- Реферат У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024…Подносител на иницијативaта по предметот У.бр.98/2024 : Петар Баришиќ . Оспорени: Член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Од наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека новите измени ги ограничува доверителите да го остварат побарувањето утврдено со правосилен поединечен акт на суд или друг орган, односно да го наплатат долгот по присилен пат, што според него е спротивно на член 30 став 3 од Уставот, член 17 од Универзалната декларација за правата на човекот и член 1 од Протоколот на Европската Конвенција за човековите права. Во однос на член 4 кој се однесува на започнатите постапки за наплата на побарувањата, смета ека тие ќе завршат согласно овој законт, подносителот наведува дека тоа ќе предизвика нееднаквост помеѓу доверителите, пред и по влегувањето во сила на Законот.
Подносител на иницијативата по предметот У.бр.139/2024: Љупчо Кузмановски, адвокт. Оспорен: Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека со оспорените измени се нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Подносителот смета дека со примената на изменетото законско решение од 368 од Законот за облигациони односи, одредени правни и физички лица(доверители) ќе бидат ставени во нееднаква и нерамноправна положба што ќе предизвика нивна дискриминација за сметка на други правни и физички лица (должници) кои ќе бидат ставени во поповолна положба. Наведено е дека оваа одредба ќе предизвика последици не само на правната држава, туку и други области како економијата, банкарството, финансискиот систем, странските инвестиции и сл.