Во решението за почеток со работа на факултетот е наведено дека на 3 јуни од универзитетот испратиле барање до Министерството за образование за утрдување на исполнетоста на условите за работа.
Експресно, за само една недела Меѓународниот универзитет кој делумно е сопственост на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Генц Мерко, доби лиценца за отворање на Факултет за здравствени науки.
Во решението за почеток со работа на факултетот е наведено дека на 3 јуни од универзитетот испратиле барање до Министерството за образование за утрдување на исполнетоста на условите за работа.
Четири дена подоцна на 7-ми јуни откако Агенцијата за квалитет во високото образование донела решение за акредитација на проектот за основање на факултетот, истиот ден Министерството за образование формирало комисија која на 10-ти јуни извршила увид во Струга, а на 11-ти веќе донела решение дека факултетот за здравствени науки ги исполнува сите услови за работа.
И покрај наведеното во решението, од Агенцијата за акредитација негираат дека факултетот ќе почне со работа, иако за тоа дале зелено светло.
Преку Фејсбук се огласи ресорниот Јетон Шаќири кој меѓудругото напиша дека министер не може да основа високообразовна установа.
„Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции, а меѓу нив и Министерството за образование кое во суштина, има најмалку надлежности. Ништо противзаконски и ништо самоволно“, напиша министерот.