Забраните честопати се насочени против содржини за кои се тврди дека имаат сексуална природа. Под ударите на цензурата потпаѓаат и мемоарите, кои раскажуваат за конфронтацијата на црните деца со расизмот и животот на претставниците на верските малцинства. Американската библиотечна асоцијација соопшти дека минатата година регистрирала 729 обиди за воведување забрани за речиси 1.600 дела. Годинава обидите се 800 и се насочени против 1.651 наслов.