Благодарение на брзата интервенција на полицијата од ПС Ѓорче Петров, фатени се подметнувачи на пожар во Кучково во текот на вчерашниот ден и поднесени се кривични пријави против две лица за ” Предизвикување на општа опасност”, а пожарот е локализиран и изгаснат од противпожарната бригада Ѓорче Петров. Голема благодарност до припадниците на противпожарната бригада и ПС Ѓорче Петров кои молскавично реагираа и спречија предизвикување на голема штета.
Апелирам до жителите да внимаваат и секое сомнително делување на лица да го пријавуваат -Градоначалник Александар Стојкоски.