Медицинските средства се ставени во промет на начин што ги вградувале кај пациенти при извршени оперативни зафати, иако истите не се запишани во Регистарот на медицински средства, не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), ниту пак се во согласност со пропишаните услови во Законот за лекови и медицински средства. Нерегистрираните медицински средства не ги евидентирале во своето сметководство со влезни фактури и за вградување на истите не евидентирале материјален излез, при тоа наплатиле парични средства од пациенти со што се стекнале со значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 38.808.491 денари, стои во соопштението.
Пријавените за дел од вградените медицински средства, кои се набавени на нелегален начин и не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), наплатиле партиципација од пациентите, а на штета на Фондот за здравствено осигурување на РСМ наплатиле износ од 7.037.050 денари. Со горенаведените инкриминирачки дејствија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција од страна на пријавените лица причинета е вкупна материјална штета од 45.845.541 денари