Арбен Таравари од Алијансата за Албанците изјави дека е оптимист дека пред Нова година земјата ќе ги спроведе уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот, со што ќе се деблокира евроинтегративниот пат. “Мислам дека ќе има уставни измени. Јас сум многу оптимист дека до крајот на годината ќе најдеме можност за уставни измени“, вели Арбен Таравари за ТВ21. На прашањето за постојаното барање на ДУИ за предвремени парламентарни избори, заедно со локални избори, Таравари изјави дека ако има консензус меѓу политичките партии, тоа не е проблем. Сепак, лидерот на Алијанса за Албанците најави интересни настани во следниот период.
Во принцип, нема никаков проблем за избори, но пред 5 месеци имавме избори, следните избори се следната година, во 2025 година, но тие се локални избори. Ако сега имаме избори, нема да се смени ништо убедливо. Мислам дека ќе има интересни настани во овој период, па да дадеме време, да видиме дали партиите повторно ќе побараат избори по Нова година“, вели Тараври.