3.8 C
Скопје
07/12/2023 21:54
МАКТЕЛ

      

ФОКУС: Пред да изгради „урбана џунгла“ во Тетово, Дака осамна на „црна листа“ на САД: Кој е контроверзниот црногорски бизнисмен?

      

Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на Рашковски, главен советник на Заев, стои во одлуката на американското Министерство за финансии, во која уште се наведува дека Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со Заев, со цел да ги унапреди неговите бизнис-интереси.
Контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, кој стана актуелен во земјава главно со купувањето на тетовски ШИК „Јелак“, каде се предвидуваше да никне „урбана џунгла“, се најде на новата „црна листа“ на САД, проширена со нови имиња од Балканот поради корупција и активности во корист на Русија, а на штета на нивните матични држави.
Преку 3 суспензии до нов ДУП за ШИК „Јелак“: Колку квадрати покус ќе остане контроверзниот Дака?

   

–Русија продолжи да го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на регионот во меѓународните институции и организации и да ги користи клучните јурисдикции за да ги олесни своите агресивни дестабилизирачки активности – рече потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии Брајан Нелсон.

 

Во одлуката за Давидовиќ – Дака се наведува дека тој со децении перел пари за криминални синдикати, зајакнувајќи го своето влијание и вршејќи го својот криминален потфат на шверц со цигари, нафта и оружје во Црна Гора. Воедно, се потенцираат и неговите контакти и релации со поранешниот македонски премиер Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
„Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на Рашковски, главен советник на Заев“, стои во одлуката на американското Министерство за финансии, во која уште се додава дека Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со Заев, со цел да ги унапреди бнеговите бизнис-интереси.

   

     

Кој е црногорскиот бизнисмен што сакаше да гради „урбана џунгла“ во Тетово?
За потсетување, Дака стана актуелен во земјава по објавувањето на разговорот со Зоран Милески-Кичеец на средината на 2020 година. Двајцата ги запознал угледен белградски бизнисмен кон крајот на 2016 година, кога Дака одлучил да го ангажира Кичеец како посредник во деловни зафати во земјава, бидејќи, според зборовите на Дака, Кичеец му бил препорачан како „сериозен деловен човек од Македонија“.

Арно ама, Дака потоа јавно се пожали дека Кичеец не успеал да му заврши никаква работа. Единствено што сторил Кичеец, посочи Дака, е што му организирал состанок со Заев, пред кого ги изложил неговите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер на локација во Штип. Потоа, Заев го препратил кај тогашниот владин генсек Рашковски…
Во разговорот што беше објавен на интернет меѓу Дака и Кичеец, се споменуваат 300.000 евра и 2.000 квадратни метри што бизнисменот требало да ги даде за реализација одредени бинис-интереси земјава. Во реакцијата по повод објавената „бомба“, Дака објаснува дека парите ги дал за ангажманот на Кичеец, а не за подмитување. Сепак, тој ништо не кажа за квадратите, ниту, пак, ги појасни плановите за другите акивности што ги споменува во снимениот разговор.

АРХИВА Како протече и што открива аудио-архивата на Кичеец?
Иако тоа го нема во транскриптот објавен заедно со снимката, сепак, јасно се слуша како Дака пред Кичеец го споменува и АД Шумарско-индустрискиот комбинат „Јелак“ во Тетово. Според официјалните податоци, ШИК „Јелак“ е избришан со одлука на тетовскиот суд на почетокот на 2018 година по заклучена стечајна постапка. На почетокот на 2019 година, Владата донела одлука за давање согласност со продажба.

Патем, согласноста се дава за продажба на деловни простории во сопственост на Фондот за здравство по цена од 27 милиони денари, во сопственост на Агенцијата за вработување по цена од 1,7 милиони денари и во сопственост на ЈП Македонски шуми по цена од 53 илјади денари. Оваа согласност се однесува на продажба на имот на останатите сопственици, меѓу кои спаѓа и „Јелак-Градба“.
Како што пишуваше „Фокус“, на продажба биле ставени идеални делови од вкупна површина од 17.335 квадрани метри на катастарска парцела 3039 во Катастарска општина Тетово со имотен лист број 102979. Според податоци од Катастарот на недвижности, „Јелак-Градба“ на Дака стекнал најголема површина од овој простор од скоро 5.968 квадратни метри. Остатокот, пак, го поседуваа УЈП, ФЗО, ПИОМ.

