28.8 C
Скопје
20/06/2025 11:56
МАКТЕЛ

   

Форбс: Нова игра на старите велешки мајстори

      

Во новата истрага на американскиот деловен магазин Форбс се откри новата игра на старите велешки мајстори. Операцијата овојпат е свртена кон водење Фејсбук страници и групи полни со содржини поврзани со американскиот патриотизам. Целта на овие страници и групи е да предизвикаат каква било интеракција со нивните содржини, феномен познат како „фарми на кликови“. Заради кликбејт природата на објавите, како мамка ќе го привлече вниманието на корисниците и што повеќе луѓе ја видат и имаат интеракција со содржината, толку повеќе реклами им се прикажуваат и повеќе се платени кога ќе се кликне на некои од нивните линкови, пишува „Вистиномер“.

Пишува: Матеј Тројачанец Сторија нa познатиот aмерикански бизнис магазин Форбс пишува за повторна појава содржини на теми поврзани со актуелната политика во САД, но со потекло од Северна Македонија, налик на поранешните велешки „пропаганднисти“, чии портали на англиски јазик во 2016 година објавуваа содржини блиски до конзервативците во САД и во поддршка на тогашниот претседателки кандидат, а потоа и претседател, Доналд Трамп. Овојпат, наместо веб-сајтови полни со лажни вести, чии содржини беа споделувани на социјалните мрежи, сега операцијата им е свртена исклучиво кон Фејсбук страници и групи каде темите не беа директно околу Трамп или претстојните претседателски и конгресни избори во ноември, туку за американскиот патриотизам.

Според Форбс, на Фејсбук може да се најдат повеќе од сто страници со имиња како Proud American (Горд Американец), Proud To Be An American (Горд што сум Американец), American Story (Американска приказна) и We Are America (Ние сме Америка) што ги водат корисници од С. Македонија.Како што се наведува во написот, за разлика од веб-сајтовите, содржината на овие групи и страници не е таква што евоцира бес, огорченост или страв кај читателите, особено на политички горливи теми. Напротив, содржините се стремат да изнудат некакво чувство на патриотска гордост, со тоа што се споделуваат неверојатни (некогаш и лажни или непостоечки) приказни во кои неретко има слики и мемиња генерирани со помош на вештачка интелигенција (ВИ):

[Вообјавите се споделуваат молитви за американски војници, препишани твитови, мемињата и слики на старите холивудски пин-ап девојки и се додаваат на написи генерирани од ВИ, според кои „фармерите со кликови“ можат да продаваат реклами. Насловите како „Посветените пожарникари ги ризикуваат своите животи за да ги спасат другите“ и „Херојството на еден татко: Трагичната приказна за Фил Делегрејзи и неговиот син Ентони“ се задеваат со кратки, неинформативни написи на веб-локации често прекриени реклами за секс, пишува во написот на Форбс.
Фото: скриншот од написот на Форбс. Страниците како We Are America, American Patriots и USA Army Is Love објавуваат мешавина од реални и фотографии и мемиња генерирани од ВИ

   

Крајната цел на овие страници и групи е да предизвикаат каква било интеракција со нивната содржина, феномен познат како „фарми на кликови“. Економската логика на виртуелните „фарми“ е со што е можно помалку напор и време да се создаде ниско квалитетна, но бомбастична содржина, што како мамка ќе го привлече вниманието на корисниците. Што повеќе луѓе ја видат и имаат интеракција со неа, толку повеќе реклами им се прикажуваат и повеќе се платени кога ќе се кликне на некои од нивните линкови.

Тука нужно се поставува прашањето, зошто баш се „продава“ американски патриотизам наместо нечиј друг. Форбс објаснува дека „во светот на маркетингот, американските кликови се едни од највредните.“ Поточно, огласувачите на реклами трошат многу повеќе средства на западните пазари, особено во Америка и имаат многу прецизно изработени реклами за специфични целни публики. Што пософистицирани се рекламите, шансата некој да кликне на истата е поголема.

