-Додека на домашен план се претставуваат како големи патриоти, на буквално првата средба во Софија гордо позираа пред бугарското, но не и пред македонското знаме. Ниту на средбата на Дафкова со Радев, ниту на средбите на министрите на Мицкоски со колегите министри од Бугарија немаше државно знаме, наведува Филипче.Остро го осудувам ова понижување на државата и државните симболи. Покрај понижувањето, Дафкова од Софија не се врати со ниедна конкретна порака или договор, додека бугарската страна јасно порача дека не отстапува од позициите.
Не слушнавме нуту дали и како Дафкова побарала унапредување на преговорите, промена на преговарачката рамка и се што ветуваат. Со еден збор, дипломатска катастрофа на ВМРО-ДПМНЕ и Дафкова, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.