го загадува животниот простор се до денеска, а прашање е дали некогаш и ќе престане.
Со други зборови, на платформата на вмро ние се распаѓаме како нација и влегуваме во зоната на ненацијата. Која дополнително се глупира бранејки ги националните интереси на себе како непостоечки феномен. При што постои толку помалку колку што повеќе ги брани интересите на нацијата која повеќе не живее тука.
Флотантна маса политички идиоти како во славните времиња на вмро.
-Нешто ќе те питам бабо, дали знаеш кај отидоа Македонците?
-У курац, сине!
-Не на Пирин планина?
-Не, таму е Тодор Александров, Македонците се у Курац, таму да ги бараш!