Дака во земјава формирал две компании преку офшор фирма од Панама, едната поседува над 5 илјади квадрати во Тетово
„И јас да дознаам пред недела дена од (Драги) Рашковски, дека сега треба да вршат процена на ШИК Јелак“ после три години. Не ме зафркавај Зоране (Милески). Ме прашуваш зошто сум лут? После 3 години, кога беше ти, Здравко и Перовски, ми ветивте за 7 дена ќе ми кажеше колку чини остатокот од ШИК „Јелак“, дали е така? Точно или не е точно? Дали ми ветивте?“, го прашува Дака Кичеец, како што може да се чуе во објавената снимка.

Исто така, тогаш пишувавме дека Дака се поврзува со две компании во земјава, од кои една, според Централниот регистар, е „Јелак Градба“ формирана во 2016 година со седиште во Тетово од страна од панамската „Адастра Груп“. Само ден по формирањето на старо-новата влада на СДСМ и ДУИ, пак, во Општина Тетово беше усвоен ДУП-от кој предвидува изградба на 27 станбени згради високи до 7 ката и четири големи трговски единици на имотот на „Шик Јелак“.

–Сопственоста на дотичниот господин (Давидовиќ) во „Шик Јелак“ е остварена 2014 – 2015 година и слично. Урбанистичкиот план е вратен 3-4 пати како што се и другите со сите забелешки од страна на Министерството за транспорт и врски и на крајот на февруари оваа година е дадена согласноста за урбанистичкиот план. И на крајот на денот, Тетово нека се гради, нека се шири во периферијата, аман, доста е со центарот на градот – рече тогаш Заев.

Наспроти тоа, опозицијата реагираше дека симптоматично е тоа што Министерството за транспорт и врски за само 7 дена дало согласност за ДУП-от со кој се предвидува, како што истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, урбана џунгла во Тетово од 230.000 метри квадратни. Според него, со овој план му овозможува на инеститорот заработка од 200 милиони евра.
–Дака е контроверзен црногорски бизнисмен и еден од главните финансиери на политичките и општествени структури на Балканот што работат против евроатланската интеграција на целокупниот регион, вклучително и Македонија. Целата негова бизнис кариера е поврзана со соработка со структури кои му овозможуваат добри профити кои потоа ги инвестира во подривање на аспирациите на земјите на Балканот за интеграција во НАТО и ЕУ“ – обвини Николоски.

Инаку, Давидовиќ е црногорски државјанин, но важи за истакнат претставник на српската етничка заедница. Како што пишуваат локалните медиуми, тој бил началник на државна безбедност во Никшиќ, но по југословенската граѓанска војна преминува во претприемничко-политичките води. За време на 1997 година, бил уапсен за наводна проневера во трговијата со Тутунскиот комбинат, меѓутоа судење не се одржа, бидејќи Момир Булатовиќ го аболицира во последните денови од неговиот претседателски мандат.
По неколкугодишна пасивност, Дака во 2003 година ја презема „Железарницата“ во Никшиќ, но подоцна се повлекува и преку неговата „Нексан“ се сврти кон трговијата со нафтени деривати, градежништвото, производството на алкохолни пијалоци. Во 2012 година, Давидовиќ се пресели во Белград и живее во хотелот „Краун Плаза“, каде на крајот на 2019 година беше ранет, по што го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека е налогодавач.

За блискоста со српската црква во Црна Гора, говори фактот што покојниот митрополит Амфилохие му го додели Орденот на Светиот крал Милутин во 2015 година, додека воедно бил главен финансиер на обновата на манастирот Острог. Во екот на аферата „државен удар“ во Црна Гора, пак, Давидовиќ беше означен како финансиер на Демократскиот фронт. Сепак, тој ги негираше обвинувањата.
Од неодамна, тој делува во политиката преку конзервативното и проруско движење „Народни покрет“, кое учествуваше на локалните избори во Ниќшиќ и успеа да влезе во локалниот совет. Првата работа што ја кажа Дака при основањето на партијата е дека ќе се залага за Законот за слобода на вероисповед, кој всушност ја натера српската црква да заземе поактивна улога во политичкиот живот на Црна Гора, што резултираше и со првите политички промени во оваа држава.

    

Најново

ОДНЕЛ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОМА, ИМАЛ НЕКОЈА РАБОТА Кривична пријава за полицаец од Струмица

Sase Ivanovski

РУСИЈА И ИРАН ВО НОВ СОЈУЗ Потпишан договор за заеднички отпор против санкциите 

Sase Ivanovski

Австрија бара забрзување на процесот на прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шаќири: За да се хранат здраво студентите парите за оброк ќе го добиваат на неделна основа

Sase Ivanovski

Бугарија ја натера Македонија да се откаже од рускиот гас

Sase Ivanovski

ФОТО: На Криволак пристигнаа возилата „страјкери“ на заедничката вежба на македонските и американските војници

Sase Ivanovski

Кој ќе падне на административниот испит, ќе лета од работа!

