Имено, РАФ го одржа летот користејќи 100 отсто одржливо воздухопловно гориво (САФ), што е првпат во историјата на Обединетото Кралство за каков било авион. Тестот ја користеше воената верзија на „Ербас А-330″ – „РАФ Војаџер”, којшто леташе над Оксфордшир, отворајќи нови можности за иднината на воените и цивилните авиони.
САФ се произведува од одржливи суровини, како што е искористено масло за јадење, а испуштањето јаглерод е до 80 отсто помало во споредба со конвенционалното млазно гориво. Целта е да се намали зависноста на РАФ од светските синџири за снабдување со гориво, да се зголеми оперативната еластичност и да се намали нејзиниот јаглероден остаток. Тие треба да бидат горди на ова достигнување. Ова е голем чекор напред за РАФ, како и за Министерството за одбрана. Велика Британија го предводи патот во развојот на идните оперативни способности во светот погоден од климатските промени – рече британската министерката за одбрана, Анабел Голди.Пробниот лет траел 90 минути, а имало и симулација на полнење гориво во воздухот. Велика Британија цели кон нула нето-емисии на јаглерод до 2050 година.