Осум години системски измени

Како што нам ни е веќе многу добро познато, во 2016 имаше купишта веб-страници што споделуваа сензационалистички и про-Трамп дезинформации кои беа регистрирани од Македонци што живеат во Велес. Но, во изминатите осум години, особено по настаните на 6 јануари т.е. нападот на американскиот Капитол, Мета (сопственикот на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Вацап и Тредс) и Гугл (сопственикот на ЈуТјуб) ги заострија своите политики кому доделуваат пари од рекламирање. Прво, Гугл и Фејсбук во заеднички напори решија фејк и неавтентични веб-сајтови да не видат ќар од рекламите. Но, Фејсбук, исто така, направи промени во својот алгоритам, така што корисниците ќе бидат помалку изложени на политички содржини. Резултат на ова беше системско укинување на финансиските придобивки од одржување на овие сајтови и нивното следствено гаснење.

И покрај напорите на овие два технолошки гиганти, македонските креатори, заедно со други креатори од различни земји, се прилагодија на новите правила на игра. Во истрагата на Форбс, тие идентификуваа 67 Фејсбук страници што комбинирано имаа повеќе од 9 милиони следбеници. Половина од креаторите на страниците потекнуваа од С. Македонија, а останатите беа распослани низ 23 различни земји, вклучувајќи ги Канада, Франција, Мароко, Венецуела и Виетнам. Во разговор со Џеф Ален, коосновач на Институтот за интегритет и поранешен истражувач во Фејсбук, кој ги следел мрежите на спам-страници, Форбс пишува:

[Ален] забележал операција со седиште во Тајланд која таргетираше политички страници кон публиката во Мјанмар. Тие „ќе се појават и ќе излезат да бидат [платеници] за изнајмување за политички кампањи“, рече тој. „Но, кога не беше сезона на политичка кампања, страниците ги водеа истите операции, само што самите си заработуваа пари“.

Со други зборови, преку креирање на содржина примамлива за публиката, ваквите Фејсбук страници собираат следбеници и креираат некаков имиџ пред публиката. А, потоа, кога ќе имат доволен моментум и ќе се погоди соодветното време (како, на пример, за време на предизборни кампањи), администраторите се платени да креираат и споделуваат таргетирани политички содржини. Воедно, тие целат да влијаат на својата публика, но и да ја отежнат работата на истражувачите и другите организации кои се справуваат со дезинформациите на социјалните мрежи.Но, има и други страници кои користат поинакви тактики. На пример, една страница водена од Косово, наречена Animals News America, објавувала кликбејт содржина слична, а во некои случаи и идентична, со онаа на други патриотски страници. Меѓутоа, на страницата редовно се објавуваа и слики од мачиња и кученца, користејќи стратегија на други познатите ширачи на дезинформации како Џозеф Меркола

   

Најново

Огромното мнозинство Руси му веруваат на Путин

Sase Ivanovski

Сашко Мицевски назначен за нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Sase Ivanovski

Орбан: Колапсот на Иран би бил извор на голема опасност

Sase Ivanovski

За следната недела се очекува одржување на третата рунда директни преговори меѓу Москва и Киев

Sase Ivanovski

Американецот уапсен на Скијатос каде побегнал по убиството на жената и ќерката во Рим

Sase Ivanovski

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

Советникот кој удри вработена во општина Кочани мора правно да одговара, вели Крстевски

Sase Ivanovski

Седумчасовно работно време во Црна Гора: Аргументи за и против

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Нино Васев донесен во Апелација, каде ќе се одлучува дали ќе оди во ефективен притвор, или ќе остане во куќен

Sase Ivanovski

Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

Sase Ivanovski

Кочани: Жената погодена со шише во глава од советникот Аки Акиов, е на домашно лекување

Sase Ivanovski

Маж од Македонска Каменица возел со 2,06 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Возач со голф прегази маж и жена на тротоар во Охрид, жената почина на лице место

Sase Ivanovski

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski

Нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....