Девојчето исчезнало вчера во раните попладневни часови, додека си играла со другите деца во дворот. Родителите најпрво мислеле дека таа отишла кај дедото, чија куќа е на само неколку метри. Меѓутоа, набрзо сфатиле дека детето никогаш не стигнало до својот дедо.Потрагата започнала веднаш. Во текот на целата ноќ на терен беа повеќе од 150 полицајци, волонтери и граѓани, а во потрагата беа вклучени хеликоптер, дронови и кучиња трагачи. За жал, телото на девојчето било пронајдено утрово околу 10 часот, а се претпоставува дека е убиена.
Според романските медиуми, телото на девојчето било пронајдено во густа вегетација.Засега не е познато дали некој е приведен. Полицијата само соопшти дека телото е пронајдено и дека истрагата е во тек.Пред само два дена Романија ја потресе веста за смртта на осумгодишното девојче Марија, која беше силувана и убиена, а нејзиното тело потоа беше фрлено во атар на селото. За убиството е осомничен братот на нејзиниот очув.