Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, нареди најголемо воено распоредување во земјата досега, најавувајќи дека ќе бидат ангажирани уште 5.000 војници за да помогнат во справувањето со последиците од разорните поплави оваа недела, во кои загинаа најмалку 211 лица, објави Гардијан. Говорејќи по претседавањето со состанокот на Комитетот за кризни поплави, Санчез рече дека владата ги мобилизира сите ресурси што и се на располагање за да се справи со кризата.
„Сè уште има десетици луѓе кои ги бараат своите најблиски и стотици домаќинства кои жалат за загубата на роднина, пријател или сосед“, рече тој во телевизиско обраќање утрово. Опишувајќи ги поројните дождови и поплавите како најлошата природна катастрофа во поновата историјата на Шпанија и вторите најсмртоносни европски поплави на векот, премиерот најави огромно зголемување на бројот на армиски и полициски персонал што учествуваат во хуманитарните напори.
„Шпанската влада денеска испраќа уште 4.000 лица од воената единица за итни случаи во провинцијата Валенсија. Утре ќе пристигнат уште 1.000 војници“, изјави тој.