Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(30), А.Д.(18), Џ.И.(33), Т.Ј.(18), А.С.(40) сите од Штип, Ј.М.(20) од Струмица, С.Р.(22) од Радовиш и С.Р. (20) од Кочани, сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.