-Двете страни јасно ги прекршија меѓународните човекови права и хуманитарното право, вклучително и воените злосторства и можни други злосторства според меѓународното право, рече Турк, пренесен од британските медиуми.
Презентирајќи го годинашниот извештај за состојбата со човековите права во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, Турк кажа дека неговата канцеларија регистрирала „многу инциденти кои можат да претставуваат воени злосторства од страна на израелските сили“.
-Постојат индикации дека израелските сили учествувале во неселективно или непропорционално гаѓање, што е кршење на меѓународното право, рече Турк.Тој додаде дека палестинските вооружени групи кои истрелуваат неселективно проектили низ јужен Израел и држат заложници, исто така, го кршат меѓународното право.