Дали фотографијата на малата Данка е направена токму тој ден и зошто девојчето е така фотографирано во алиштата кои го носела кога исчезна, прашува Дејан Раденковиќ, криминолог и поранешен помошник началник на српската Управа за криминалистичка полиција.
Постојат три несовпаѓања во истрагата за исчезантото девојче Данка во Србија, смета Дејан Раденковиќ, криминолог и поранешен помошник началник на српската Управа за криминалистичка полиција. Тој за српски Курир изјави:
– Поради овие несогласувања, мајката неколку пати давала изјава во полиција. Сепак, остануваат некои нејаснотии. Прво, зошто мајката дошла минатиот вторник да го посети имотот да види дали е погоден за живеење на нејзините родители и свекрва ако знаела дека нејзиното семејство не одобрува да се пресели таму (со сопругот и со децата). Второ, дали фотографијата на малата Данка е направена токму тој ден и зошто девојчето е така фотографирано во алиштата кои го носела кога исчезна. Трето, важно е да се утврди дали пораките и повиците од телефонот на мајката, на кои сигурно ќе им се влезе во трагот, намерно се избришани токму поради тоа што се поврзани со случајот или тоа мајката го правела и претходно, рутински.
По Данка се трага петти ден со специјалци, полицајци, а хеликоптери надлетуваат на имотот каде исчезна девојчето. Мајката и таткото денеска биле повторно испрашани од инспектори на белградската полиција кои дошле во Бањско Поле, а српското Обвинителство нареди повторна и детална форензичка анализа на телефонот на мајката.