Sase Ivanovski

Маричиќ-Шинас: Европското семејство дава силна поддршка за следните чекори на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Почина Ивана од Крушевац – убиецот Зоран пред 23 дена ја застрела во глава, ја уби сопругата, па се самоуби

Sase Ivanovski

Во Штип „паднаа“ двајца дилери на дрога

Sase Ivanovski

Османи: 2030 како датум за влез во ЕУ може да создаде реформски натпревар кон постигнување на целта за членство

Sase Ivanovski

Агелер: Земјава се соочува со епидемија од корупција, ве уверувам црната листа ќе се проширува

Sase Ivanovski

Јелен смета дека САД ќе бидат одговорни за поразот на Украина доколку помошта не се изгласа во Конгресот

Sase Ivanovski

Британското МНР: Разговорите на пратениците хакирани од Русија

Sase Ivanovski

Во Москва убиен поранешен украински пратеник

Sase Ivanovski

ОН: Околу 400 муслимани Рохинџи кои пловат со два чамци се во опасност

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател го обвини Западот дека го поддржува израелскиот геноцид во Газа

Sase Ivanovski

Прегазено малолетно девојче на булевар „Србија“, итно пренесено во болница

Sase Ivanovski

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, излетал со возилото од патот

Sase Ivanovski

Соработниците на поранешниот режим ја клеветат полицијата по странски медиуми

Sase Ivanovski

Хаџи Јанев: Договорот за екстрадиција со Турција навестува брзо испорачување на Палевски

Sase Ivanovski

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници

Sase Ivanovski

Уапсени тројца разбојници –  ограбиле обложувалница

Sase Ivanovski

ПЛУСИНФО: НЕМА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИНВБЕСТИТОРОТ НА ПОПОВА ШАПКА, ТЕХНО АЛПИН, КОИ ВЕТУВАА 170 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

ЗА КРИТИЧАРИТЕ НЕМА ПЛАТА Папата го казни кардиналот што го критикуваше

Sase Ivanovski

Мицкоски: Истрагата за Вања започнува предоцна, имам сериозни информации за ова што го тврдам

Sase Ivanovski

Бербок: Земјите од Западен Балкан целосно припаѓаат во ЕУ

Sase Ivanovski

ЖИРАФАТА ВО СКОПСКАТА ЗОО ПОЧИНАЛА ОД КАНЦЕР НА ЦРНИОТ ДРОБ

Sase Ivanovski

ГЕНЕРАЛ МИЛИ: Секој Русин, кога оди да спие, треба да се запраша дали ќе му го пресечат гркланот

Sase Ivanovski

По случајот со Вања, прилепското училиште ја укина апсолутната забрана за мобилни телефони

Sase Ivanovski

Градоначалникот Арбен Таравари ја пречека во средба германската амбасадорка, Петра Дрекслер

Sase Ivanovski

Забрана за движење на тешки товарни возила на „Ѓавато“ меѓу Битола и Ресен

Sase Ivanovski

Ќе ја трчаат ли заедно Ковачевски и Ахмети изборната трка?

Sase Ivanovski

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Sase Ivanovski

ИРАН ЛАНСИРА КАПСУЛА СО ЖИВОТНИ ВО ВСЕЛЕНАТА Подготовка за претстојната вселенска мисија со ирански астронаути

Sase Ivanovski

Камерон ги повика САД да одобрат нов пакет помош за Украина

Sase Ivanovski

Бектеши: Доколку има потреба ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените

Sase Ivanovski

Снег и магла во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека

Sase Ivanovski

Српски политичар во Косово приведен поради нерегистрирано возило и одбивање на полициска наредба

Sase Ivanovski

Членството на Северна Македонија во ЕУ е е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Sase Ivanovski

Одреден 30-дневен притвор за возачот на Палевски

Sase Ivanovski

Аеродром бара стратешки партнер за да стане „паметна општина“

Sase Ivanovski

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОДИЧ ЗА ЖЕНИТЕ, КАКО ДА ГИ РАЗБЕРЕШ

Sase Ivanovski

Сагата на тетовските комуналци: Останав без интервенција на трансфузиологија, а лековите за аритмија ги купувам приватно оти немам осигурување

Sase Ivanovski

„КИМ КАРДАШИЈАН ПСИХИЧКИ МЕ УНИШТИ!“ Тејлор Свифт откри дека поради старлетата цела година не излегувала од дома

Sase Ivanovski

ОВА Е ОДЛИЧЕН БОЖИКЕН ПОДАРОК ЗА ПУТИН Што мисли Кирби за одлуката на САД да не испрати помош за Украина?!

