16.9 C
Скопје
18/05/2025 17:44
МАКТЕЛ

     

(ФОКУС ИНТЕРВЈУ) Бајдевски: Да ја вратиме препознатливоста на социјалдемократските политики!

      

Кога некој ќе нé праша за што се бориме, ние мораме да имаме конкретен, јасен и прецизен одговор. За таа цел, потребно ни е враќање на корените, враќање на основните социјалдемократски вредности, слободата, правдата, солидарноста, еднаквите шанси за сите, вели тој.

Александар Бајдевски беше заменик-министер за информатичко општество и администрација во Владата предводена во СДСМ и извршувал низа партиски функции. Тој е еден од четворицата кандидати кои влегоа во трка за нов партиски лидер, откако Димитар Ковачевски се повлече после поразот на двојните избори. По тој повод, со него разговараме за процесот на избор на нов лидер и раководство, за програмата со која ќе ја бара доверба од членовите…

Влатко СТОЈАНОВСКИ

ФОКУС: Вашето име најмалку се споменуваше како можен кандидат за претседател на СДСМ и последен објавивте или потврдивте кандидатура. Кои се Вашите главни мотиви да се вклучите во оваа трка?
БАЈДЕВСКИ: Повеќе работи ме мотивираа да се кандидирам: желбата да се помогне во повторна обнова на партијата, долгогодишниот активизам во СДСМ, познавањето на структурите и начинот на функционирање. Но, она што беше пресудно е љубовта кон партијата и луѓето во неа, кои ги сметам за свое пошироко семејство. Убеден сум дека СДСМ може да ја врати довербата прво кај членовите, а потоа и кај граѓаните со концептот на работа кој што го понудив преку поднесената програмата која носи гласи „Секој член е промената“.

   

Активен сум во партијата од 1995 година и во текот на овие скоро 30 години ја градев мојата кариера чекор по чекор, скалило по скалило. Почнав од член на Извршен одбор на Локален Клуб на СДММ како млад активист, па продолжив до претседател на градската организација на СДММ. Кариерата ја продолжив како член на Извршен Одбор на Општинската организација, преку член на Централен Одбор на СДСМ до Претседател на Градската организација на СДСМ Скопје. Покрај партиските функции, сум бил исто така носител и на јавни функции, избран советник во советот на општина Кисела Вода во периодот 2000-2005 година и од 2017 година ја извршувам функцијата заменик на министерот во министерството  за информатичко општество и администрација.

И тоа ми дава за право да сметам дека вистински и суштински ја познавам партија, но и дека имам и големо професионално искуство зад себе со кое можам да помогнам во обновата на СДСМ во наредниот период.

ФОКУС: Што очекувате од процесот – дали очекувате победа? Во спротивно, доколку загубите, дали е можно да бидете дел од новото партиско раководство како потпретседател, генерален секретар и сл.?
БАЈДЕВСКИ: Очекувам и овие избори да бидат фер и демократски како и сите претходни досега. Ќе направам се преку контактите и разговорите со членовите да ги убедам дека токму јас сум најдоброто решение, кое може да ја направи СДСМ повторно победничка партија во наредните 4 години.

Не би сакал да коментирам што доколку изгубам, тоа е тема за размислување после гласањето. Во моментов сум фокусиран на добивање на поддршката од секој член, бидејќи верувам дека можам да одговорам на обврските на оваа сериозна позиција и дека можам заедно со членовите да го вратам достоинството на СДСМ.

ФОКУС: Покрај изборот на нов лидер и раководство, дали на СДСМ му требаат и промени од идеолошки, програмски и концепциски карактер? Дали партијата треба да се реорганизира или треба целосно да се реформира? Ако е така, во кој дел?
БАЈДЕВСКИ: СДСМ има идеологија, иако можеби тоа не се отсликуваше целосно во сите политики што Владата ги имплементираше. Паметам дека во времињата кога растев во СДСМ, далечните 90-ти години, партијата редовно организираше обуки кои ќе ја доближат оваа идеологија до секој член. Моето залагање во наредните години, доколку бидам избран, ќе биде токму враќање на ваквиот начин на доближување на нашата идеологија до секој член. Ќе правам напори вакви обуки да имаме барем еднаш на два месеци во секоја наша структура, и на општинско ниво, но и во СДММ, Форумот на жени и стручните комисии.

Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на социјалдемократските политики. Кога некој ќе нé праша за што се бориме, ние мораме да имаме конкретен, јасен и прецизен одговор. За таа цел, потребно ни е враќање на корените, враќање на основните социјалдемократски вредности, слободата, правдата, солидарноста, еднаквите шанси за сите.

Како што се гледа и од мојата програма, јас се залагам за обнова на партијата, а не за целосно нов СДСМ. Изминатиов период направивме анализа на сите форми на делување на партијата во изминатите 30 години, ги извлековме најдобрите и на тоа ќе го базираме повторното воздигнување на партијата.

Се разбира оваа програма не е финална туку е предлог. Финалната ќе ја подготвиме преку средби со сите членови после изборот и со почитување и сериозно разгледување на сите нивни предлози и идеи. Тоа е всушност и една од работите кои ќе сакам да ја подобрам во наредниот период, односно подобрување на двонасочната комуникација меѓу раководството на партијата и членовите.

ФОКУС: Со каква програма и план ќе ја барате довербата од членовите на СДСМ? Кои се вашите главни заложби и ветувања?
БАЈДЕВСКИ: Она од што сакам да почнам е децентрализацијата на носењето на одлуки. Мојата програма предвидува низа на мерки кои ќе ја зголемат моќта на одлучување на секоја општинска организација, а преку нив и на секој член.

Еден таков предлог е преку измена на статутот на СДСМ да овозможиме изборот на органите и делата да се направи подемократски. Најпрво, претседателите на општинските организации нема да се именуваат од мене како претседател, туку ќе се бираат директно од членовите, како што беше пракса до 2013 година. Органите на партијата нема да се бираат со затворени листи туку секогаш ќе се предлагаат најмалку 10, а највеќе 30% повеќе кандидати.

Така на пример, за избор на Извршен Одбор на општинската организација, ако се бираат 15 члена, предлог листата ќе содржи најмалку 17, а највеќе 20 кандидати. Со поединечно гласање за кандидатите, конференцијата ќе се изјасни кои луѓе навистина заслужуваат да бидат членови на извршниот одбор. Истото ќе важи и за листите за Централен Одбор, Надзорен Одбор и сите останати тела на партијата, но и за кандидатските листи за јавни функции, како советници и пратеници.

Најважно ни е партиското функционирање да се врати на старите патеки на соработка, другарство и заедничко одлучување. Исто така, имаме предлог за сосема нов систем за привлекување на нови членови, вреднување на активистите, давање на функции според заслуги и придонес, како и оценување на активностите.

Крајна цел во моето водење на партијата ќе биде за четири години ние да бидеме во позиција да формираме Влада и да ги реализираме нашите политики на државно ниво. И тоа не било каква Влада, туку влада водена од мисија.

Влада водена од мисија е концепт каде што јавните институции и органи на власта работат со јасна, дефинирана мисија која ги насочува нивните активности и политики. Оваа мисија обично се фокусира на остварување на долгорочни цели кои се од важност за општеството како целина, како што се одржлив развој, социјална правда, економски просперитет и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Владата водена од мисија се стреми да биде проактивна, ориентирана кон резултати и одговорна пред граѓаните. Само доколку граѓаните ја препознаат нашата мисија и видат дека имаме визија за државата, ќе можеме повторно да ја добиеме нивната доверба.

ФОКУС: Според Вас, кои се главните причини за лошиот резултат на СДСМ на двојните претседателски и парламентарни избори и каде треба да се лоцира најголема одговорност?
БАЈДЕВСКИ: Се собраа на куп повеќе работи: зголемена корупција, немање препознатливи политики, инсистирање на промена на Устав кога се уште не беше направена атмосферата за тоа, немање реформи во судството, недоволна комуникација со членството и граѓаните, започнување на проекти и нивно прекинување, често менување ставови за одредени прашања итн.

Можам да набројувам уште многу, но сметам дека она што е важно е дека сум свесен за сите овие наши грешки, токму поради редовната комуникација и слушање на мислењето на членството. Се обидував да влијаам изминативе години да се променат некои од тие работи, но за жал неуспешно. И токму тоа ми е мотивацијата да се кандидирам, бидејќи знам дека во СДСМ има чесни и квалитетни луѓе кои можат вистински да ја водат државата напред и мислам дека ќе можеме заедно да ја вратиме довербата на граѓаните.

