Од почетокот на учебната година пристигнати се шест пријави за врсничко насилство во Министерството за образование и наука. Министерката Весна Јаневска вели дека државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини организации и стручни лица.
На тркалезна маса за образование за ментално здравје што денеска ја организираше Здружението на граѓани „Младите можат“, таа истакна дека менталното здравје е исклучително значајна тема што треба да биде постојано во фокусот на вниманието затоа што, рече, секоја следна генерација има свои предизвици, тие се менуваат и затоа се потребни и понови решенија.