Експерти трагаат по причината зошто се случи трагедијата во Србија каде загинаа најмалку 14 луѓе. Сите се прашуваат како е можно да се случи вакво нешто, особено што оваа станица беше реконструирана пред четири месеци, а на ова прашање сега одговори градежниот инженер и граѓански активист Данијел Дашиќ.
„Уривањето се случи бидејќи на постоечката армирано-бетонска конзола беше додадена масивна челична конструкција со тешко стакло, закотвена со челични профили за покривот, што доведе до кршење на котвите и пукање на носачите на конзолата“, напиша Данијел Дашиќ на неговиот профил на социјалната мрежа Х. Вели затоа има паника и се зборува дека настрешницата не е реконструирана. Настрешницата што се урна на Железничката станица во српскиот град Нови Сад, не е обновена бидејќи не ја одобрил Заводот за заштита на спомениците во Нови Сад, јавуваат српските медиуми. Како што може да се види од документот до кој дојде „Новости“, Институтот побарал санација, замена на стаклото и плочките, но не и реконструкција на настрешницата.
„Реновирајте ја настрешницата над главниот влез, заменете ги постојните метално обложени делови во делот со стаклото; значително оштетената покривка на настрешницата од мозаична плочка заменете ја со нова изработена од истиот или нов материјал, што ќе следи оригинално уметничко решение во обработка и боја“, се наведува во приложените документи.