Sase Ivanovski

Најдобар начин да се реши корупцијата е евроинтеграцијата: Интервју со Едвард Џозеф

Sase Ivanovski

Лога: Нас ни е потребен регистар на дипломи за да нема злоупотреби и корупција во високото образование

Sase Ivanovski

Спасовски на средба со СВР Битола: Во 2023 имаме намалување на кривични дела за 19%, остварена ефикасност на полицијата од 42%, само во делот на разбојништва ефикасност од високи 69%

Sase Ivanovski

Спасовски на јубилејниот десетти Меѓународен спортски симпозиум: Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил додава дополнителна вредност на неговото универзално значење

Sase Ivanovski

Министрите Бектеши и Шакири презентираа нова мерка за ваучери за домашен туризам за студентите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Инвестираме во науката, тоа е влог во иднината на младите и развојот на државата

Sase Ivanovski

ЗЕКОЛИ: Убиството на Вања предизвика колективен шок, во Вања си препознавме ќерки, внуки, сестрички, братучетки, онакви какви што имаме по дома

Sase Ivanovski

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите

Sase Ivanovski

Ивановска за „Фокус“: Обвинителството нема одлука за ниту една наша иницијатива за кривично гонење

Sase Ivanovski

Се огласи мајката на Вања: Животот ми се претвори во пекол!

Sase Ivanovski

ФОКУС: Кој е обвинителот за кој се утврди дека со години не ги работел предметите?

Sase Ivanovski

Правда го испрати барањето за екстрадиција на Палевски, Лога очекува брз и позитивен одговор од Турција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возачот на Палчо до Турција не чувствува вина: Го возев во болница, ми кажа дека требало да се прави операција

Sase Ivanovski

Спасовски: Политиканството во вакви случаи на убиства уште еднаш ги убива жртвите

Sase Ivanovski

Лога очекува позитивен одговор од Турција за екстрадицијата на Палевски

Sase Ivanovski

Макрон: Ако некој мисли дека е можно да се уништи Хамас, тогаш војната ќе трае 10 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ТОТАЛНО ЛУДИЛО: Европратеничка од Ирска со говор на конгресот на Левица не убедува да не сме влегувале во ЕУ, Ирска гадно се зафркнала што влегла?!

Sase Ivanovski

МЕТАМОРФОЗИС: Министерството за одбрана (89,72%) е водечка институција во однос на исполнувањето на индикаторите на отвореност, а по неа следи Владата (79,14%) и Министерството за внатрешни работи (78,9%)

Sase Ivanovski

Ковачевски за Анѓушев: Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, а сериозни се наводите зошто се најде на црната листа на САД

Sase Ivanovski

Османи и Шаленберг за Еурактив: 2030 година како таргет датум може да го заживее процесот на пристапување кон ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖЕНА УАПСЕНА ВО САД ЗАТОА ШТО МАСТУРБИРАЛА НА ПЛАЖА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕРДОГАН ВО АТИНА: ДА ГО НАПРАВИМЕ ЕГЕЈОТ МОРЕ НА МИРОТ И СОРАБОТКАТА, ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО ГРЦИЈА ОД 5 НА 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

Адвокатот што го однесе Палевски во Белград „куртули“ од мерки за обезбедување, а за струмичанецот што го однесе до Турција – предложен притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По пауза од 7 години, Ердоган во Атина: почеток на нова ера во односите?

Sase Ivanovski

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Sase Ivanovski

САД воведоа санкции против шефот на белорускиот Црвен крст, депортирал украински деца во Русија

Sase Ivanovski

(Видео) Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Sase Ivanovski

Во два часот на распит во Кривичниот суд ќе биде донесен Стефан Димковски

Sase Ivanovski

Османи: Постепената интеграција на земјите од Западен Балкан како нужен чекор пред нашето формално членство

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има докази за истрагата, Мицкоски веднаш да ги достави до надлежните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СКЕЧЕВИ НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ К-15

Sase Ivanovski

Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа – цигарите кај нас се најевтини

Sase Ivanovski

Кривична пријава за директорот на битолски водовод за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski
Вчитувам....