   

Најново

ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО СВЕТОТ СЕ НАОЃА ВО АВСТРИЈА, ИМА ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ КНИГИ И ИЗГЛЕДА СЕНЗАЦИОНАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иџе Стефановски: 2. Место во генералниот пласман

Sase Ivanovski

Зоран Дробњак: „Од денес со српска ознака можете да се движите по автопатиштата низ Република Хрватска и обратно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ССЛОВЕНИЈА СО РАДАР ВО БОРБА ПОТИВ ЕЛЕКТРИЧНИ СКУТЕРИ КОИ ВОЗАТ СО 90 КМ/Н

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илон Маск порано многу ми беше атрактивен ама сега не ми се свиѓа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ последниве 20 години ја делеше и ја уценуваше државата, а сега врескаат затоа што правдата чука на нивната врата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за енергетика, нивниот Васко Ковачевски е во бегство поради криминал, а Филипче е на одмор во Дубаи со златна виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Елена Ристеска: Тоше Проески беше многу несигурен во себе

Sase Ivanovski

НАПАДНАЛ ВРАБОТЕНА ВО КАЗИНО СРЕДЕ ЦЕНТАР Приведен е разбојник во Скопје

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГО ОДБРА СВОЈОТ ПАТ, САМ СИ ПРАВИ ШТЕТА Премиерот вели дека партнерствата се склопуваат поради принципи, а не заради советници

Sase Ivanovski

ПЛАТИЛ ОТКУП ЗА СОПРУГАТА, БАБАТА И ЗА ЌЕРКАТА Полицијата расчистува случај на грабнување во Охрид

Sase Ivanovski

ЌЕ ОСТАНАТ ОНИЕ ШТО ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ВО РАБОТАТА Мицкоски најави големи промени во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината

Sase Ivanovski

Мицкоски: Некрофилски се злоупотребува трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови!

Sase Ivanovski

Хотелско-туристичкиот комплекс „Бисер“ е современ објект со современ ликовен израз надополнет со елементи од традиционалното градителство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кога српскиот новинар на Би-Би-Си е прекинат во работата од претседателскиот кандидат на изборите за кои известува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕЛМА-КОД: МОРНИЧАВИ СНИМКИ ОД ТЕЦ ПЛАТЕНО-НЕЗАВРШЕНО ВО РЕК ДОЛГ НА ЕСМ

Sase Ivanovski

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Sase Ivanovski

Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречи клеветењето од Украина

Sase Ivanovski

Ставревски би бил грешка на Мицкоски ако стане гувернер, го памтиме по купување чоколади наместо леб. Членот на советот за безбедност избран од Сиљановска, Хајредини, го нападна фаворитот на Мицковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Крвава матурска вечер во Сараево, навивачи со палки и факели претепаа матуранти

Sase Ivanovski

Мораме да објавуваме фотографии од изгорените од Кочани, само така може да им помогнеме, вели Димитриев од Support Kochani

Sase Ivanovski

Бугарија со протестна нота, осквернавени биле симболи на гробот на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

Николоски: Партнерството со Британија значи инвестиции, силна економија и стратешка позиционираност

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директор и основач на „Рамбл“ ја оживеа во македонската јавност идејата на Ванчо Михајлов за Македонија како „Швајцарија на Балканот

Sase Ivanovski

Инвестиција на турски „Шахтерм“ од првични 25 милиони евра и 200 работни места

Sase Ivanovski

Хамас и Израел седнаа на преговарачка маса во Доха

Sase Ivanovski

Рубио разговараше со Лавров

Sase Ivanovski

Вучиќ: Милијарди евра се инвестирани во уништувањето на Србија

Sase Ivanovski

Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Eвертон славеше победа во последниот натпревар на славниот „Гудисон парк“

Sase Ivanovski

Макрон најави дека Албанија ќе биде во ЕУ за две години, повика да се инвестира во неа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со среќа нека му е на Таравари, тој го одбра својот пат

