Украинската армија ги повлече своите војници од разурнатиот град Авдиивка во Доњецк за да избегне опкружување и да ги спаси животите на своите војници, изјави врховниот командант на армијата, Володимир Зеленски.Авдиивка е клучен источен град кој со месеци е опколен од руските сили.Предвоено Авдиивка беше населена од 30.000 жители но населението заминало и самиот град е речиси целосно уништен.Падот на градот ја означува најголемата победа на Русија во изминативе месеци, а според Зеленски ова се должи на недостигот на муниција и оружје пред се поради намаленото снабдување од Западот.
Украина се соочува со недостиг на муниција, главно како резултат на политичките расправии во САД, нивниот главен снабдувач.
Во кратката изјава објавена на Фејсбук, украинскиот командант, генерал полковник Олександар Сирскиј рече дека донел одлука да избегне опкружување и „да ги зачува животите и здравјето на војниците“.Тој додаде дека војниците се движат кон „поповолни линии“.
„НАШИТЕ ВОЈНИЦИ ДОСТОИНСТВЕНО ЈА ИЗВРШИЈА СВОЈАТА ВОЕНА ДОЛЖНОСТ, НАПРАВИЈА СЀ ШТО Е ВО НИВНА МОЌ ЗА ДА ГИ УНИШТАТ НАЈДОБРИТЕ РУСКИ ВОЕНИ ЕДИНИЦИ, МУ НАНЕСОА ЗНАЧИТЕЛНИ ЗАГУБИ НА НЕПРИЈАТЕЛОТ ВО ОДНОС НА РАБОТНА СИЛА И ОПРЕМА. ПРЕЗЕМАМЕ МЕРКИ ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА И ОДРЖУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ“, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО КОЕ ГО ПРЕНЕСУВА БРИТАНСКИ ГАРДИЈАН.
Украинската агенција Укринформ, пак, цитирајќи го најновиот извештај на Институтот за проучување на војната во седиште во Вашингтон, пишува дека руските сили најверојатно ќе се борат да напредуваат западно од Авдиивка кон секундарните подготвени позиции кон кои се повлекуваат украинските сили.