Зеленски/ Фото: American Photo Archive / Alamy / Alamy / Profimedia
Украинската разузнавачка агенција детонирала експлозив на руската железница длабоко во Сибир, што е втор напад оваа недела на рути со кои се снабдува руската војска, изјави анонимен украински извор за Ројтерс.Тоа ја покажува подготвеноста и способноста на Киев да изврши диверзантски напади длабоко во Русија и да ја наруши руската логистика далеку од првите линии на војната во Украина, пишува Ројтерс.
Изворот рече дека експлозивот бил активиран кога товарниот воз го преминал Мостот Чертов во сибирскиот регион Бурјатија, кој граничи со Монголија и е илјадници километри од Украина.
Возот ја користел резервната пруга бидејќи сите биле пренасочени поради нападот на блискиот тунел претходниот ден. Рускиот медиум База објави дека се запалиле резервоарите за дизел гориво во возот што ја користел резервната рута, како и шест вагони со стока. Оттаму додаваат дека нема жртви и дека не се знае причината за експлозијата.