Кулеба на средбата со кинескиот колега нагласил дека руската агресија го уништува мирот и го забавува развојот, и дека секој нов ден војна носи нови повреди против човештвото и дополнително нарушување на правдата
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба е во посета на Кина, каде што разговараше со својот кинески колега Ванг Ји.Кулеба, како што соопшти Министерството за надворешни работи на Украина, му рекол на Ји дека Украина е подготвена да преговара со Русија, но дека таква подготвеност не постои од руската страна.
„Дмитро Кулеба го повтори воспоставениот став на Украина дека е подготвена да ја вклучи руската страна во преговарачкиот процес во одредена фаза, кога Русија ќе биде подготвена да преговара со добра волја, но нагласи дека таква подготвеност во моментов не може да се забележи од руската страна“,
известуваат од украинското Министерство.
Главна тема на разговорот меѓу Кулеба и Ји била потрагата по начини за запирање на руската агресија и можната улога на Кина во постигнувањето мир.
„Убеден сум дека праведен мир во Украина е во стратешки интерес на Кина и дека улогата на Кина како глобална сила за мир е важна“,
рекол кинескиот шеф на дипломатијата.
Кулеба нагласил дека руската агресија го уништува мирот и го забавува развојот, и дека секој нов ден војна носи нови повреди против човештвото и дополнително нарушување на правдата. Затоа, неопходно е да се стави крај на војната против Украина, да се врати мирот и да се забрза обновата на нашата земја, додал тој.Тој го информирал и кинескиот колега за резултатите од мировниот самит во Швајцарија.Кулеба, исто така, повторил дека Украина неодамна започна преговори за пристапување во Европската Унија, се наведува во соопштението на украинското МНР.