Sase Ivanovski

Александар Јанев: Денеска, со длабока почит, се поклонив пред храбрите синови на Македонија кои го загубија животот во конфликтот од 2001 година, родум од Крива Паланка

Sase Ivanovski

Стефан Василевски: Клинички болнички центaр Ријекa, Хрвaтскa – добиен преку фузијa нa повеќе јaвно здрaвствени единици (модел кој се дискутирa во Мaкедонијa, но би било добро дa се имплементирa во иднинa особено нa регионaлно ниво)

Sase Ivanovski

Зеленски се состана со лидерите на САД и ЕУ во Рим пред повикот Трамп-Путин

Sase Ivanovski

АНТИБИОТИЦИ „ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ“ И ДИАЗЕПАМ КАКО ВОЛШЕБНА ТАБЛЕТА

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ПОВИКУВА: ГРАДСКИ ПАРК Е И ТВОЈ-ОДЛУЧУВАЈ ЗА НЕГО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Њујорк најмалку две лица ги загубија животите: Едриличарски брод на мексиканската морнарица се урна во Бруклинскиот мост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Едрилица удрила во основата на Бруклинскиот мост во саботата вечерта, предизвикувајќи повеќекратни повреди, според NYPD

Sase Ivanovski

РЕЧИСИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА НОЌЕСКА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА, МЕПСО ЈА СООПШТИ ПРИЧИНАТА

Sase Ivanovski

Швајцарија: Двајца загинати, пет повредени во лавина на Ајгер

Sase Ivanovski

Таравари: Горд сум на излегувањето на АА од Владата, победуваме во октомври

Sase Ivanovski

Мицкоски: Најавувам големи промени во партијата и државата, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за убедлива победа на локалните избори, нашите кандидати секаде водат 3 до 4 пати споредено со кандидатите од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид Нов договор за Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Нашиот избор е лојалност кон сопствениот народ, изборот е Македонија, време е за Македонија!

Sase Ivanovski

За 14 години, повеќе од 430 жени беа убиени во Србија, а фемицидот сè уште не е посебно кривично дело.

Sase Ivanovski

Бомбаш самоубиец уби најмалку 13 лица во Могадишу

Sase Ivanovski

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен разбојник во Скопје, кај него се пронајдени марихуана и одземеното

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода ресенчанец, управувал возило со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Матица Македонска: Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на Раде Силјан се чествуваат и во Србија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија посветена на странски инвестиции, турски „Шахтерм“ гради фабрика во Скопје, следи и инвестициски циклус во изградба на модерна карго и брза патничка железница, енергетски капацитети, болници

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Промени во партијата, но и во Владата до крајот на годинава- најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Како да направите плескавици за да не се распаднат?

Sase Ivanovski

Пензионерка мора да врати 60.000 евра од пензијата- се жали дека нема пари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој е виновен што пола Македонија остана без струја?

Sase Ivanovski

Тешко повреден во кавадаречко Кумановец кој управувал четирицикл

Sase Ivanovski

Пратеник од крилото на Таравари, Салим Сулејмани, објави дека поднел оставка од сите функции во партијата, но и од функцијата пратеник

Sase Ivanovski

Нацевска: НБРСМ спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Sase Ivanovski

Папата Лав XIV на инаугуративната миса: Повик за мир, единство и заштита на природата

Sase Ivanovski

Возел без возачка и со 2.38 промили алкохол во крвта возел ресенчанец

Sase Ivanovski

Кои автомобили најмалку се расипуваат?

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени три лица

Sase Ivanovski

ДУИ: Осуда за решението на Централниот регистар за прием на осум нови вработени без Албанец

Sase Ivanovski

Николовски: Очекувам македонското градежништво повторно да е меѓународно конкурентно

Sase Ivanovski

Оружје наместо автомобили – новата реалност на Чешка

Sase Ivanovski

Во Скопје наврна најмногу дожд

Sase Ivanovski

На Светскиот образовен форум и министерката Весна Јаневска

Sase Ivanovski

ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство

Sase Ivanovski

Муцунски во работна посега на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Sase Ivanovski

Грција во план за унифицирана наплата на патарина со Србија

Sase Ivanovski

АД МЕПСО: Струја немаше поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија

Sase Ivanovski
Вчитувам....